ООН: бугарија не ги почитува малцинските права
бугарија мора да ја надмине бездната помеѓу зборови и дела. Еднонеделната турнеја на експертот Геј Мекдугал низ бугарија беше доволна ООН да заклучат дека источниот сосед не ги почитува човековите права.
Верски и расистички мотивиран говор на омраза, тортура, полициска бруталност, дискриминација на малцинствата и судски нерасчистени инциденти, стои во првичните забелешки обајвени од комитетот за човекови права на ООН.Посебно потенцирани се проблемите со кои се соочуваат Македонците и Ромите.
За статусот и правата на македонското малцинство, Мекдугал во Благоевград лично разговараше со членовите на ОМО “Илинден–Пирин”. Од таму не очекуваат извештајот драстично да го промени ставот на властите во Софија, но се надеваат на засилен притисок.
- “Извештајот за нас е важен бидејки ќе ја одрази реалната слика. Практично сите знаат дека ние постоиме, дека имаме проблеми и дека сме во право. Таа атмосфера незибежно влијае на создавање поголем притсок врз Софија и тука е нашата, неодмана” изјави претседателот на партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков.
Постојат закони, и разно разни политки, но државата сериозно потфрла во нивната имплементација, констатира светската организација.
По примерот на грција, бугарија не ги признава ваквите извештаи. Од друга страна, пред европската јавност Софија веќе подолго време се обидува да го наметне прашањето за третманот на бугарите кои живеат во Македонија, условувајки ги дури и македонските евроинтеграции.
izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...cinskite-prava
Мекдугал: Во бугарија најмногу се кршат правата на Македонците
бугарија да престане да ја извртува реалноста со својата реторика. Комитетот за човекови права на Обединетите Нации жестоко реагира што земјата не ги почитува човековите права на малцинствата кои живеат таму.
Во извештајот што го подготви експертката Геј Мекдугал нотирано е дека најмногу кршење на правата има кон Македонците. Биле заплашувани од полицијата, но и подложени на големи притисоци.
Обединетите Нации остро реагираат зошто официјална Софија создава розова слика за државата, но внатре работите биле сосема други.
- Добро е што меѓународната заедница ќе има реална слика за состојбата на Македонците во бугарија. Свесни сме дека бугарските власти по овие извештаи нема да реагира, но ова се аргументи за нас Македонците да успееме да извршиме притисок што поскоро бугарија да не прифати и ни овозможи да ги имаме сите права, вели Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин.
Голем дел од препораките што ги предложиле Обединетите Нации не се применуваат. Комитетот смета дека извештаите за расна и религиозна дискриминација се застрашувачки. Евидентно било присуството на говорот на омразата.
Податоците експертката Мекдугал најмногу ги добила од невладините организации во бугарија. Она што било забележано е дека ситуацијата наместо да се подобрува, се влошувала.
Обединетите Нации како заклучок во својот извештај алармираат до бугарските власти да воведат нови политики и програми за малцинствата во земјата.
izvor:http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=77736

Comment