Нимиц закажа нова рунда за 11 септември

Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името, Метју Нимиц, ги повика претставниците на двете земји на нова средба во Њујорк на 11 септември, соопшти прес-службата на светската организација.Во кусото соопштение се наведува само дека целта на средбата на медијаторот Нимиц со амбасадорите Никола Димитров и Адемантиос Василакис е продолжување на разговорите за прашањето за името. Не се прецизира дали Нимиц ќе има одделни или заедничка средба со Димитров и со Василакис.
Грчкиот весник „Елефтерос типос“ пишува дека претставници на грчката дипломатија даваат две можности: првата е да им се претстави на преговарачките тимови предлог за име, што ќе треба тие да го разгледаат до сесијата на Генералното собрание на ООН или, пак, преговорите да се подигнат на ниво на министри. Втората можност е на средбата да се разгледа пакетот идеи што претходно беше предложен од медијаторот Нимиц, и на таа основа посредникот да презентира нов предлог за име, во рамките на ГС на ООН.

Comment