

Неговото тело, балсамирано за погреб крај македонските крале*ви во Пела, го започнало долгото патување кон Македонија. Но, попат било земено од Птоломеј, еден од неговите заповедници од највисок ранг. Најпрво било однесено во египетскиот храм во Мемфис, а потоа на локација во Александрија...
Весникот ВЕЧЕР пренесува дел од книгата "Уметноста на стратегијата на Александар Велики", каде е опишана смртта на Александар Трети Македонски. Автор на делото е Парта Босе, маркетинг директор на "Allen & Overy", една од водечките меѓународни правни фирми, роден во Индија, а образуван на универзитетите Columbia и MIT. Преводот е во издание на скопска "Икона".
- Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде Македонци, Вави*лонци, Индијци и Персијци работеле и учеле од Феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од просла*ви*те во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Алексан*дар добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.
Иако треската се засилувала, тој се вратил на работата во помор*ска*та база. Меѓутоа, на третиот ден, бил целосно закован за кревет. Надвор од неговиот шатор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето рапидно му се влошува, замолиле да влезат во шаторот и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува - но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, кимајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.
Неговите највисоки војсководители се собрале околу него, загри*же*ни бидејќи немало план за негово наследување. Кога бил прашан кому сакал да му го остави кралството, тој неодредено им кажал: "На најсилниот". Александар починал на четвртиот ден откако добил треска, на 11-ти јуни, 323 година пред Христос. Имал 32 годи*ни. Околу причината за смртта на Александар се уште се води дебата меѓу историчарите на класиката, иако неколку водечки истори*чари сметаат дека станува збор за маларија.
Неговото тело, балсамирано за погреб крај македонските крале*ви во Пела, го започнало долгото патување кон Македонија. Но, попат било земено од Птоломеј, еден од неговите заповедници од највисок ранг. Најпрво било однесено во египетскиот храм во Мемфис, а потоа на локација во Александрија. Војсководителите меѓу себе го поделиле царството: Птоломеј го зел Египет, каде го востановил владеењето на Птоломеите, кое траело околу триста години - завршувајќи со владее*ње*то на Клеопатра, последната од грчките владетели во Египет; Се*левк го добил поголемиот дел од Азија источно од Еуфрат - царство кое се протегало од Сирија, се до границите на Индија, кое го управу*вал од Вавилон; Селевк му ги отстапил своите индиски поседи на првиот индиски цар кој ја обединил таа голема земја, Чандра Гупта Маурја. Лисимах владеел со цела античка Тракија - денешни области на Бугарија и Турција. Антигон Едноокиот", војсководителот на Александар, владеел со Мала Азија - областите западно од планината Тарс, кон Хелеспонт, и сите области на исток до реката Еуфрат.
Антипатар, кого Александар го оставил за да владее со Македо*ни*ја во негово отсуство, продолжил да владее како регент; но Антипа*тар остарел и набргу починал. Со Македонија ќе владее неговиот син, Касандер, одвоен од остатокот на царството.
Најблиското семејство на Александар платило мошне скапа цена. Кога Александар умрел во Вавилон, неговата сопруга Роксана била бремена со нивното дете. Неколку месеци после неговата смрт, таа родила син, кој го добил името Александар IV. Во борбата за моќ помеѓу неговите војсководители, околу тоа кој ќе владее со Маке*до*нија, било одлучено Антипатар да владее како регент во името на Архидеј, најстариот - но нелегитимен - син на Филип од неговата тесалиска љубовница, како и во името на Александар IV. Но, шест години по починувањето на Александар, кога сопругата на Архидеј - Архидеј пател од силна епилепсија - го објавила неговото право на тронот на Македонија, таа и Архидеј набргу биле убиени (некои исто*ри*чари мислат дека тоа го сторила мајката на Александар, Олимпија. Таа се ставила на чело на една мала војска од Епир и ги заклала Архидеј, неговата сопруга и одредот кој се грижел за нивната без*бедност).
Кога Александар IV започнал да навлегува во пубертетот, Касан*дер, сфаќајќи дека момчето станува возрасно, ги затворил и потоа ги убил Роксана и момчето. (Пред некому да му падне жал за Роксана, корисно ќе биде да се присетиме на ова: ако може да му се верува на Плутарх, веднаш по смртта на Александар таа пратила фалсифику*ва*но писмо до ќерката на Дариј, Статеира, која била сопруга на Александар. Во писмото, таа ги поканувала на посета Статеира и нејзината сестра Дрипетис. Меѓутоа, веднаш штом сестрите пристиг*нале, Роксана наредила да бидат убиени, а нивните тела да бидат растргнати и фрлени во бунар.) Не бил поштеден дури ниту Херкул, нелегитимниот син на Александар од Барсине. Касандер, откако наименувал за војсководител еден стар воин, му побарал за возврат да го убие 16-годишното момче. Околу 309 година пред Христос, ќе биде убиен и единствениот поблизок сродник на Александар - него*ва*та сестра Клеопатра (на чија свадба бил убиен Филип).
Comment