Дачиќ –Признавањето на Македонија да се врати на БЈРМ
Белград /11/00/ 13:24
Србија би требало да ја нарекува Македонија, БЈРМ порача српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, откако Скопје ја призна независноста на Косово.
„Македонија покажа дека недоволно го цени ставот на Србија”, вели Дачиќ во интервју за агенцијата Фонет и наведува дека „Србија ја признала Македонија, под нејзиното име, тогаш кога од нашите пријатели Грците беше вршен силен притисок да биде призната под името Бивша Југословенска Република Македонија (БЈРМ)”.
„Ако сакаме едни со други да се удираме, таму каде што највеќе ги боли“, тогаш Србија, според зборовите на Дачиќ, „сега би требало да го врати тоа признавање, на името кое сега се употребува во светот - БЈРМ”.
Српскиот министер ја оценува одлуката на Македонија како особено опасна, бидејќи смета дека земјата има слични проблеми со Србија, па затоа не би било чудо „да се добие и трета албанска држава на Балканот – во сегашна Македонија“.
Одлуките на Скопје и Подгорица, според Дачиќ се донесени во планирана акција за да се амортизира тешкиот удар, кој Србија со победата во Генералното собрание на ОН им го нанесе на заговорниците на независноста на Косово.
„Жално е што Црна Гора и Македонија беа тие, кои преземаа таков одговор“, вели Дачиќ./крај/ф/ил/
Copyright 2008 makfax.

Comment