Функционер на Сорос трет кодош во Македон

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Функционер на Сорос трет кодош во Македон

    Функционер на Сорос трет кодош во Македонија?!


    Комисијата за лустрација утврдила дека неговата изјава дека во минатото не бил соработник на тајните служби не е вистината. Лустраторите го утврдиле ова врз основа на документите кои ги поседуваат

    Познат режисер и универзитетски професор, функционер на претставништвото на Сорос во Македонија кој беше и во раководството на една опозициска партија, бил соработник на тајните служби, утврдила Комисијата за лустрација. Како што дознава ВЕЧЕР, досието за потенцијалниот трет кодош во Македонија било заведено под псевдонимот "Драматург". Со тајните служби соработувал од 1976 година се до почетокот на осумдесеттите. Според законот за дополнителен услов за извршување на јавна функција, лустраторите треба да го известат лицето за кое е утврдено дека било соработник со тајните служби. Тој потоа треба да се произнесе, а доколку одбие да го стори тоа, Комисијата ќе донесе решение кое потоа оној кој е обвинет ќе може да го оспори и на суд.

    Доколку сознанијата се потврдат, ова ќе биде трет функционер кој поднел лажна изјава дека во минатото не соработувал со тајните служби. Комисијата за лустрација утврдила дека неговата изјава дека во минатото не бил соработник на тајните служби не е вистината. Лустраторите го утврдиле ова врз основа на документите кои ги поседуваат.

    ВЕЧЕР контактираше со потенцијалниот соработник на тајните служби кој ни рече дека не е во Македонија и дека не е известен од Комисијата за лустрација. Ќе даде изјава кога ќе биде известен од лустраторите.

    Претходно за кодоши беа прогласени поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, како и Слободан Угриновски кој беше советник во Град Скопје од редовите на партијата Сојуз на Титови леви сили.

    Дека Ивановски бил соработник на тајните служби потврди и Врховниот суд. Тој најави дека ќе се жали и пред Судот за човекови права во Стразбур. Ивановски, воден под псевдонимот Ламбе, соработувал со службите уште во '60-тите како член на организацијата. Тој тврдеше дека во досието се наведени дејствија кои против него ги презел претходниот режим, бидејќи се замерил со тогашната држава. Ивановски потенцира дека членувал во организација, која се залагала за самостојност и обединување на Македонија. Според него уплатниците од 10.000 и 20.000 динари на кои се повикува Комисијата за лустрација се фалсификат.

    Комисијата исто така потврди дека изјавата на советникот во Град Скопје и лидер на Сојузот на Титови леви сили Слободан Угриновски не соодветствува со фактите околу неговата соработка со тајните служби. Тој на прес-конференција рече дека не ги признава законите на Република Македонија и дека може да го лустрира само СФРЈ и да му суди судот на неговата партија. Потенцира дека е среќен доколку со работата во минатото и помогнал на неговата држава СФРЈ.

    Комисијата за лустрација донесе заклучок дека соработувал со тајните служби под псевдонимот Ле Корбизие. Според Комисијата, Угриновски бил соработник во седумдесеттите години, како претседател на Сојузот на студенти. Тој призна дека за време на неговиот работен век, како студентски раководител имал разговори со претставници на јавната и државната безбедност и со студентските организации од другите републики. Исто така се шпекулираше дека кодош бил и уште еден судија од Врховниот суд.

    izvor: http://vecer.com.mk/?ItemID=B7381654...A4A1FB73804865

    There goes vladimir milcin-the scum from soros
Working...
X