A must read !!!

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    A must read !!!

    Македонија е Македонија, а Македонците се Македонци

    На 25 мај 2009 година во Скопје излезе од печат „Букварот“ - долгоочекуваната книга на г-ѓата Маргарита Китан Ивановска, која со многу амбициозна содржина направи многугодишни напори од лингвистички и друг аспект да презентира едно свое видување за вистината на светот за Македонија, за античко - македонскиот јазик, за Пелазгите и Китите, за етрурскиот и венетскиот јазик, за Словените и Прасловените, презентирајќи исто така и поговор, користена литература и кратенки



    Навлегувајќи длабоко во вековите и испитувајќи го познатото и непознатото, почитуваната авторка во својот труд, кој има елементи на компилација од повеќеслојна испитувачка дејност на повеќе домашни и странски автори, та користејќи разновидни методи (аналитичко - синтетички, споредбен, историски, палатализација, карактеристичен македонски механизам на зборообразување итн.) се обидува да ја докаже однапред поставената библиска теза дека сите народи потекнуваат од еден народ и дека сите денешни јазици имаат свој заеднички прајазик.

    Секое лингвистичко и друго испитување, кое сака да ги отстрани заблудите на минатото, може да произведе и своја нова заблуда, ако се пренебрегне праисторискиот и историскиот принцип, редоследот на хронолошката вистина или периодизација и ако испитувачот стане „зависник“ на сопствената хипотетична претстава на претпоставената вистина. Таквото опасно изместување на нештата или таквата метатеза создава проблематична доказна постапка со сиот збир на непрецизности и разновидности на избраната или селектираната компилативна структура.

    Сериозниот обид на авторката да убеди секој претенциозен читател дека „современите Македонци се Кити“, односно дека се „континуитет на античките Македонци, на Китите, Бригите, Мизите, Пелазгите, Тројанците, Прасловените“ содржи во себе метатезен анахронизам, т.е. очигледна контрадикторност на објективноста и вистинитоста на категориите „Простор“ и „Време“, т.е. во сета своја предисториска и историска суштина содржи еден вид апсурдна ситуација. Имено, Македонците, кои имаат македонски јазик и македонска писмена традиција најмалку 40.000 години и во континуитетот на Македонската Цивилизација се посведочени со „МАКЕДОНИЈА“ и „МАКЕДОНЦИ“ најмалку пред 17.000 години, не можат да „потекнуваат“ од племиња и народи кои во историската сцена се појавиле околу или после Тројанската војна (1193 - 1183 г.п.н.е.). Следствено, според законот на идентитетот, Македонија е Македонија, а Македонците се Македонци во сите временски периоди и затоа Македонците никако не можат да бидат „Кити, Бриги, Мизи, Пелазги, Тројанци, Прасловени“ итн. туку обратно: и Китите, и Бригите, и Фригите, и Мизите, и Пелазгите, и Илирите, и Тракијците, и Тројанците, и Етрурците, и Лидијците, и Ликијците, и Скитите итн., т.е. и таканаречените „Прасловени“ можат да бидат само македонски племиња или подоцнежни народи, кои потекнуваат од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД на Великата Зета МАКЕДОНИЈА со територија најмалку од Атлантикот до Урал и од Балтикот до африканските предели.

    Наводната прецизна „лингвистичка алатка“ или строгиот „лингвистички механизам“, со кои изобилува доказната постапка во „Букварот“, стануваат многу индикативни, сомнителни да не речеме тенденциозни во однос на разновидниот компилативен материјал од различно праисториско и историско потекло, бидејќи секој сериозен научник ќе ја согледа некомпатибилноста на споредбениот материјал од несоодветно време во несоодветен простор. Изместените вредности на метатезите, кои се резултат на подоцнежни дериватни состојби од историското и библиското време, не можат да бидат соодветни за палеолитскиот или неолитскиот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК во тоа првобитно време на неверојатно опширниот палеолитски и неолитски даден простор.


    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Pelister
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 2742

    #2
    Whats it say?

    Comment

    Working...
    X