Брисел ги здогледа Македонците во Грција

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Брисел ги здогледа Македонците во Грција

    Грција треба да го признае македонското малцинство и да ги почитува правата на сите малцинства. Ова е дел од извештајот на Томас Хамарберг, комесар за човекови права на Советот на Европа во извештај за почитувањето на човековите права во Грција, во кој за првпат беше споменато и македонското малцинство. - Лицата што сакаат да го изразат својот македонски, турски или друг идентитет се судираат со непријателско расположение во Грција- стои во Извештајот на Хамарберг, објавен на интернет-страницата на Советот на Европа. Хамарбрг вели дека припадниците на македонската заедница во Грција побарале од грчките власти да го признаат нивното право на самоопределување и дека во Грција постои македонско малцинство. Според Комесарот на СЕ, Грција треба да им дозволи на сите малцинства слободно да го уживаат правото на своја култура, јазик и религија. Иако тој констатира дека е направен мал напредок, сепак е загрижен поради упорното одбивање на грчките власти да признаат дека во Грција постојат и други малцинства, освен официјално признатото муслиманско малцинство во Тракија. Хамарберг во извештајот ги наведува пресудите на Европскиот суд за човекови права околу одбивањето на грчките судови да го регистрираат Домот на македонската култура во Лерин. Покрај тоа, се бара од Грција да им го врати одземеното државјанство на припадниците на националните малцинства или, пак, соодветно да ги отштети. Атанас Парисис, член на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ вели дека ова, секако, е позитивен чекор, но не може да се очекува дека тоа битно ќе ја промени грчката политика кон малцинствата. - Извештајот е особено значаен за во Европа да се создаде атмосфера дека Грција мора да ги олабави своите ставови кога станува збор за третманот на македонското, но и на другите малцинства - вели Парисис. Во извештајот Хамерберг побара Грција да не го одложува ратификувањето на документите што се однесуваат на заштитата на националните малцинства. Следниот месец треба да биде познат и извештајот на Геј Мекдугал, стручњак на ОН за состојбата на малцинствата, како и извештајот на Комисијата против расизам и нетолеранција (ЕКРИ), која, исто така, се интересираше за правата на малцинствата во Грција.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X