Македонскиот јазик исчезна и во ООН

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Македонскиот јазик исчезна и во ООН

    Македонскиот јазик исчезна и во ООН

    Во регистарот на ООН кој ги содржи основните податоци за секоја членка во светската организација како на пример името на државата, граѓани, јазикот, ја нема веќе придавката „македонски“ со која се именуваше јазикот на земјава.

    Како што пренесува весникот Дневник, не е познато од кога и поради кои причини е направена промената во именувањето на македонскиот јазик.

    Во Регистарот името на Македонија е со времената референца Поранешна Југословенска Република Македонија, а националноста е определена како „на граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија“.

    Како што дознава Канал5 покрај промената не се однесува само во графата на јазикот кој се зборува во државата, туку има и промена во француската и шпанската верзија на истиот регистар каде што досега покрај времената референца во именувањето на нацијата стоеше „македонски“. Се уште не се знае кога е направена промената, а во моментов придавката „македонски“ не е заменета со друг збор во графата на јазикот. Делот е празен.

    Очигледно е дека евроамбасадорот Фуере кој пред два дена во Скопје изјави дека ЕУ се води според упатствата на ООН знаел за оваа промена за која патем ништо не знаеле македонските власти ниту пак македонските претставници во ООН.

    izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=67120
  • Bratot
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 2855

    #2
    Колку што јас имав читано, тоа никогаш не ни било случај да сме именувани со Македонци и јзикот Македонски.

    Очигледно Дневник се обидува да претстави наводни порази на Владава, наводно сега дошло до губење на одредени “позиции“.

    На ист начин како што се обиде да направи компромитација на Македонија со натписот за Бразилката Дилма со бугарско потекло.
    The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot

    Comment

    • DedoAleko
      Member
      • Jun 2009
      • 969

      #3
      Македонскиот јазик исчезна и во ООН- Македонија ги прекинува преговорите со Грција?

      Три дена откако во извештајот на Европската комисија исчезна придавката „македонски“ сличен скандал се случи и во Обединетите нации. Го снема зборот „македонски“ во графата со која се опишуваше името на македонскиот јазик.

      Експертите велат дека во неколку наврати досега биле менувани информациите за Македонија во регистарот каде се даваат основните информации за името , нацијата и јазикот на земјите членки на светската организација, но дека сега за првпат за ова дознава јавноста. Во претходните случаи грешката секогаш била поправана по реакцијата на македонските власти.

      Дополнително во Регистарот на светската организација во делот на француски и шпански и руски јазик исчезна и терминот „македонски“ со кој се дообјаснува националноста. Сега наместо двојниот опис со времената референца и зборот „македонски“ остана само името под кое сме примени во Обединетите нации.

      Македонскиот државен врв ќе ги искористат сите дипломатски и правни средства за да ги спречат во иднина ваквите ситуации. Во текот на вчерашниот и денешниот ден биле направени дипломатски напори и извршени телефонски разговори со сите кои што имаат ингеренции за овој регистер. Иако нема владина потврда, Канал 5 дознава дека една од опциите која се разгледува од државниот врв по двата случаи во кои настрада придавката „македонски“ е привремен прекин на преговорите со Грција.

      Неофицијално од извори во Светската организација се претпоставува дека исчезнувањето на придавката „македонски“ е направена по препорака на висок грчки претставник во Обединетите нации кои има моќ да наложи промена на Регистарот.

      Нема коментар за ваквите информации од страна на македонските власти. Денеска ниту претседателот, ниту премиерот јавно не го коментираа ваквиот развој на настаните со придавката „македонски“ од кој се појасно станува дека името не е единствениот проблем со Грција.

      izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=67120

      Comment

      • Homer MakeDonski
        Member
        • Jan 2010
        • 103

        #4


        Ајде со аирлија
        Доста понизност и дупелижење,
        Стоп за најглупавите преговори во историјатот на човештвото ..
        Горе главата.
        Македонците и Македонија напред кон сопственото.

        Comment

        • DedoAleko
          Member
          • Jun 2009
          • 969

          #5
          Sega sitel veli: "Македонија може да прогласи мораториум на преговорите за името со грција, доколку Обединетите нации во личната карта не го вратат македонскиот јазик во графата."
          izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...#comment-30951

          Znaci ako go vratat makedonskiot jazik vo grafata ebenjeto moze da prodolzi!
          KATASTROFA!
          Last edited by DedoAleko; 11-13-2010, 11:37 AM.

