Во Тирана излезе во печат учебникот “Научl

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Во Тирана излезе во печат учебникот “Научl

    Во Тирана излезе во печат учебникот “Научи брзо и лесно македонски”

    Во Тирана, излезе во печат учебникот “Научи брзо и лесно македонски” од авторот Валентина Нестор.

    Валентина Нестор, Македонка од Мала Преспа е лектор по македонски јазик на универзитетот во Тирана.

    Учебникот “Научи брзо и лесно македонски” е наменет за сите млади Македонци и деца кој што живеат во Голо Брдо и Гора како и во поголемите градови на Албанија и кој немаат можност да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот систем на Албанија, бидејки Албанија признава Македонци само во областа Мала Преспа и само тука можи да се изучува македонскиот јазик во училиштата.

    Учебникот е поделен на два дела: во првиот дел, кој содржи 25 лекции, се застапени основните јазични особини на македонскиот јазик, со граматички објаснувања на македонски и албански јазик и со достапен превод за новиот користен материал. Во сите лекции се наоѓаат богати дијалози, речник на албански јазик, двојазични граматички објаснувања и вежби кои помагаат за индивидуална работа на корисникот. Овој дел, преставува основа за понатамошно изучување на македонскиот јазик и има за цел да го доведе изучувачот до ниво на коешто самостојно да може да го употреби македонскиот јазик во секојдневните комуникации.

    Во вториот дел се наоѓаат материали со добро избрани теми, кои се групирани во 25 тематски целини од сите области на животот со социјална и функционална употреба и со превод на новите изрази на албански јазик. Корисникот наоѓа избилен јазичен и тематски материал, кој му помага не само во изучување на македонскиот јазик, но тој може да се запознае и со македонскта култура и цивилизација.

    Со добро изучување на овој учебник, читателот се оспособува за слободен и индивидуален комуникативен пристап.

    Васил Стерјовски

    Во Тирана, излезе во печат учебникот “Научи брзо и лесно македонски” од авторот Валентина Нестор.
  • Soldier of Macedon
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 13670

    #2
    That is a good initiative, arna rabota, se nadevame deka vakvi knigi kje gi pomozat decata nashi so ucenjeto na majciniot Makedonski jazik.
    In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

    Comment

    Working...
    X