Култот на Големата Мајка бил централен култ на античките Македонци.
Овој култ потврден од големиот број на археолошки наоди, особено во северните региони на Република Македонија, почнал да се шири насекаде на Балканот и се смета дека бил првиот култ на домородното население.
Доколку се обидеме да ја објасниме етимологијата на името "Македонија", според тезата на грчката историографија, дека тоа потекнува од старогрчкиот збор μακεδνός (Македнос) со оригинално значење " високи" или " планинец ", како описен збор за луѓето, за жал, античките Македонци никогаш не биле претставени како високи луѓе, ниту коските кои се ископани насекаде во регионот на Македонија не им припаѓале на високи луѓе.
Старите Македонци биле со средна височина, како што е наведено од страна на многу историчари.
Наместо тоа, многу поверојатно е да се претпостави дека името Македонија (Македонци) може да биде поврзано со овдешните домашни култови, а токму во Големата Мајка (Магна Матер) претставена е нивната врховна божица.
Доколку се прекрши името Маке-донија и етимолошки ги дефинираме двата дела, го добиваме следново:
а) МА – како основа од МАКЕ означува - жена, мајка во сите индоевропски јазици.
Како примери можеме да ги наведеме “Матер“ на латински, “Мадре“ на шпански, “Мама“ на англиски и “Мајка“ на македонски и останатите словенски јазици.
Важно да се напомене е дека *МА е алтернативното име на трачко-бригиската божица Земеле, во превод “Мајка на земјата“, а коренот на ова античко име и денеска опстојува единствено во словенските јазици како име за почва, хумус – Земја/Земља/Земље/Земла/Зиемиа и сл.
б) ДОН – ДИОН(А) означува - Бог, божество, божица.
Култот на Големата Мајка е познат и од античката беседа Диона од Додона.
Диона е индоевропско име кое претставува титула – Божица, етимолошки женска форма од Зевс.
И Афродита понекогаш била именувана како „Дионаеа“ или „Дионе“, односно “божица“. [1]
Светилиштето Дион во подножјето на Олимп во јужниот дел на Македонија, беше главниот религиозен центар на Македонците. Таму ги собрал Александар своите војски пред да тргне во својот освојувачки поход.
Од приложеното произлегува дека МАКЕ-ДОНИЈА претставува земја на Божицата Ма, позната уште како и божицата Голема Мајка, Мајка на Земјата, Божица на Плодноста, Мајка на Раѓањето, Гаја, Ѕебеле/Земеле и др.
Во Македонија, Големата мајка (Магна матер) беше најобожуваниот култ во неолитот. Најраниот запис датира од периодот од 6500-3500 п.н.е. и до денес сме сведоци на силниот белег кој го оставил матријархатот врз овдешните култури и верувања, кој се зачувал во името на Македонија и Македонците.

A comparative grammar of the Sanskrit, Zend, Greek, Latin, Lithuanian, Gothic, German, and Sclavonic languages: By Professor F. Bopp. 1856
Ова дело на германскиот професор Боп, уште во далечната 1856 година доаѓа можеби најблиску до нашиот заклучок служејќи се со етимологијата од Санскритот, кој е еден од најстарите запишани јазици, инаку и тој е дел на Индо-Европските јазици во кои припаѓа и македонскиот и преостанатите словенски (и др. европски) јазици.
Македонија е мајка на сите Македонци!

* Маке - дионае *