Вашингтон и македонското прашање пред 40 г

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Вашингтон и македонското прашање пред 40 г

    Вашингтон го решавал македонското прашање уште пред четириесет години

    Македонско-бугарските односи речиси секојдневно се заплеткувале во американската дипломатска мрежа и во почетокот на 70-тите години од минатиот век, кога тогашниот американски амбасадор во Белград, Малком Тун, добил многу интересна информација во врска со Македонија

    Викиликс објави нови дипломатски преписки
    Неверојатна сличност може да се воочи во формулациите, позиционирањата и во начинот на комуникација меѓу дипломатите од соседните земји и од големите светски сили, какви што се САД и Русија, во врска со македонското прашање, кои и пред 40 години ги следеле тенденциите околу судбината на Македонија. Објавата на новите преписки во рамките на американската дипломатска мрежа за периодот од почетокот на 70-тите години на минатиот век од страна на Викиликс донесе информации на кои ако им се тргнат датумите и имињата, слободно можат да се уфрлат во денешниот дипломатски циркулар и воопшто да не се воочи разликата.
    Американската дипломатија, според преписките, и пред 40 години била доста заинтересирана за Македонија и за нејзините релации со соседните земји, пред сѐ со Грција и со Бугарија. Иако во рамките на моќната СФРЈ, Македонија и тогаш беше изложена на речиси секојдневните удари од страна на Атина и на Софија, а американските дипломати крајно трпеливо и истрајно се обидуваа да ги разберат сложените меѓусоседски односи и релации во, за нив, тогаш мошне значајната Југославија.

    Тогашниот американски амбасадор во Белград, Малколм Тун, кој стапи на функцијата веднаш по првата посета на еден американски претседател на Југославија, Ричард Никсон во 1970 година, важеше за релативно смирен и сериозен дипломат. Но никогаш не се дозна зошто Тун, кој дојде во Белград во 1971 година, ненајавено беше повлечен во 1975 година. Сепак, неговите преписки со преостанатите американски дипломати во светот не останаа тајна.

    Улогата на САД

    Според новата објава на Викиликс, Малколм Тун на 14 март 1973 година од Италија, меѓу другото, добил многу интересна информација во врска со Македонија.

    Добивме извештај од италијанската амбасада во Софија, во кој се укажува на значајна промена во бугарската позиција во однос на македонското прашање. Според извештајот, францускиот амбасадор му кажал на италијанскиот амбасадор дека, следејќи ја посетата на југословенскиот партиски лидер Стане Доланц на Софија, слушнал дека Бугарите се откажуваат од ставот дека Македонија е дел од Бугарија и прифаќаат дека таа е посебна нација со сопствен јазик. Дополнително, Бугарите кажуваат и дека сите Македонци можат да се идентификуваат со македонската република во Југославија.

    Инаку, Словенецот Стане Доланц беше тогашен член на извршниот одбор на централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија, а подоцна и член на претседателството на СФРЈ, една од ударните тупаници на социјализмот, еден од најдоброинформираните луѓе во државата, можен наследник на Тито и можеби последен титоист, кој почина во Словенија, во 1999 година.

    Изненаден од таквиот пресврт, Тун веднаш го повикал на разговор Македонецот Димче Беловски, тогаш член на претседателство на СКЈ и пратеник во сојузното собрание, а во втора половина од 1970-тите и југословенски амбасадор во САД, кој почина во 2010 година.

    Па така, на 20 март 1973 година американскиот амбасадор во Белград забележал: Членот на Президиумот на СКЈ и шеф на интернационалната комисија на СВАП, Димче Беловски, неодамна му кажал на амбасадорот дека посетата на Доланц на Софија всушност откри дека нема промени во бугарскиот став во однос на македонското прашање. Според она што Беловски наводно му кажал на Тун, посетата била успешна со тоа што им овозможила на Југословените да го презентираат ставот на Владата на СФРЈ за Македонија и за други проблеми на високо ниво.

    Од ова произлегува дека Беловски ја негирал претходната информација за она што како ветување го добил Доланц во Софија.

    Сепак, во дописот што на 9 април 1973 година бил пратен од Софија се вели дека бугарскиот претседател Тодор Живков го испратил на дипломатска служба дури во Аргентина, Христо Стојчев, претседател на Славјанскиот комитет и член на ЦК на БКП од 1958 до 1971 година. Ова информација во извештајот се оценува како отстапка на Живков кон Југословените затоа што комитетот на Стојчев служеше како примарен инструмент во борбата за придобивање на прекуморските, македонски Бугари.

