Канада ги признавала Македонците и по Бал

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Канада ги признавала Македонците и по Бал



    Пасош на Британската Империја од 1914 година и нејзиниот тогашен доминион, Канада, кој стигна до редакцијата на „Нова Македонија“ е уште едно сведоштво дека за светот Македонија и Македонците никогаш не биле спорни.

    Андон Трпчев од селото Трсје, Леринско, бегајќи од ѕверствата на грчките андарти (полицајци) се засолнил во Канада. Оваа држава на 17 јуни 1914 година му издала пасош во кој јасно стои: земја на потекло - Македонија, Турција, националност - македонска.

    Во тој период егејскиот дел на Македонија и во Грција не се водел како дел од грчката држава, туку како „окупирани територии“. Оттука, Македонија сè уште, официјално, се сметала за како дел од Османлиската Империја.

    - Кога Андон Трпчев го напушти родното Трсје, немаше ниту најмала помисла дека, ете, ќе се откорне засекогаш од родната грутка. Се определува за Канада, како што ја нарекувале тогаш, земјата на Ескимите и на белите мечки - раскажува неговиот внук Ѓорѓи Секуловски.

    Трпчев често патувал во Србија, Грција и во многу други европски земји. Неговиот пасош е исполнет со печати.

    - Ниту една од овие земји не го вратила назад, иако во пасошот пишува Македонија. Така било и на едно патување во Грција во 1926 година - вели Секуловски.

    Во 1948 година Трпчев се вратил во Македонија, веднаш откако дознал дека еден дел од родната земја е слободен. Пред Втората светска војна купил земја во селото Породин, Битолско, но веднаш потоа заминал на печалба во САД, каде што работел во фабриката на „Форд“ во Детроит. Андон Трпчев остатокот од животот го поминал на својот имот во Породин, каде што и починал во 1958 година.

    - Верувам дека е време нашите соседи да се ослободат од канџите на шовинистичките соништа и да се вратат во денешницата. Во една обединета Европа треба да си подадат раце ако не сакаат да бидат уништени културно и национално - вели Секуловски.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X