Косово: поделбата мириса на нови игри со г

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Косово: поделбата мириса на нови игри со г

    Interesna analiza na M.V. od "Nova Makedonija" koja vredi da se prochita:


    Косово: поделбата мириса на нови игри со граници


    Пред дваесетина дена, шефот на преговарачкиот тим на Србија, Борислав Стефановиќ, ги информира пратениците во српскиот парламент за текот на преговорите со Косово. Меѓу другото, тој соопшти дека, покрај другите прашања, се разговарало и за поделбата на Косово. Оваа изјава, за разлика од поранешните на истава тема, а кои беа давани неофицијално и официјално, не предизвика којзнае каков интерес. Ни во парламентот ни во медиумите, а особено не од опозицијата, Владата, односно од претседателот Борис Тадиќ, никој немаше што да каже. Таа целосно беше игнорирана и од косовската официјална страна и од евроамериканските претставници, што излегува од вообичаениот начин на кој биле третирани сите претходни слични изјави.

    Само две недели потоа, потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во интервју за Слободна Европа, ја елаборира идејата, истакнувајќи дека „разграничувањето на Косово и Метохија е единственото реално прашање што ќе му стави крај на српско-албанскиот конфликт“.

    Овој пат со мало задоцнување се крена поголема врева. Најжестоко реагираа Србите на Косово, кои изгледа беа тотално затечени. Опозицијата го оцени ова како прекршување на парламентарните резолуции и на Уставот, на што мораше да одреагира и Борис Тадиќ. Неговата порака, како и онаа на шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ беше дека „државниот врв во преговорите се држи до Уставот според кој Косово е дел од територијата на државата Србија“. И толку!

    Бидејќи Ивица Дачиќ е член на Владата, а неговата партија главен коалициски партнер, тешко е да се поверува дека во случајов сам наивно истрчал со една ваква изјава во изборна година. Тој додуша не е дел од државното раководство (Тадиќ, Јеремиќ и министерот за КиМ), кое е директно со ингеренции задолжено за ова прашање, но е министер за внатрешни работи и истакната политичка фигура, која тукутака не би се впуштила во непромисленост што вообичаено би предизвикала лавина од жестоки реакции во светот. До толку повеќе што тој и по бурата во медиумите не се откажа од својата изјава, не се вадеше дека е погрешно разбран. Напротив, дополнително изјави дека го изнел јавно она што го мислат мнозинството Срби.

    Како и да е, дури по неговиот настап, стигнаа некои повремени реакции и од Косово, но ни одблизу резолутни и жестоки како порано при самата помисла на поделбата на Косово. Овој пат изостанаа и протестите на „цивилните“ радикали. Уште поиндикативно е дека изостана коментар на компромитираниот премиер Хашим Тачи или кој било позначаен косовски политичар и аналитичар. Во отсуство на коментар на аргонатниот и агресивен Питер Феит, одвај дали се јавија овде-онде некои американски официјални претставници од понизок ранг со оцена дека се работи за лоша идеја, а ЕУ под чие покровителство се одвиваат преговорите во Брисел, целата работа елегантно ја одмолчи.

    Уште не ги средивме впечатоците од ваквиот однос кон една вознемирувачка идеја со многу импликации, кога, токму на денот на посетата на Жозе Мануел Баросо и Штефан Филе на Србија, „случајно“ пак се огласи шефот на српскиот преговарачки тим, кој без некој посебен повод, до запирка ја преповтори својата претходна изјава на која овој пат се „налепи“ Вук Јеремиќ, министер за надворешни работи, кој тукутака ги предупреди гостите дека на Балканот останале незатворени две прашања: иднината на државата БиХ и Косово.

    Верижни реакции

    Поделбата на БиХ и поделбата на Косово не се нови идеи. Како опции или како долгорочно одржливи решенија беа разгледувани во повеќе наврати. Особено Србија игра на оваа карта, зашто смета дека ако веќе мора да се откаже од Косово, тогаш ќе треба да биде компензирана територијално со Република Српска. Како и да е, овие разработки секогаш биле отфрлани заради пошироките регионални импликации. При соочувањето на планерите со евентуалните верижни реакции, нејзината промоција им изгледаше како ептен скапа операција со многу непознати. Што се однесува до БиХ, нејзиното распаѓање, освен жртви и страдања, многу скапо би ја чинело т.н. Меѓународна заедница, која многу инвестираше во својата дејтонска градба. А ЕУ и САД, како што е познато, тешко прифаќаат пораз и неуспех. Поинаку стојат работите со поделбата на Косово. Таа идеја српските политички и интелектуални кругови ја разработуваа повеќе од 20 години. Прв ја официјализира Добрица Ќосиќ. Потоа за неа говореше Зоран Ѓинѓиќ, а пишуваше неделникот „НИН“. На крајот, за Косово се изјаснуваше и Милорад Додик. Значи, на Србите не им е непозната, но е од многу аспекти проблематична поради домино-ефектот што може да го има. Овој пат при реализација на ваквата опција, Албанците би барале територијална компензација што ги опфаќа Македонија и Црна Гора.

