Македонија сака поддршка од Неврзаните

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • voden-lerin
    Junior Member
    • May 2009
    • 28

    Македонија сака поддршка од Неврзаните



    Македонија сака поддршка од Неврзаните

    Скопје 15 јули 2009

    Зоран Дабиќ, прв човек на Директоратот за политичко-безбедносна соработка и мултилатерални односи, ја предводи македонската делегација на Самитот на неврзаните што деновиве (13-16 јули) се одржува во египетското летувалиште Шарм ел Шеик.
    Битката за храна, економската и светската финансиска криза, како и конфликтите во делови од светот ќе се најдат на дневниот ред на состанокот на

    118-те земји-членки на Неврзаните. Воедно, во Шарм ел Шеик, Куба ќе го предаде претседавањето со Движењето на Египет, јавија агенциите.

    Присуството на високиот претставник на македонското Министерство за надворешни доаѓа по поканата од Движењето на неврзаните Македонија во својство на гостин да биде присутна на 15. состанок на врвот на најмногубројната организација на светот (по ОН). Ова е прво учество на Македонија на самит на Движењето на неврзаните, што беше за очекување откако во април земјава беше присутна на Министерската конференција што се одржа во Хавана, главен град на земјата досегашен претседавач со Движењето.

    Присуството на Самитот е резултат на определбата на Македонија за политика на активен мултилатерализам, кој во меѓународната арена може особено да биде искористен од страна на помалите држави како инструмент за обезбедување широка меѓународна поддршка за решавање важни прашања, се вели во соопштението од македонското МНР, во кое се најавува учество и на македонската делегација. Во Министерството одбија да коментираат на тема дали учеството на состанокот е обид на Македонија за „врзување со неврзаните“, околу која во земјава се разви дебата по Конференцијата во Хавана, односно дали ова значи напуштање на определбата на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО.

    „Таквата конструкција е апсурдна“, беше единствениот коментар. Од МНР, инаку, уште во неделата информираа дека македонската делегација нема да биде единствена од бившите републики од СФРЈ (една од основачите и лидери на Движењето на неврзаните) што ќе биде присутна во Шарм ел Шеик.

    Своето присуство во Египет го потврдија српскиот претседател и министерот за надворешни работи, Борис Тадиќ и Вук Јеремиќ, хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

    Хрватска, инаку, преку поддршката што ја доби главно од членките на Движењето, успеа да стане непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации. Србија во септември минатата година го обезбеди потребното мнозинство во ОН за поведување постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за оценување на легитимноста на прогласената независност на Косово. Движењето на неврзаните е формирано во 1961 година и моментно има 118 членки, во кои живее 56 отсто од светската популација.
Working...
X