Тетовец загина во несреќа во Ирак
Скопје /26/12/ 16:27
Мерсим Адеми загина во несреќа Ирак, соопшти попладнево компанијата Еколог, која го ангажирала работникот
Адеми денеска беше погребан на градските гробишта во Тетово
Несреќата се случила во средата во кампот на американската војска „Summerall“во близина на градот Беџи, околу 200 километри северно од Багдад, каде Мерсим се здобил со тешки повреди на станица за гориво.
„Покрај сите напори за надминување на здобиените повреди, тие беа фатални и кобни за нашиот Мерсим“, соопшти Еколог.
„Случајот продолжува да се истражува од припадниците на американската војска за да се расветлат сите околности кои доведоа до оваа наша голема загуба“, наведува компанијата.
Адеми работел во Ирак од 2005 година и како еден од истакнатите и одговорни работници,често пати бил наградуван.
„Целиот тим на Еколог ја споделува болката и жалењето со семејството на починатиот поради што изразуваме сочуство на семејството и длабоко жалење за ова заедничка голема загуба“, вели компанијата./крај/с/ил
Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Comment