
Групата наречена Macedonian security crew, хакираше три грчки сајтови, јавија домашните онлајн медиуми.
Хакерите поставиле мапа на голема Македонија со симболот на сонцето на Вергина.
Тие на сите посетители кои ќе ги посетат овие сајтови, додека администраторите забележат дека имаат проблем и ги вратат содржините во својата регуларна состојба, им ја оставија пораката "Овој сајт е хакиран. United United, United Macedonia!
Пораката e парола која често ја скандираат македонските навивачки групи и која претставува територијална целост на трите раздвоени македонски делови, Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот.
Хакерите нападот познат како „обезличување“ го извршиле со единствена намера да покажат дека успеала да ја пробијат заштитата, но не и да предизвикаат некоја поголема штета на сајтот.
Comment