Груевски за „Ди велт“: Да престанат блокади

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Груевски за „Ди велт“: Да престанат блокади

    Хрватска и Албанија на претстојниот јубилеен самит на НАТО ќе станат дел од Алијансата. Се радуваме поради тоа, но разочарани сме што и Македонија нема да биде со нив, иако ги исполни сите услови за членство, пишува премиерот Никола Груевски во колумната за вчерашното издание на германскиот весник „Ди велт“.
    „Македонија, како и другите земји, ги исполни условите за членство во НАТО. Нашето место дури и потешко си го заработивме од останатите, преку долгогодишната поддршка на НАТО во косовската криза. Македонските мировници се целосно ангажирани во Авганистан, а учествувавме и во Ирак. Но, на самитот во Букурешт во 2008 година од страна на Грција одеднаш беше воведен нов критериум за нашето членство: промена на нашето име“, истакнува Груевски.
    Според него, Атина во името Република Македонија гледа непосредна опасност по својот национален суверенитет.
    „Ова прашање во најдобар случај би било вредно за академска расправа. Но, токму поради тоа, Грција против нас воведе повеќегодишно економско ембарго, а сега го бојкотира нашето членство во НАТО и во ЕУ. Ова се случи и покрај тоа што во 1995 година со нас потпиша спогодба, која ја обврзува Атина да го допушти нашето членство во меѓународни организации доколку тоа се случува со привремената референца. Ова за нив очигледно веќе не важи. И покрај нашиот ангажман за НАТО, нашиот сосед го бојкотира членството на Македонија во Алијансата и под привремената референца’“, наведува Груевски.
    Тој вели дека во спорот за името Македонија е подготвена и натаму да преговора со посредство на Метју Нимиц, но нема да дозволи уцени.
    nash vojvoda nikolche
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X