    Малколм Тун / Стане Доланц

    Депеши од Белград

    Дека проблемите меѓу Скопје и Софија остануваат, сепак, на крајот потврдува депеша испратена од Белград само неколку дена по 2 август, Илинден, истата година, а се однесува на прославата на 70-годишнината од Илинденското востание и на говорот на македонски функционер Милан Панчевски на Мечкин Камен пред 12.000 славеничка публика.

    За потсетување, Милан Панчевски беше висок партиски функционер во Македонија, како и последен претседател на претседателството на Централниот комитет на СКЈ сѐ до 1990 година.

    Тун го пренесува неговиот говор: Периодот кога Бугарија ја контролирала македонската територија, за време на бугарската окупација, под германскиот патронат, беше последната окупација кога Македонците се најдоа под репресија

    Потоа, како што известил Тун, Панчевски објаснува како македонскиот народ со помош на КПЈ, водена од Тито, му стави крај на надворешното мешање и на обидите за одвојување на македонската партиска организација од југословенската (КПЈ)

    Оцената на американскиот амбасадор е дека тоа нема да придонесе за смирување на долготрајните несогласувања во однос на македонското прашање со Бугарија.

    Амбасадорот забележал и дека белградска Борба не ги пренесува овие боцкави зборови, а дека Политика донесува подолга верзија од приказната на Танјуг. Тун заклучува дека Борба внимателно известува, веројатно поради извештајот од пријателскиот разговор помеѓу Доланц и бугарскиот партиски лидер Цолов.

    Набргу потоа следува нов пресврт и дилема за дипломатите.

    Од американски дипломат во Солун на 27 септември 1973 година е испратена информација дека грчкиот весник Македонија на насловната страница, врз основа на извештајот на Ројтерс, индицира дека СССР ја признава спорната територија како дел од Југославија. Насловот, според извештајот, укажувал дека Кремљ зазел позиција во врска со Македонија во полза на Југославија. Во извештајот се објаснува дека во текот на посетата на тогашниот советски лидер Леонид Брежњев на Југославија во 1971 година, тој не го посетил Скопје, но дека посетата на советскиот премиер Алексеј Косигин на македонската престолнина индицира промена во ставот на СССР. Коментарот на американскиот дипломат е дека важното третирање на извештајот на Ројтерс го рефлектира постојаниот висок интерес во Солун за македонското прашање.
    Ден потоа и од Белград стигнува видување на новонастанатата ситуација. Амбасадорот Тун забележал: Добро публицираната еднодневна посета на Косигин на Македонија беше експлоатирана од сите аспекти од југословенската страна во препукувањето со Бугарија во врска со македонското прашање, а како што и солунскиот весник Македонија наведува, Југословените не покажаа колебливост да ја валоризираат посетата како демонстрација на советското прифаќање на Македонија како дел од југословенската федерација.

    Амбасадорот нотирал и дека во предвечерието на посетата на Косигин, од Танјуг е направен избор од странски печат, со што за ова се шпекулира како за остварување на југословенската цел, а потоа и детално го опишува престојот на Косигин во Скопје.

    Македонскиот претседател на Собранието, Никола Минчев, му беше домаќин на Косигин од Советскиот Сојуз и во здравицата потсети како Македонците, заедно со другите југословенски народи, се бореле против фашизмот во Втората светска војна, остварувајќи ја националната слобода и бранејќи го правото на еднаков развој во рамките на Југославија. Косигин во одговорот го пофали македонскиот прогрес во трансформација од заостаната аграрна земја во развиена социјалистичка република

    Коментарот на Тун беше: Југословенските мотиви во сето ова се очигледни, но се поставува прашањето зошто Советите беа волни да се вклучат во тоа со ризик да ги иритираат Бугарите. Изгледа јасно дека Советите, во моментов, попуштаат во однос на минатото и им се приспособуваат на Југословените, гледајќи на ова, во полза на своите долгорочни и краткорочни цели. Имајќи ја предвид специјалната природа на бугарско-советските односи, се претпоставува дека Советите процениле дека тие можат да претрпат неколку удари без поголема штета.

    Скопје се спомнува 562 пати во американските депеши во период од 1973 до 1977 година
    Уште во 70-тите бил во игра договор меѓу Макеdoниjа и Бугариjа
    Интересен детаљ што се провлекува низ повеќето депеши, но кој никаде не е целосно објаснет, е дека Софија уште тогаш од југословенските власти барала со Скопје да се потпише таканаречен договор за културна соработка. Тоа, исто така, е прашање, што на некој начин, и денеска е актуелно во македонско-бугарските односи.

    izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22854
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    #2
    Ushte eden tekst na ovaa tema (so linkovi od korespondencijata vo izvorniot tekst) :

    Светската дипломатија и во седумдесеттите се занимавала со Македонија, грција и бугарија

    Читајќи ги доверливите телеграми на амбасадата на САД во СФРЈ, во Белград, од седумдесеттите години, се гледа дека американските дипломати известуваат за македонското прашање како за сѐ уште горливо и чувствително прашање. И тогаш главните причинители за чувствителноста на тоа прашање беа Бугарија и Грција. Новата тура објавени доверливи документи на американската дипломатија открива со какво внимание таа го следела и известувала за македонското прашање.