    Нејзиното пласирање во јавноста, токму во период кога Балканот се потсмири, а амбициите на државите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ пораснаа, пак ѕвони на тревога. Едноставно, не е логично да се пуштат во оптек „решенија“ што таквите амбиции ќе ги заменат со нова рунда регионална неизвесност, освен ако не се дел од една поголема игра во која етапно се подготвува теренот за нови драматични настани.

    Ако внимателно се следат состојбите во регионот, ќе се забележи дека во изминативе месеци почнаа да се случуваат вознемирувачки работи, дека балканското тло се подзатресува на нестандарден начин, кој предизвикува недоумици. Речиси во исто време додека се во тек преговорите помеѓу Белград и Приштина, Милорад Додик подготвува референдум за отцепување на Република Српска. Во моментот кога шефот на преговарачкиот тим ја соопштува идејата за поделба на Косово, тврдоглавиот и непопустлив Додик го откажа референдумот и на тоа немаше никакви реакции од политичките партии. Сака-нејќе, човек веднаш ќе ја уочи синхронизираната игра на инволвираните страни.

    На пример, на идентичен начин една членка на НАТО како што е Албанија и една земја-кандидат за ЕУ како Македонија, по две децении, односно во јубилејна година, „случајно“ преку своите „леви“ опозиции, на идентичен систематски начин ја радикализираат ситуацијата во државите. Двете креваат востанија, инсталираат политичка криза, ги подриваат институциите, ги компромитираат изборните процеси, создаваат негативна перцепција за своите ривали прогласувајќи ги за диктатори и отворено бараат интервенција од САД и од ЕУ. Еди Рама завчера упати апел до Вашингтон и Брисел да се вмешаат во внатрешните состојби, што не може да се прочита поинаку освен како повик за странска интервенција. Нема да нé зачуди такво нешто по изборите да се случи и во Македонија. Со оглед на текот на настаните што на идентичен начин доведе до предвремени избори и во Македонија и со оглед на тоа како се одвива предизборието кај нас, речиси нема дилема дека се работи за организирана и координирана акција чиј нарачател и организатор е официјално непознат (иако се насетува), но се познати изведувачите на работи, кои од некаде се дебело кеширани за да можат да работат на ваков начин. Крајната цел е да се дојде до меѓународен заклучок дека ни Албанија ни Македонија (како впрочем БиХ и Косово) не се способни да се самоуправуваат.

    Забивање нож во грб

    Ова недвосмислено може да се дешифрира како создавање подлога за воведување старателство, еден вид протекторска управа, слична на онаа во БиХ и на Косово. Исходот од операцијата би ги направил среќни првенствено Грција и Србија, но и Албанија, односно Косово, кои имаат декларирано одамна свои „побарувања“ на овој простор. Покрај ваквите амбиции, кои за неспособниот Брисел и воинствениот Вашингтон имаат значење на стимулатор и на седатив во нивните големи стратегиски игри со Русија и Кина, имаат и заткулисна византиска димензија, која се однесува на ривалитетот на партнерите ЕУ и САД. Конкретно, Вашингтон на пример го доживеа како забивање нож во грб извештајот на европратеникот Дик Марти за монструозното злосторство да се киднапираат и убиваат заробеници за да се тера бизнис со органи. Во тој извештај токму Хашим Тачи, миленикот на Вашингтон и на владејачките демократи (Медлин Олбрајт), е посочен како мозок на операцијата и водач на косовската мафија. Нивниот проект Независно Косово е замрзнат и неизвесен. Во случајот со БиХ, Дејтон е чист американски производ со потпис на демократите и како таков МОРА да биде успешен, особено во контекст на големите промашувања во Ирак и Авганистан, неуспехот во преговорите со Израел и со Палестина, компромитацијата со северноафриканските револуции, бомбардирањето на Либија. На демократите им претстојат претседателски избори. А познато е дека во изборна година на САД, светот е збогатен со „мали“ војни и нагло одмрзнати регионални проблеми што Вашингтон „умее“ да ги реши, а тоа ги стимулира американските гласачи.

