Македонскиот отец Никодим Царкњас е осуден на шест месеци затвор поради тоа што наводно пред седум години удрил дете што пеело грчка национална песна. Грчкиот второстепен суд во Лерин минатата седмица ја потврди одлуката на Основниот суд според која Царкњас е осуден, со образложение дека се обидувал да го убие 12-годишното момче. Ова вчера го потврди и самиот отец Царкњас, кој негира дека кренал рака на детето и тврди дека е жртва на грчката националистичка политика кон Македонците. За да не биде принуден да ја одлежи казната, Царкњас платил 1.800 евра.
- Во близината на куќата се собираа околу 20 деца што ни викаа „скопјани бегајте“, фрлаа со камења и пееја националистички грчки песни. Едното го дофатив и го прашав кој му е татко, а тоа рече дека нема родители. Но не е точно дека го удрив - тврди Царкњас.

poloduvaat ciganive, neznaat povishe kako da se branat od vistinata