    ТАНЈУГ ја омекнувал Нова Македонија

    Од овие телеграми дознаваме дека и во седумдесеттите години од минатиот век проблемите со македонското прашање, со македонското малцинство во Бугарија и Грција, со нивното непризнавање на македонскиот ентитет е буквално исто како и денеска. Она што се гледа од многубројните телеграми е дека југословенската дипломатија била многу внимателна во однос на третирањето на ова прашање, кое секогаш се третирало во однос на вкупните односи со Бугарија, Грција и со Советскиот Сојуз. Тоа обично значело и затскривање и подзаборавање на ова прашање поради добрата билатерална комуникација со другите држави.

    На пример и во тоа време (1975) имало некаква грчко-бугарската спогодба „за непостоење на македонското прашање“, што предизвикало многу остар коментар во весникот „Нова Македонија“, кој бил пренесен од југословенската државна агенција ТАНЈУГ, но во многу поблага форма, забележале американските дипломати во Белград. Оваа спогодба била оценета како можна бариера за развојот на довербата и соработката на Балканот.

    Во тоа време регистрирана е и посетата на Караманлис на Софија и заедничкиот нивен заклучок дека нема малцински проблеми.

    САД известувале и за Венко Марковски

    Телеграмите на амбасадата на САД во Белград го третираа дури и
    Венко Марковски
    прашањето на Венко Марковски, македонски поет, протеран од Македонија и пребеган во Бугарија, каде што станува „социјалистички херој на трудот“. Во извештаите на ТАНЈУГ се напоменува дека Бугарите заборавиле да кажат дека Марковски бил протеран од Југославија поради антидржавни активности и дека човекот лесно го менува неговото национално чувство и политичка ориентација. За ТАНЈУГ играта на Бугарија со Марковски всушност е само продолжување на фаворизирањето на југословенските емигранти информбировци што имаат „исклучителна улога во бугарскиот политички живот“.

    На ова се додава и заклучокот на странски дописници дека Бугарија ваквите потези обично ги прават во координација со надворешната политика со Советскиот Сојуз, што може да ги ослаби инаку добрите југословенско-советски билатерални односи.

    Колишевски од Кичево ги испровоцирал Бугарите

    На американските дипломати не им промакнал и митингот во Кичево по повод 11 Октомври, во 1973 година на кој пред 70 илјади народ Лазар Колишевски, тогашниот член на претседателството на СФРЈ, го покренал македонското прашање. Колишевски рече дека и 30 години по создавањето на Социјалистичка Република Македонија и општата афирмација на македонскиот народ, нашите соседи уште не негираат. Македонското прашање не е само територијално, како што сакаат да кажат нашите соседи. Тоа е и национално прашање. Таквите гледишта всушност значат заживување на старите територијални аспирации карактеристични за буржујските балкански политики што во денешни услови всушност значат напад на територијалниот интегритет на социјалистичка Југославија и основа за негирање на националната самобитност и ограничување на правата на македонското национално малцинство во овие земји.“ Колишевски во говорот додал дека европските земји овие прашања ги решаваат со давање поголеми права за националните малцинства што носи стабилни односи, а овој пристап не треба да го исклучи и нашиот сосед Бугарија и другите наши соседи. Според весникот Борба, Колишевски во својот говор потсетил на одлуката на основачот на бугарскиот комунизам, Георги Димитров, за откажувањето од бугарската буржујска политика и за објавената војна на бугарскиот национализам.


    Лазар Жерновски
    Американците овој говор на Колишевски го оцениле како силен антибугарски настап и истакнувањето на македонското прашање го квалификувале како директна провокација упатена кон Бугарија.


    Од депешите се гледа и чувствителноста на Грција по пробата на САД да отворат информативен центар во Скопје (1973). Очигледно е дека на оваа тема имало грчко-американски контакти, а од една од нив се гледа дека САД ветува дека овој центар ќе биде само од информативен и образовен карактер. Сепак, на крај заради чувствителните односи со Југославија и со Грција, САД одлучува да го одложи отворањето на нивниот информативен центар во Скопје.

    Се ова се случува во седумдесеттите години од минатиот век. Четириесет години потоа, денес, речиси се е исто. До кога?

    izvor: http://www.mkd.mk/makedonija/politik...onija-grcija-i

    Comment

    Working...
    X