Грчките вооружени сили се во состојба на највисока борбена готовност, бидејќи Турците се подготвуваат да окупираат грчки остров во Егејско Море, пишува грчкиот весник „Авриани“. Според текстот, и вчера најмалку четири турски истребувачи „фантом“ прелетале над островот Агатониси во Егејско Море, нарушувајќи го грчкиот воздушен простор. Во последните денови Турција неколкукратно го оспори грчкиот суверенитет во регионот, се вели уште во информацијата.
- Со нескриена поддршка од САД, провокациите на Турција во Егејско Море ескалираат и се на пат да доведат до нова Имија“, коментираат за весникот извори од грчкото Министерство за одбрана.
Имија се два мали ненаселени острови, кои Турците ги нарекуваат Кардак, и кои во јануари 1996 година беа причина за конфликт меѓу Грција и Турција. Тогаш двајца турски новинари, на едниот од островите поставија турско знаме, на местото на грчкото, кое пак таму било ставено во 1995 година. Веднаш потоа 24 воени бродови на грчката морнарица го опколија островот. Конфликтот, познат како кризата со Имија, беше решен по неколку дена по дипломатски пат. Двете држави беа присилени да ги повлечат воените сили од тој реон.
- Воената агресивност на Анкара со план за дестабилизација на Грција е подготвена по рецепт на тајните служби на САД, чија цел е соборување од власт на непожелните - додава во својот текст грчкиот весник.

EditionID=746&ArticleID=29332
turcija, turcija

Comment