Преку 3500 Македонци и Македонки, за малку денови станаа жртви на тој крвав терор. Мали деца, жени, старци и баби се фрлени во занданите и затворите каде што се подложени на нечовечки мачења....
Во Хрупишта, во селата Изглибе и Желин, ги убиваат без да ги сметаат Македонците по улиците... Ги горат заедно со нивните куќи малите деца, жени и старци. Вета Гулева од с.Олишта-Костурско ја исекоа на парчиња во нејзината куќа... Фана Белгова од с. Мокрени ја отепаа в сред село под нечовечки услови. Тало Цалапанов од с. Неокази-Леринско откако го измачија страшно го однесоа во едн дол и го заклаа, а на Кица Апостолова и на нејзината мајка им ги скршија со копачка главите и подоцна умреа. Никола Сидовски 70-годишен старец од с. Бела Црква-Костурско го подложија на средновековни инквизиции и го убија, а после го исекоа на парчиња... За да се исплаши народот.
Истото нешто го извршија и во с. Жупаништа-Костурско каде што ги отепаа и ги исекоа на парчиња двете сестри Златка и Депа и Иљо Пендовски.