Клеопатра е ќерка на македонски татко и нk

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Клеопатра е ќерка на македонски татко и нk

    Клеопатра, последниот египетски фараон, е потомок на Птоломеј, македонскиот генерал што владеел со Египет по смртта на Александар Македонски, и на мајка со африканско потекло, тврди австрискиот научник Хилке Туер од Австриската академија на науките по истражувањето на остатоците од гробницата на принцезата Арсиное, сестра на кралицата Клеопатра.

    Гробницата е откриена во Ефес, Турција.

    - Ова е ретка можност за археолог да најде гробница со скелет на член од птоломејската династија - изјавил Туер, кој го опишал наодот како вистинска сензација.

    Остатоците од гробницата на Арсиное, тврди Туер, покажуваат дека мајката на оваа принцеза и на кралицата Клеопатра имала „африкански скелет“.

    - Податокот дека Арсиное имала африканска мајка е вистинска сензација, која дава нов поглед на семејството на Клеопатра и на односите меѓу сестрите - вели Туер.

    Тие живееле во турбулентни времиња кога Римската Империја го проширувала своето влијание преку Медитеранот. Клеопатра воспоставила пријателство со римскиот војсководец Јулиј Цезар и по неговото убиство, со неговиот политички поддржувач Марко Антониј, со кој била и мажена.

    - Клеопатра, Јулиј Цезар, Марко Антониј - сите тие се икони од историјата - вели археологот Нил Оливер, кој го претставува документарецот.

    - Речиси е невозможно да заборавиме дека тие биле вистински луѓе, а не полумитски фигури, портретирани од Ричард Бартон и Елизабет Тејлор во филмот за египетската кралица снимен пред 45 години. Тоа е како млаз од студена вода исфрлен в лице на оние што не ги третираат како човечки суштества - вели Оливер.

    Кога во лабораторија ги држам в раце коските на крвната сестра на Клеопатра, знаејќи дека таа ја допрела сестра си, а веројатно и Јулиј Цезар и Марко Антониј, чувствувам како ми поминуваат морници по грбот, вели Оливер.

    - Наеднаш тие џиновски историски фигури се крв и месо - изјавува тој во документарецот.

    Постоеле голем број ривалитети меѓу принцезата Арсиное и нејзината моќна сестра Клеопатра. Многумина веруваат дека Клеопатра го нарачала убиството на сестра си од Марко Антониј. Документарецот ги истражува животот на Клеопатра, нејзината врска со Јулиј Цезар и убиствените намери кон Арсиное.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X