Папандреу индиректно го поддржа уставно&

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Orovnichanec
    Member
    • Sep 2008
    • 410

    Папандреу индиректно го поддржа уставно&

    Папандреу индиректно го поддржа уставното име на Македонија
    Скопје /12/11/ 14:15
    Лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу индиректно ги поддржува ставовите за уставното име на Македонија и потребата Грција да се грижи за македонското малцинство во земјата, пренесува Макфакс.

    Папандреу на својата веб страна ја препорачал книгата „Akatallilo“ (Несоодветен) на својот сопартиец Григорис Валианатос, во која тој се залага Грција да не бара од Македонија да го промени името, туку да го признае уставното име на државата и да се грижи за македонското малцинство во Грција.

    Поради истите ставови изнесени во една ТВ дебата Јоргос Папандреу деновиве го исклучи од партијата Григорис Валианатос.

    Повод е, како што јави агенцијата Еуроланг, изјавата на Валианатос за грчката телевизија Extra Channel's TV news, дека би било подобро Грција, наместо да се обидува да го промени името на Македонија, да го признае уставното име на државата и да се грижи за македонското малцинство на нејзина територија.

    Валианатос, тврди дека го искажува само личното мислење, што не е официјален став на ПАСОК во врска со ова прашање.

    Иако овие ставови се содржани во книгата на Валианатос, која Папандреу им ја препорача на читателите, тој сепак е исклучен од партијата.

    „По овие изјави во врска со прашањата од надворешната политика, ...нашиот етнички код диктира дека ПАСОК треба да ги раскине деловните врски со Валианатос“, се вели во официјалното соопштение на ПАСОК.
    "Oh, Macedonians! It is time we realized that the greatest demon Macedonia must battle against is none other than Bulgaria" - Krste Petkov Misirkov
Working...
X