Античката палата ги налути амбасадорите
Странските амбасадори вршат притисок врз Владата да го запре именувањето на објекти со имиња од античкиот период. Неколкумина амбасадори од водечките земји на ЕУ во земјава деновиве реагирале до Владата дека изградбата на нови објекти во антички стил ќе значат дополнителна провокација кон Грција, дознава „Време“. Тие бараат Владата до продолжението на преговорите за името да објави дека е подготвена да разговара за враќање на старите имиња на објектите кои од почетокот на годинава носат имиња на личности од античкиот период. Според дипломатите, со таков потег владата на премиерот Никола Груевски би покажала дека вистински е ангажирана за напредок на преговорите кои, според најавите, треба да продолжат кон крајот на април. Пред неколку дена почна изградбата на нов објект во антички стил, во кој ќе бидат сместени неколку државни институции, како што се Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј. Амбасадорите сметаат дека градењето такви објекти може да бидат нов мотив Грција да ја обвини Македонија дека повеќе гледа кон минатото отколку кон иднината. Од Владата вчера не успеавме да добиеме одговор дали имало барање да се разгледа одлуката за враќање на старите имиња. Владиниот портпарол Шефик Дураки не одговараше на нашите повици. Пред неколку дена и грчкиот весник „Етнос“ напиша дека премиерот Груевски поставил камен-темелник за нов музеј во древногрчки стил во центарот на Скопје. - Макетите и огромните фотографии покажуваат дека архитектонските карактеристики на зградата се древногрчки и оти низ целата земја нема градби со слична архитектура - пишува весникот. Од јануари годинава со владина одлука Градскиот стадион во Скопје го носи името Национална арена „Филип Втори“, а пак коридорот 10, кој ги поврзува Македонија и Грција, е преименуван во автопат „Александар Македонски“. Таквата одлука предизвика жестоки реакции кај соседот, кој се закани дека ќе го запре финансирањето за неговата изградба доколку Македонија не ја промени одлуката. Од Европската унија сметаат дека Владата во Скопје ја прави истата грешка како и при преименувањето на аеродромот во Петровец во „Александар Велики“. Преименувањето на аеродромот предизвика жестоки реакции во Грција дека Македонија е страната што провоцира и не сака решение во спорот со името. Во Брисел преовладува ставот дека таквите чекори можат уште повеќе да ја разлути Грција и апелираат и двете страни постојано да работат на унапредување на добрососедските односи. И специјалниот известувач за Македонија, Ерик Мајер, изјави дека не е воодушевен од одлуката на Владата во Скопје, оценувајќи го потегот како нетактичен и контрапродуктивен. Пред неколку дена и угледниот „Фајненшл тајмс“ напиша дека вината за грчко-македонскиот спор не е само кај Грција и дека преименувањето на објекти само повеќе ја зацврстило грчката позиција.

we macedonians, will rename our macedonian places, after our macedonian ancestors and like we want

u fucking DEMONS

Comment