Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на гр

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на гр

    Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на грчката дипломатија



    По повеќе од 72 часа преговори новата грчка тројка Адонис Самарас, Евагелос Венизелос и Фотис Кувелис го договорија составот на новата влада

    Од нашиот дописник
    Миркица Поповиќ

    Атина - По повеќе од 72 часа преговори новата грчка тројка Адонис Самарас, Евагелос Венизелос и Фотис Кувелис го договорија составот на новата влада која од утре се впушта во немирни води со цел да ја стабилизира Грција. Нов шеф на грчката дипломатија е Димитрис Аврамопулос, а нов министер за одбрана човекот кој е многу близок до Самарас, Панос Панајотопулос. Новата влада нема простор за славење. Ќе работи под голем притисок од меѓународните кредитори и под притисок на левичарската опозициска СИРИЗА, но со цел како што најави лидерот на Нова демократија и нов грчки премиер, Самарас да му се влее надеж на народот.

    Самарас по положувањето заклетва за премиер порача дека е потребен патриотизам, силно национално единство и доверба. „Со Божја помош ќе направиме се од себе за нашиот народ што побрзо да излезе од кризата“, истакна Самарас. Првите коментари од аналитичарите за новиот состав на грчката влада се дека владата има премногу министри од Нова демократија, премногу луѓе на Самарас што не им влева волја дека се одбрани најспособните, најсилни личности кои ќе може да ја извлечат Грција од финансиското дно.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X