КНИГА ЗА БРАТСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ МА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    КНИГА ЗА БРАТСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ МА

    КНИГА ЗА БРАТСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И ЕВРЕИТЕ НАМЕНЕТА ЗА
    НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЕВРЕИ ВО СВЕТОТ!

    Почитувани

    Чест ни е да Vе известиме дека од неодамна се почнати активности за
    реализација на еден многу важен проект за лобирањето за нашата кауза пред
    највлијателните субјекти во светот. Се работи за книга чиј автор е
    магистер Александар Донски, која ќе има за цел да лобира пред
    највлијателните Евреи во САД, Израел и западните земји.

    Нема потреба да спомнуваме дека Евреите денес се највлијателниот народ во
    светот. Само во американскиот Конгрес има 29 конгресмени од еврејско
    потекло, 13 сенатори, 31 член во Претставничкиот Дом, а ги има и гувернери
    и други високи политичари со директни или индиректни роднински врски со
    Евреите. Триесетина медиумски гиганти во САД исто така се во сопственост
    на Евреи, а да не зборуваме за еврејските лоби групи во Велика Британија,
    Франција, и други клучни земји во светот, а секако овде е и Израел.

    Од друга страна, нам како народ и држава, во овие мигови ни е повеќе од
    потребно лобирање пред влијателните фактори во светската јавност, т.е.
    наоѓање пријатели за нашата кауза, како и запознавање на светот со нашата
    актуелна и историска вистина.

    Во пошироката јавност кај нас и во светот малку е познато дека односите
    помеѓу Евреите и Македонците имаат длабоки историски корени, кои се
    протегаат уште од антиката, преку Средниот век, па се до најново време.

    Поради сето ова, идејата е да се направи книга на англиски јазик со
    сугестивен наслов (на пример „ИСТОРИСКИТЕ БРАТСКИ ВРСКИ ПОМЕЃУ ЕВРЕИТЕ И
    МАКЕДОНЦИТЕ“). Потоа ќе се направи список со најмалку 200 највлијателните
    Евреи и еврејски организации во светот, на кои ќе им се прати примерок од
    книгата.

    Дури некои од нив и да не ја прочитаат целата книга, доволно е да го видат
    насловот за да ја сфатат пораката. А таа порака гласи: ако Евреите и
    Македонците имале традиционално блиски историски врски, така треба да биде
    и сега J. И на најголемиот и најсуров богаташ ако му покажете податоци од
    неговото постаро семејство (на пример фотографија на вашиот и од неговиот
    дедо како заедно се дружеле или нешто слично) тоа кај него ќе предизвика
    емоции и може да почне да гледа поблагонаклоно кон вас. Токму таква ќе
    биде и пораката на оваа книга.

    Книгата ќе содржи малку познати интересни податоци за
    македонско-еврејските односи од кои јасно ќе се види дека Евреите во
    историјата НЕМАЛЕ ПОБЛИЗОК (несоседен) НАРОД од Македонците!!!

    Во книгата, меѓу другото, ќе може да се прочита дека:

    - Уште Александар Велики Македонски ги ослободил Евреите од персиско
    ропство (за што во детали пишува еврејскиот антички историчар Јосиф
    Флавиј, чии дела се уште не се преведени кај нас), поради што, во знак
    на благодарност, голем број Евреи се приклучиле кон Македонската војска.
    Александар, за време на сво*јот престој во Ерусалим искажал длабока почит и
    се помолил на еврејскиот Бог (Јехова) што било со восхит примено од
    Евреите. Молитвата на Александар Македонски упатена кон Бога детално е
    пренесена на античкиот евреј*ски ис*то*ричар Јосиф Флавиј.

    - Наследниците на Александар (династијата на Македонците Селевкиди)
    продолжиле да владеат со Светата земја, при што населиле голем број
    Македонци таму. Постојат автентични еврејски сведоштва во кои е опишан
    животот на Маке*донците во нивната земја.

    - Македонците (делумно или целосно) владееле со Света*та земја околу 270
    години, т.е. од нејзиното освојување од страна на Алек*сан*дар Македонски,
    па се до времето од само неколку деце*нии пред раѓањето на Исус Христос,
    кога Светата земја била освоена од Римјаните.

    - Античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј повеќепати во своите дела ги
    спомнал Македонците како жители на Светата земја, кои таму граделе или
    преименувале градови на кои им ставале чисти македонски имиња. Погледнете
    ја која било мапа на Светата земја од времето на Исус – ќе се изненадите
    кога на неа ќе видите градови со имиња: Пела, Макед, Дион... Во врска со
    ова, угледниот германски историчар Улрих Вилкен уште во 1931 година на**
    пишал дека пред раѓањето на Исус во Светата земја била извршена масов*на
    колонизација на Македонци, кои таму останале да живеат и во Исусово вре*ме.
    Вилкен напишал дека во тоа време во тие краеви прак*тично пос*то*е*ла (цитат):
    една друга Македонија.

    - Првиот превод на Стариот Завет од еврејски на мешаниот јазик коине се
    случил по иницијатива на Македонецот Птолемеј Втори (крал во македонската
    династија на Птолемеите кои владееле со Египет и некои околни земји)!
    Преку овој превод Стариот Завет за првпат станал пошироко познат во
    светот!

    - Неколку старозаветни книги биле напишани во времето кога со Светата
    земја владееле Македонците, додека делови од старозаветната книга Захарија
    практично биле напишани во македонската држава, т.е. во времето кога
    Светата земја била во границите на Македонската империја!

    - Постојат индиции дека припадниците на династијата на јудејскиот библиски
    крал Херод (Ирод) Велики (за која династија се знае дека не била од
    еврејско потекло, т.е. дека биле „странци“ во однос на Евреите) би*ле
    потомци на античките Македонци. Ќе биде објавен список на лич*ните имиња
    на сите познати припадници на оваа династија од кој јасно се гледа де*ка
    нај*голем број од нив носеле чисти античко-ма*ке*дон*ски лични имиња. Така, на
    при*мер, синовите на Хе*род (Ирод) Велики се викале: Филип, Александар,
    Архелај, Арис*тобул, Ан*ти*па*тер... а ими*њата на неговите ќерки биле:
    Олимпија и Рокса*на. Изне*сени се и други индиции кои укажуваат на
    македонското потек*ло на оваа динас*тија.

    - Еден од најпознатите еврејски старозаветни пророци Даниел, уште во 6 век
    пред Христа дал пророштва за Македонија, која ја нарекол Јаван. Но, во
    некои странски преводи на Стариот завет, зборот Јаван е фалсификуван и
    погрешно преведен како ГРЦИЈА (!?).

    Ќе бидат спомнати и податоци за животот на Евреите во Македонија во
    Средниот и во Новиот век, нивниот погром од страна на бугарско-германските
    фашисти во 1943, како и негувањето на нивниот спомен од страна на
    современата македонска држава, кое посебно дојде до израз преку изградбата
    на музејот на холокаустот во Скопје.

    Ова е само мал дел од содржината на книгата, која ќе има околу 200
    страници А5 формат.

    Поради наменската содржина, оваа книга би била објавена на англиски и тоа
    во 500 тираж, од кој 200 копии би се испратиле на списокот влијателни
    Евреи, а 300 би оделе за спонзорите.

    Средства за еден ваков проект ќе се бараат од македонски бизнисмени и
    патриоти, чии имиња и реклами за фирми (доколку тоа го сакаат) ќе бидат
    истакнати во книгата во која ќе стои проглас дека истата е финансирана од
    „ДОКАЖАНИ ПРИЈАТЕЛИ НА ЕВРЕЈСКИОТ НАРОД“, со што и овие македонски
    патриоти ќе си обезбедат позитивно место среде припадниците на еврејското
    лоби чии највлијателни припадници ќе добијат примерок книгата.

    Секој спонзор ќе добие и соодветен број примероци, кои подоцна ќе може да
    ги продаде и да си ги врати парите.

    Посебно место во книгата ќе биде посветено за најпознатите Евреи и
    Македонци кои оставиле трага низ историјата, потоа краток осврт на
    историјата на Македонија, како и прецизно изнесени докази за
    етно-културните врски помеѓу античките и денешните Македонци за да знаат
    влијателните Евреи дека токму ние сме потомци на античките Македонци.

    Секој што смета дека овој проект е вреден за нашата кауза, може да
    учествува со средства според својата желба и можност, а средствата ќе
    можат да се донираат дури откако ќе се обезбеди целата сума потребна за
    успешна реализација на овој проект.

    По завршувањето на целиот проект, секој спонзор ќе биде известен на кои
    точно Евреи ќе биде испратена книга, како и за евентуелните одговори од
    некои од нив, кои сигурно дека ќе следуваат. Секако дека за ова ќе биде
    запозната и јавноста во Македонија.

    За подетални информации контактирајте со авторот м-р Александар Донски на
    е-маил: [email protected]
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X