Мирен протест организиран од група граѓани ќе се одржи вечерва на плоштадот „Македонија“, како поддршка на револтот на грчкиот народ.
На протестот, како што е соопштено, се поканети сите добронамерни и политички свесни граѓани, кои сè уште веруваат во моќта на обичниот човек.
Вакви протести денеска ќе се одржат низ цела Европа, а имаат за цел израз на солидарност со грчкиот народ, револт против генерално лошата економска, политичка, културна и пред сè социјална состојба низ целиот свет.
Comment