          Comment

          • Risto the Great
            Senior Member
            • Sep 2008
            • 15658

            #6
            Дипломатски извори за Сител велат дека ова не е прв пат од графата за јазици, да биде избришан македонскиот јазик. Досега преку дипломатски канали секогаш било интервенирано и грешките исправани.

            Последен пат тоа се случило пред околу две години, кога по интервенција на министерот за надворешни, Антонио Милошоски, празната графа повторно била пополнета со терминот македонски, мацедониан.

            Кој стои зад овој упад во интернет личната карта на Македонија, засега нема официјални информации. МНР, велат нашите извори, реагирало, но како што дознава Сител, евентуален негативен одговор од Њујорк, лесно може да значи и блокада на преговорите за името, бидејќи токму Обединетите нации се медијатор на преговорите.

            Истите извори велат дека недозволиво е на овој начин, некој на Ист ривер да врши провокации, бидејќи за Обединетите нации, ниту јазикот, ниту идентитетот на народот е неспорен и тој не е дел од преговарачкиот процес.

            Пред извесно време од личната карта на Македонија, повторно исчезна името на јазикот на кој се зборува во Македонија. Интересна е коинциденцијата, што во ист период и во македонскиот јазик беше избришан и во годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.

            Домашни експерти не сакаат да веруваат дека станува збор за координирана активност.
            It is a war and some are still playing games.
            Risto the Great
            MACEDONIA:ANHEDONIA
            "Holding my breath for the revolution."

            Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

            Comment

            • DedoAleko
              Member
              • Jun 2009
              • 969

              #7
              Originally posted by Risto the Great View Post
              It is a war and some are still playing games.
              RTG, mene mi stoi deka segashnava vlast e souchesnik vo celava ovaa rabota so obedinetite nacii.Dodeka tie se "borat" za zacuvuvanje na identitetot i jazikot, nivnata "borba" za imeto pagja vo vtor plan ili voopsto ne go spomnuvaat.
              Eve sto veli Ivanov denes:

              "Иванов: Нема да попуштиме на посегањата по идентитетот


              Пефридна игра. Тоа за претседателот Ѓорѓе Иванов е бришењето на македонскиот јазик од личната карта на Македонија во Обединетите нации.

              Со такви игри Македонија се соочува уште од своојата независност, и токму затоа сега е времето кога треба да се покаже дека во Македонија има консензус по прашања кои поврзани со јазикот и македонскиот индетитет.

              - Со самото тоа што покажавме како треба да се делува во такви ситуации, со тоа што се обидинивме сите околу овој проблем, региравме веднаш, укажува дека нема да попуштиме на никој што ќе се обиде на ваков начин да посегне по нашиот идентитет, да ни го одземе она нешто што ни го оставиле во наследство нашите претци, а кои ние треба да го сочуваме за нашите потомци. На секој сличен обид ќе реагираме на сличен начин и ќе го чуваме она што е наш идентитет - изјави претседателот Ѓорге Иванов.

              Иванов смета дека мораториум на преговорите не е најдобрата опција за Македонија.

              Земјата останува посветена на преговорите со посредство на Обединетите нации и очекува изнаоѓање решение во тие рамки кое нема да биде спротивно на интересите на Македонците за зачувување на јазикот и идентитетот.

              На новинарско прашање дали идејата за мораториум на преговорите за името што излезе во медиумите е добар начин на борба против, како што оцени, перфидната игра против Македонија, Иванов со одговор:

              - „Не, ние остануваме доследни на процесот во Обединети нации. Ние сме конструктивен фактор, придонесуваме со се да се дојде до решение, меѓутоа за секој ваков перфиден обид да се влијае на целиот процес ќе ги искористиме сите наши пријатели и врски што ги имаме во нашата дипломатска мрежа“.

              Извори на Сител од кабинетот на претседателот брифираат дека изминатава ноќ се водела вистинска битка за враќање на името Македонски во графата за јазикот.

              Цела ноќ македонската дипломатија била во контакт со Обединетите нации и посредникот во спорот Метју Нимиц.

