Александар Македонски е Македонец

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Александар Македонски е Македонец



    Дека има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски покажува факсимилното издание на руските илустрирани белешки од 16 век кои денеска беа промовирани во Македонската академија на науки и уметности

    Низ книгата и историските цртежи се гледа, што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Претставниците од најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва вчера ја промовираа книгата која покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите Хелени и варвари.

    Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е престаствен животот и подвизите на Александар царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Триваса. Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со Хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано дека тој ги покорил сите Хелени и варвари. Од тој цртеж сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

    Во Илустрираните белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзиниот основач Василиј до Александар Македонски кој ја создаде големата империја.

    На промоцијата на руската книга на 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска, поглаварот г.г Стефан, првиот македонски претседател Киро Глигоров, дел од македонските академици.
    Гостите од Русија меѓу кои и Владимир Јакувин, сопственик на руска фармацевтска компанија Акреон, претставници на Древниот руски историски музеј, библиотека на академијата на науки на Русија и руската национална библиотека посочија дека книгата ја дизајнирале посебни дизајнери кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата и историските цртежи да бидат верни на оригиналот.
    За ова Русите потрошиле речиси две години. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја одсликувале внатрешноста на Кремљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде авторот на книгата. Се претпоставува дека е можеби митрополитот Макариј за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи а се смета дека токму тоа го направил царот Иван Грозни. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како биле наоружани војниците, какви биле градбите и со кои занаети се занимавале тогаш.


    thank u @RUSSIAN folk
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X