Вие Македонците - народ со најголем слух за поезија во светот
Добитникот на Златниот венец порачува дека "меѓу нас поетите е кристално јасно дека токму Македонија, дека токму СВП, речиси педесет години се центар, жив извор и чувар на достоинството на нашата професија"

Словенечкиот поет Томаж Шаламун е годинашен лауреат на Струшките вечери на поезијата. Добитникот на "Златниот венец" и официјално беше прогласен вчера во Македонската академија на науките и уметностите.
- Вие Македонците, народ со најголем слух за поезија во светот, со вашата широкоградост, ми овозможувавте да создавам и да преживеам како поет уште во дамни времиња. Меѓу нас поетите е кристално јасно дека токму Македонија, дека токму СВП, веќе речиси педесет години се центар, жив извор и чувар на достоинството на нашата професија, вели Шаламун во обраќањето по повод веста дека е добитник на наградата.
Поетот е роден во 1941 година во Загреб. Дипломирал историја на уметноста на Универзитетот во Љубљана. Бил професор на Универзитетот во Ајова и аташе за култура во Словенечкото дипломатско претставништво во Њујорк. Неговите книги се преведени на речиси сите европски јазици. Во 2000 година ја доби големата словенечка книжевна награда "Прешерн", како и наградата "Младост".
Министерката за култура, Елизабета Канческа - Милевска, која присуствуваше на прогласувањето, рече дека Македонија како земја со богата и долга традиција преку СВП се афирмира како држава во која поезијата гради мостови помеѓу сегашноста и иднината.
- Оставајќи печат во светскиот поезис во своето традиционално долгогодишно опстојување Струшките вечери на поезијата обединија близу 4.000 поети, есеисти и критичари, кои од македонската земја ги испратиле пораките на своите култури, ја пренеле славата и убавината на пишаниот збор до секое катче низ планетата земја, истакна Канческа - Милевска.
Добитник на наградата на УНЕСКО и СВП за најдобар млад поет "Мостови на Струга" е 28-годишниот сенегалски поет Усман Сар-Сарус.