
Претседателот на 62. Генерално собрание на ООН, д-р Срѓан Керим, вчера е одликуван со Орден за заслуги на Сојузна Република Германија, највисокото државно признание на таа земја, кое се доделува за заслуги од општо добро.Во име на германскиот претседател Хорст Келер, на Керим орденот му го врачи амбасадорката на СРГ во Скопје, Улрике Марија Кноц.
- Денешниот ден за мене е Монт Еверест. Вие секогаш се залагавте за решавање на релевантните теми, како што се безбедноста на Балканот или на глобалните прашања какви што се тероризмот и климатските промени - рече амбасадорката Кноц на доделувањето на орденот.Заблагодарувајќи се за високото признание, д-р Керим рече дека секогаш работел за доброто на Македонија и за пријателските односи со Германија.
- Признанието што го добив и ме обврзува. Јас и понатаму ќе работам за продлабочување на тоа пријателство, како и за тоа Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Ние во ВАЦ ќе дадеме придонес за тоа интегрирање - рече Керим.Орденот за заслуги на СРГ се доделува од 1951 година.