    Ваквиот глобален амбиент и индикативните настани во нашето непосредно соседство, но и дома, мора да го вклучат алармот на државната политика. Самиот факт дека повторно, овој пат со посредство на Брисел, Србија ја разработува идејата за поделба на Косово, а Вашингтон, Тирана, Приштина и Тетово молчат, е доволно алармантен за Македонија, која во таков случај секогаш влегува во „пакет“ за финалната разрврска. Новата радикализација на политичките програми на Албанците за овие избори, кои далеку ја надминуваат и рамката од Охрид, а се промовираат токму на дваесетгодишниот јубилеј, подготвеноста на СДСМ да дојде на власт по секоја цена и во коалиција со сите албански партии (за ова им говорат на своите симпатизери и членови), промоцијата на идејата за промовирање некаков торбешки народ, појавата на идејата за автономија на Санџак, која ја најавува главниот српски муфтија Муамер Зкорлиќ и создавањето на Санџачката лига во Македонија се дополнителни индикатори, кои упатуваат на можноста за дестабилизација на регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

    На крајот да потсетиме дека во анализата на Стратфор (кој го нарекуваат уште и приватна ЦИА) за состојбите во Грција и нејзините перспективи, која ја објави „Нова Македонија“ во бројот од 29 април годинава, стои констатацијата дека оваа држава може да се спаси само во случај на некоја поголема дестабилизација на Балканот, која би го вратила вниманието на светските геополитички играчи.

    Да се надеваме дека овој пат Македонија нема да води политика на исчекување, молчење и пасивност, тешејќи се со „белки нема да нé стрефи“ и кој нé прашува нас, ептен сме мали и безначајни за што било да преземеме“.



    Во изминативе месеци балканското тло се подзатресува на нестандарден начин: Срби протестираат во Косовска Митровица


    Нови искушенија за Македонија
    САД и Брисел имаат проблем со Македонија, која од денот на прогласената независност им ги помати сметките и им ги наруши плановите. Неочекувано се појави на светската мапа на држави, иако тие не ја планираа при распадот на СФРЈ. Македонија е проблем и за своите соседи, кои до ден-денес неволно ја признаваат, но и ја оспоруваат. Како таква сé уште има улога на монета за поткусурување во регионалните игри на големите играчи. Оттука, таа е ранлива, длабоко изорана од секакви разузнавачки и подривачки мрежи што си најдоа свои домашни соработници.
    По 20 години опстојување во речиси невозможни услови, соочена со секакви уцени и притисоци, македонската држава покажа жилавост за восхит, демонстрира самоодржливост и талент за опстанок. Ама сé уште не е готово! Очигледно ни претстојат нови искушенија доколку нагло се отворат преговори за поделба на Косово. Фала богу што овој пат барем имаме дефинирана и официјализирана меѓудржавна граница. Во таков случај, уште отсега треба да се преземаат самозаштитни мерки, да се искаже недвосмислено консензусен јасен државен став, што нема да е лесно да се формулира (заради албанските политичари со нивните врски со Косово), да се бараат силни партнери за поддршка на тој став, да се работи засилено на домашниот амбиент, да се засилат институциите задолжени за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет за да не ни се случи уште некоја фингерајка како во 2001-та и секако, да се заострат критериумите за избор на државни функционери и политичари.


    Англоамерикански продукт
    Независноста на Косово како англоамерикански продукт немаше за цел само да го порази Слободан Милошевиќ, да ја казни Србија за војните во СФРЈ, туку и многу прагматична економска димензија. Како што е познато, војни се водат, држави се окупираат првенствено заради богатства, суровини и енергенси и ресурси. Косово има ретки руди и минерали и јаглен чии резерви се проценети на неверојатни 1.300 години експлоатација. Формалноправно, по отцепувањето на Косово и по прогласувањето на неговата независност, Србија сепак останува сопственик на тоа богатство. Западот со окупација може само привремено да го експлоатира и на крајот повторно ќе мора да се договара со фактичкиот сопственик. Во тоа е проблемот и во тоа треба да се гледа правецот на евентуалните идни договарања помеѓу Белград и Вашингтон, односно Брисел, во кои нужно ќе биде вклучена и Москва како стратегиски партнер на Србија.

    izvor: http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...tIzdanie=22286
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    #2
    // (Albanian politicians for their links with Kosovo), to seek strong partners to support this attitude, it is increasingly the home setting, to strengthen institutions responsible for defending the sovereignty and territorial integrity for not happened yet as a fingerajka in 2001 and of course, be strengthened criteria for selection of government officials and politicians .""
    The albanians have allways wanted a greater albania.Particularly the albanians of macedonia wanting to link with kosovo.They want their people to travel freely & secede from macedonia.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV

    Comment

    Working...
    X