Директорот на управата за заштита на културното наследство и најзаслужниот за археолошките откритија во Македонија, археологот Паско Кузман, стана дедо. Тој викендов го доби првото внуче и тоа, прво па машко. По 4 ќерки, од кои две близначки, на Паско, кој вчера не ја криеше радоста, очигледно му се исполни желбата. Тој стана горд дедо.
Неговото кусо доцнење на вчерашната прес-конференција во Министерството за култура беше оправдано од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која и ја откри радосната вест.
На прашањето од новинарите дали внукот ќе се вика Паско според него или можеби Александар, тој со насмевка на лицето појасни дека секој човек е личност за себе.
- Внукот сигурно нема да се вика според мене, и јас самиот не би сакал, меѓутоа најверојатно ќе биде крстен Евгениј. Внукот е од едната од ќерките близначки на Паско Кузман, Калина.