Yugoslavian documents provide arguments against Greece

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Bratot
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 2855

    Yugoslavian documents provide arguments against Greece

    Со предлог од македонска страна за обнова на неколку постари југословенско-грчки договори, во кои Грција неброено многу пати ги признава Македонците и Македонија, Груевски може уште еднаш да ја покаже добрата волја за решавање на билатералниот проблем.


    ---


    Постарите гевгеличани, дојранци и битолчани сигурно се сеќаваат како оделе на шопинг во Солун со македонски лични карти, а на некои од нив родени во Егејска Македонија пишувало Солун, наместо Тесалоники, или Лерин, наместо Флорина. Оваа слобода траела точно 20 години и ништо невообичаено не се случило ниту во Грција, ниту пак во Македонија. Колку што гледаме, никој не загубил ништо од сопствениот идентитет.

    За подетално да се регулира ваквото погранично движење, тогашната Федеративна Народна Република Југославија на 18 јуни 1959 година со Кралството Грција во Атина потпишала договор за пограничен промет. Оваа уредба е објавена во „Службениот весник“ на ФНРЈ на 6 август 1960 година. Со оваа уредба се уредуваше движење на граѓаните од двете страни на границата во длабочина од 10 километри, вклучувајќи ги тука жителите на Битола и на Лерин. Граѓаните на двете држави уште тогаш имале право да ги преоѓаат граничните премини само со лични документи. Тој документ бил личната карта на Народна Република Македонија, на македонски јазик и, за чудо, валиден и разбирлив за тогашните грчки цариници и полицајци. Во последниот член од договорот стои дека тој се обновува автоматски на секои две години, доколку една од страните не го прекине, а за тоа треба да ја извести другата страна шест месеци пред истекување на договорот.

    Не е лошо премиерот Никола Груевски да ги има на увид овие договори кога на неговиот грчки колега Јоргос Папандреу ќе му предлага мерки за подобрување на меѓусоседските односи, како што беше предлогот за отворање на граничниот премин Маркова Нога за време на последната нивна средба во Преспа, во селото Винени.

    - Не знам кој го прекина, ама знам дека оваа уредба престана да важи од 1980 година. Мојата сопруга е од Гевгелија, таа многу често патуваше во Грција само со лична карта - се сети професорот по меѓународно право на ФОН Лазар Лазаров кога го прашавме за овој документ.

    Но, и ако не беше прекината, уредбата по автоматизам ќе престанеше да важи по пропаѓањето на Југославија.

    - Но ако Македонија се јави како правен наследник и се повика на овој или некој друг сличен документ, тогаш истото ќе го сторат и другите републики, значи не е можно да важи повеќе. Оваа не е ситуација како со СССР, каде што Русија се прогласи за единствен правен наследник на Советскиот Сојуз - објаснува Душан Бојчев, долгогодишен советник по меѓународни односи на поранешниот претседател Киро Глигоров.

    Но овој договор не е единствениот што би можел да му послужи на Груевски. Кога нашиот премиер утре пак ќе се расправа со францускиот претседател Саркози, би можел да му го покаже документот од 1946 година, кога Франција ја признава Југославија. Таму меѓу другото се наведува дека „Франција ја признава ДНРЈ (Демократска Народна Република Југославија) со сите нејзини составни републики, Македонија, Србија, Босна...“ Професорот Лазаров очекува наскоро да го добие овој документ.

    Груевски би можел на бирократите во Брисел да им го покаже и договорот за економска соработка меѓу Југославија и Европската економска заедница (ЕЕЗ) од 1967 година, како прва држава што направила ваков договор со ЕЕЗ. На сојузниците од НАТО, нашиот премиер може да им го прочита договорот за воена соработка, како што пишува Лазаров во својата книга, меѓу Југославија, Грција и Турција, потпишан во Анкара на 28 февруари 1953 година. Со оглед дека договорот бил спонзориран од САД, практично ние уште тогаш сме биле дел од јужното крило на НАТО.

    И Папандреу би можел да го прочита договорот со кој Југославија имаше слободна економска зона на солунското пристаниште до 1974 година.

    Предлогот за обнова на овие договори од македонска страна за подобрување на односите со Грција би можел да биде проследен со едноставното прашање како Грција толку години ја преживуваше сета оваа соработка со иредентистичките скопјани.

    Груевски: Секоја помош за спорот е добредојдена

    Понудата на српскиот претседател Борис Тадиќ да посредува во решавањето на спорот со Грција е добронамерна и ние прифаќаме секаква помош по тоа прашање, изјави завчера премиерот Никола Груевски. Тој при неговата посета на Ерусалим порача дека секоја помош била добредојдена.

    - Понудата на Тадиќ е добронамерна. Тој не е ни прв ни последен од политичарите што сакаат да се инволвираат во спорот и да помогнат. Многумина досега се обиделе, а некои само посакале да помогнат. Секој што сака да помогне е добредојден да помогне - изјави Груевски.

    Премиерот нагласи дека истата порака ќе им ја упател и на другите политичари што во иднина ќе се понуделе за посредување во спорот со името.

    Во врска со изјавата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека Грција и Македонија треба да се сретнат на пола пат за решавање на спорот и дека Македонија треба да го изоди тој пат, Груевски рече дека ја слушнал таа изјава пред некој ден и не би ја коментирал многу.

    - Имам впечаток дека понекогаш грчката страна го говори тоа што сака да го слушне Брисел, а го прави тоа што сакаат да го видат нивните граѓани - рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

    Инаку, српскиот претседател Тадиќ неодамна се понуди да посредува и во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ.
    Автор: Александар Божиновски

    The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    Some very powerful arguments here.
    Thanks Bratot.
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    • Daskalot
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 4345

      #3
      Very good information Bratot, we need an English translation of it so our southern neighbors can understand it and appreciate it as we Macedonians do.
      Macedonian Truth Organisation

      Comment

      Working...
      X