Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > На Македонски

Reply
 
Thread Tools
Old 07-31-2015, 05:53 PM   #1
George S.
Senior Member
 
George S.'s Avatar
 
Join Date: Aug 2009
Posts: 10,121
George S. is on a distinguished road
Default Во Лерин научна конференција за македонс

Во Лерин научна конференција за македонското прашање
16/07/2015

Целта на овој мултидисциплинарен настан е да се даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи

Тридневна научна конференција посветена на македонското прашање ќе се одржува во Лерин, Грција, од денеска до 19 јули, на која ќе учествуваат водечки научни имиња од светот.

Организатори на конференцијата се Австралиско-македонскиот комитет за човекови права од Мелбурн, Австралија, Виножито Партијата на македонското малцинство во Грција, Европската слободна алијанса од Брисел, ОМО Илинден Пирин и Меѓународното македонско движење за човекови права од Канада.

- Целта на овој мултидисциплинарен настан е да се даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект соопштија организаторите.

Меѓу учесниците на настанот се познати академски имиња, како Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, Грејс Филдер од Универзитетот во Аризона, Ендру Росос од Универзитетот во Торонто, Акис Гаврилидис од Универзитетот во Солун, Џорџ Влахов од Ла троб универзитетот од Австралија, Васко Настевски од Универзитетот во Мелбурн, Катерина Колозова од Институтот за социјални и хуманистички науки, Марија Пандевска и Македонка Митрева од Институтот за национална историја при УКИМ Скопје.

Конференцијата во Лерин, Грција, е втора од ваков тип, по научниот собир што беше одржан во 2013 година на Универзитетот Монаш во Мелбурн, со кој беше одбележана 100-годишнината од крајот на Втората балканска војна и поделбата на Македонија со Букурешткиот мировен договор.

- Како резултат на тој успешен настан, неодамна, од страна на реномираната германска академска издавачка куќа Верлаг Ото Сагнер (Verlag Otto Sagner) беше издадена книга За македонските работи: Од поделбата на Македонија во 1913 до денес информираат организаторите.

Конференцијата во Лерин ќе заврши на 19 јули, кога научниците и претставници од Европскиот парламент првпат ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалниот македонски културен фестивал Илинден во село Овчарени, Грција.
(Телеграф.мк./МИА)
__________________
"Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
GOTSE DELCEV
George S. is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump