Грците пет часа малтретирале македонски

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грците пет часа малтретирале македонски

    Соседна Грција не чекаше долго да одговори на неодамнешното чкртање на грчки автобуси во Охрид со македонски национални пароли откако, вчера, грчките граничари цели пет часа, без никаква причина, го држеле автобусот на женската ракометна екипа на Металург, која патувала на меѓународен турнир во грчкиот град Верија.

    Грците не дозволувале македонскиот тим да ја помине границата иако на граничарите им биле приложени сите потребни документи, како и поканата што ја добиле за настап на турнирот. Тие наоѓале голем број изговори за на крајот да ја искажале нивната основна цел - автобусот на Металург ќе може да ја мине границата единствено ако ракометарките ја вратат целата опрема на која го пишува зборот Македонија.

    - Цели пет часа нè вртеа во круг, ни бараа разни документи и нè префрлаа кон различни институции каде што би требало да бараме дозвола за влегување во Грција. Не бевме изложени на вербално малтретирање, но целата ситуација беше психички напорна за сите нас, бидејќи се најдовме во една навистина непријатна ситуација. На крајот тие го искажаа својот услов, а ние успеавме да се избориме за компромис, па зад нас оставивме помал дел од опремата, и тоа тој поневажниот, кој претежно го користиме за тренинг - ни изјави Томе Треневски, претседателот на женскиот ракометен клуб Металург.

    Откако сметале дека ја исполниле целта, елиминација на опремата на која пишува Македонија, како и психичкото малтретирање на македонските ракометарки, Грците дозволиле автобусот да го продолжи патот кон Верија, но со полициска придружба.

    - Ни беше кажано дека придружбата е поради наша сигурност. Првата информација е дека ќе нè следат само 10-15 километри, но полициско возило не следеше до Верија. По пат не се соочивме со некакви проблеми, а како ќе биде на турнирот во Верија навистина не знам. Случувањата на границата делумно нè подготвија за евентуалните провокации што би можеле да нè чекаат во Грција - дополни Треневски.

    Турнирот во Верија е во организација на судиската комисија на Грција, а под капата на Европската ракометна федерација (ЕХФ). На него, покрај македонскиот прволигаш Металург, ќе учествуваат уште бугарска ЦСКА Софија, српскиот тим Наиса, младата репрезентација на Романија, како и грчките тимови Арис и Јанина.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X