Димитрис Литоксоу, истражувач и публицист, зад себе има неколку книги во кои допира горливи прашања од историјата, особено, на македонско-грчките односи. Со широчината на своите истражувачки хоризонти тој ја побива официјалната политика на својата земја, која со децении негува крајно ригидни ставови во однос на етничката еднородност на грчката нација и на позицијата на етничките групи во Грција. Во очекување на овонеделната промоција на книгата „Измешана нација“, која ја отпечати издавачката куќа „Аз-буки“, Литоксоу во „Време“ зборува за својата
* Книгата „Измешана нација“ е публицистичко дело што ја отвора деликатната тема за нехомогеноста на грчката нација, која официјално е сочинета исклучиво од Грци. Колку храброст е потребна за публикување дело што не се согласува со официјалната политика?
- Насловот на мојата нова книга „Измешана нација“, како што пишувам и во предговорот, ја определува суштината на населението на Грција. Тој народ, односно населението на грчката држава, историски е оформен од многу култури и од многу јазици. Државната политика во мојата земја со години во својата суштина ја има хомогенизацијата - елинизацијата на сите и исчезнување на оние што не се Грци. Ова е официјалната грчка политика за последниве 150 години. Грчкиот национален мит, односно грчката национална идеологија, проникнува низ сите идеолошки механизми на грчката држава. Тој мит сака сите грчки државјани да бидат потомци на античките Грци. Се што не може да се смести во тој мит треба да исчезне. Оние што му се спротивставуваат на овој мит, кој нема врска со историската вистина, се спротивставуваат не само на државата туку и на големото мнозинство на народот на кој во училиштата оваа лага му беше кажувана како факт, а за секое друго спротивно или различно мислење му беше велено дека е антигрчко. Значи, основниот проблем не е да имаш помалку или повеќе храброст, туку да бидеш ефикасен во наоѓањето начин за да можеш на другите да им пренесеш некои вистини што се окарактеризирани како ерес.
* Ова не е прв обид да се спротивставите на општоприфатените ставови во Вашата земја. Книгата „Грчка антимакедонска борба, од Илинден до Загоричани (1903-1905)“, која е веќе објавена на македонски, предизвика многу внимание кај нас. Како беше примена во Грција?
- Мислам дека ни најмалку нема да претерам ако ви кажам дека таа книга наиде на заговор на молчење. Со исклучок на едно мало спомнување во еден познат весник, од еден друг „еретик“-новинар, оваа книга, која сега доживува второ издание во Грција, како воопшто да не постои. Оние што ја зеле, за неа разбрале или од некој пријател, или случајно ги заинтересирала кога ја виделе на некоја полица. Многу е интересно што надлежните грчки „македонолози“, по 1988 година кога беше објавена „Грчката антимакедонска борба“, во библиографијата на нивните трудови наведуваат мои постари изданија, но не и оваа книга. Факт е дека, меѓу другото, користев и необјавени документи на грчкото министерство за надворешни работи (кои ги добив од некои мои пријатели-истражувачи), што многу им ја отежна работата на други што сакаат да го истражуваат истиот период во архивите на Министерството. Така, многу од документите веќе не се достапни, како да исчезнале...
* Кои други извори ги користевте, со оглед на тоа што податоците претставени во книгата се сосема различни од она што го тврди официјалната грчка историографска наука?
- Со исклучок на државните официјални документи што се однесуваат на историјата на малцинствата и до кои истражувачите извонредно тешко можат да дојдат, затоа што се прогласени за тајни, постојат и многу други јавни извори што можат да се користат. Ќе ви дадам и еден пример: дури и телефонскиот именик со презимињата на Грците може да се користи во истражувања за повеќејазичното минато на земјата. Значи, не станува збор за тоа дали има многу извори, туку за отвореноста на умот на истражувачот, широчината на неговите сознанија и за имагинацијата во составувањето на информациите, кои, на прв поглед, можеби и не изгледа дека имаат меѓусебна врска.
* Со оглед на долгите години, кога е презентирана поинаква вистина, што е неопходно за промена на веќе вкоренетите ставови кај пошироката публика?
- Што се однесува до вистината за малцинствата (како за сегашноста, така и за минатото) основниот проблем е заговорот на молчењето во сите електронски и печатени медиуми. Денес би можел да кажам дека се наоѓаме во фаза на „првобитна акумулација“. Секој нов напис или книга што се издава е семе што може да донесе плод. Ако, на пример, ја земам како споредбена точка 1992 година, тогаш секој што зборуваше не само за македонското малцинство како што тоа го правиме денес, туку воопшто за постоењето на „славомакедонци“ веднаш беше даван на суд. Мислам дека со можноста што ни ја дава европското право имаме направено еден мал, но многу значаен чекор.
* Велите дека Вашите книги се повратно патешествие од митот кон историјата. Каков прием имаат во грчките научни кругови?
- Еден мал дел од грчките интелектуалци, кои имаат политички сенс, со симпатија ги следи малкутемина „еретички“ писатели, но одбегнува да се изјаснува за да не биде жигосан како државен непријател. Меѓутоа иако мал, овој дел од интелектуалците е многу вреден бидејќи на посреден начин придонесува за ширење и за прифаќање на нашите идеи. Сепак големо мнозинство на грчката интелигенција се однесува непријателски кон промалцинскиот збор, било затоа што ја игнорира вистината, било затоа што ја плаќаат и ја слават непријателите на малцинствата.
* Овозможуваат ли овие изданија нов агол на гледање не само на историјата туку и на сегашноста на грчко-македонските односи?
- Ставот на Грција (но и на Бугарија) дека не постои македонската нација е сосема неоправдан, а таков е затоа што го негира фактот дека еден народ има конкретна национална идеологија. Оние што идеолошки сметаат дека се етнички Македонци постојат независно од желбите и од интересите на нивните соседи. Вака дефинираните желби и интереси на Грците да не постои народ со етничка македонска идеологија имаат врска со политичката и со идеолошката шизофренија на Грција и, во секој случај, со меѓународното право и со здравиот разум. Нашите идеи не можат суштински да помогнат ако грчкиот народ не ги знае и ако не бидат познати во блиска иднина.
* Подготвувате и втор дел на „Грчка антимакедонска борба“. На кој период се однесува продолжението и дали е веќе отпечатено во Грција?
- Во овој период почнувам да го пишувам вториот том на „Грчката антимакедонска борба“. Во почетокот целта ми беше да го покријам преостанатиот временски период од март 1905 до младотурците во 1908 година. Меѓутоа, во десетте години што поминаа откога почнав да го пишувам првиот том се соочив со нови историски факти, кои во меѓувреме беа објавени, што ме наведе да размислувам за едно ново посуштинско прикажување на се што се случувало во периодот 1903-1908 година.
* Во очекување на Вашето пристигнување во Скопје за промоцијата на „Измешана нација“, можете ли да ги најавите своите наредни истражувачки планови? Останува ли историјата на грчко-македонските односи во Вашиот интерес?
- Она со што се занимавам сега, еве веќе повеќе години и се надевам дека ќе го завршам, е книгата за „Населението и домаќинствата на Македонците во Грција“. Станува збор за претставување на македонските села, жителите и на нивната демографска историја од 1900 до 1951 година и сето тоа ќе биде придружувано со карти во боја. За мене тоа ќе биде животно дело.