              Најпрво во графата било вратено името Македонија, а во заграда пишувало, јазик на жителите на ПЈРМ, а подоцна, по жестоки реакции на македонскиот дипломатски врв, дополнувањето во заградата било избришано."

              izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...po-identitetot

              Comment

              • Homer MakeDonski
                Member
                • Jan 2010
                • 103

                #8
                Знае ли ова нешто кое што има функција министер на МНР дека не постои нито повеќе од една Македонија

                antonio miloshoski
                long live the macedonian language ! Poslednata proverka na un web-stranata "unterm.un.org" pokazuva deka vo svetskata organizacija se zavedeni nad 160 razlicni jazici, no samo eden e makedonski, macedonian! Na nacionalisticki inspiriranite komshiski diplomati sakam samo da im se zablagodaram sto (ne)svesno go davaat svojot pridones da se cue ponadaleku za nas kako zemja, kultura, narod i jazik .., macedonian
                http://www.facebook.com/permalink.ph...00000578651409

                Comment

                • indigen
                  Senior Member
                  • May 2009
                  • 1558

                  #9
                  Originally posted by dedoaleko View Post
                  rtg, mene mi stoi deka segashnava vlast e souchesnik vo celava ovaa rabota so obedinetite nacii.dodeka tie se "borat" za zacuvuvanje na identitetot i jazikot, nivnata "borba" za imeto pagja vo vtor plan ili voopsto ne go spomnuvaat.
                  eve sto veli ivanov denes:

                  "Иванов: Нема да попуштиме на посегањата по идентитетот


                  Пефридна игра. Тоа за претседателот Ѓорѓе Иванов е бришењето на македонскиот јазик од личната карта на Македонија во Обединетите нации.

                  Со такви игри Македонија се соочува уште од своојата независност, и токму затоа сега е времето кога треба да се покаже дека во Македонија има консензус по прашања кои поврзани со јазикот и македонскиот индетитет.

                  - Со самото тоа што покажавме како треба да се делува во такви ситуации, со тоа што се обидинивме сите околу овој проблем, региравме веднаш, укажува дека нема да попуштиме на никој што ќе се обиде на ваков начин да посегне по нашиот идентитет, да ни го одземе она нешто што ни го оставиле во наследство нашите претци, а кои ние треба да го сочуваме за нашите потомци. На секој сличен обид ќе реагираме на сличен начин и ќе го чуваме она што е наш идентитет - изјави претседателот Ѓорге Иванов.

                  Иванов смета дека мораториум на преговорите не е најдобрата опција за Македонија.

                  Земјата останува посветена на преговорите со посредство на Обединетите нации и очекува изнаоѓање решение во тие рамки кое нема да биде спротивно на интересите на Македонците за зачувување на јазикот и идентитетот.

                  На новинарско прашање дали идејата за мораториум на преговорите за името што излезе во медиумите е добар начин на борба против, како што оцени, перфидната игра против Македонија, Иванов со одговор:

                  - „Не, ние остануваме доследни на процесот во Обединети нации. Ние сме конструктивен фактор, придонесуваме со се да се дојде до решение, меѓутоа за секој ваков перфиден обид да се влијае на целиот процес ќе ги искористиме сите наши пријатели и врски што ги имаме во нашата дипломатска мрежа“.

                  Извори на Сител од кабинетот на претседателот брифираат дека изминатава ноќ се водела вистинска битка за враќање на името Македонски во графата за јазикот.

                  Цела ноќ македонската дипломатија била во контакт со Обединетите нации и посредникот во спорот Метју Нимиц.

                  Најпрво во графата било вратено името Македонија, а во заграда пишувало, јазик на жителите на ПЈРМ, а подоцна, по жестоки реакции на македонскиот дипломатски врв, дополнувањето во заградата било избришано."

                  izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...po-identitetot
                  Точно така некао, ДедоАлеко! Јас мислам дека тие дури и ДОМА - во Македонија, која привремено (ќе видиме наскоро дали само тука ќе запрат?) ја прекрстија во „Република Македонија“, одбегнуваат да спомнат Македонија, Македонци, Македонски народ, жители, луѓе и скоро се што означува македонско. Тие на секоја можност сакаат само да спомнуваат за ГРАЃАНИТЕ на ова и на она. Тоа е 20 годишна ГРАЃАНОИДСКА програма за ДЕКОНСТРУКЦИЈА на македонскиот ентитет и претворање во нешто ново - ГРАЃАНСКО и ОБЕЗЛИЧЕНО.

                  Comment

                  Working...
                  X