
Овој потег на американското раководство (за прв пат американски претседател да ја посети Турција, без да помине и во Грција), јасно покажува дека Анкара е повисок приоритет за Вашингтон, отколку Атина, пишува "Та неа"
Одлуката на американскиот претседател Барак Обама да ја посети Турција на почетокот на април и да ја игнорираа Грција е промена на балансот на односите во триаголникот Атина -Вашингтон-Анкара. Таквото заобикалување на Атина ја вознемири јавноста, особено грчката дипломатија, коментира "Та неа".
Овој потег на американското раководство (за прв пат американски претседател да ја посети Турција, без да помине и во Грција), јасно покажува дека Анкара е повисок приоритет за Вашингтон, отколку Атина.Тоа буди неспокојство, бидејќи навестува стравување за евентуална промена на американската позиција во споровите меѓу Грција и Турција за Егејско Море, сметаат дипломатски извори, цитирани од весникот. Претставник на Стејт департментот не одрекува дека на Турција веројатно ќе и биде доделена посредничка улога во преговорите меѓу САД и Иран. Посетата на Барак Обама на Турција ќе ја промени главната тактика, што важеше со десетлетија наназад,бидејќи за прв пат ќе биде изоставен принципот на неутралност и рамнотежа: американски претседател ќе ја посети Турција без да мине преку Атина, забележува весникот "Та неа".
türkiye, türkiye
