Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > Macedonian History

Reply
 
Thread Tools
Old 04-23-2018, 11:20 PM   #21
Liberator of Makedonija
Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 691
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

Quote:
Originally Posted by Carlin15 View Post


1)


"Писмо до Јован Јовичевиќ од септември 1923 г.", "С за Македонија"

"Почитуван господине,

Вашиот план за една југословенска федеративна република не само што не е необичаен туку и е многу разумен. Што има подобро од тоа - Црна Гора, Босна, Хрватска, Словенија, Банат, Србија, Македонија, Бугарија - да формираат една федеративна република. Така би се создала една голема држава од албанските планини до Црно Море и од Трст до Солун. Кон таа федерација доброволно и по потреба, би се присоединиле и Грција, и Албанија, па и Романија, иако несловенски земји, па таа би се проширила до општобалканска федерација. Ние особено сметаме на тоа бидејќи во Македонија, нашата татковина, освен Бугари, живеат и Грци, и Турци, и Албанци, и Власи, па кога таа ќе биде самоуправна политичка единица во федерацијата, ќе може да се уреди така за сите споменати народности да имаат исти и еднакви права.

Ние, македонските Бугари, многу страдавме и страдаме, та не сакаме ниту еден друг народ, колку и да е мал, да страда.

Меѓутоа, наивност е да се мисли дека кралот Александар и кликата околу него од офицери, политичари и професори ќе го прифатат доброволно Вашиот план. Тие, кои посегнаа подмолно врз независноста на јуначка Црна Гора која, единствена од христијанските земји на полуостровот, не ѝ се потчини на големата Отоманска Империја - тие империјалисти братоубијци никогаш доброволно нема да се откажат од своето владеење и од својот престапен пансрбизам..."


2)
Тодор Александров - "Мемоар од ЦК на ВМРО до Друштвото на народите од октомври 1922 г.", "Се за Македонија: Документи : 1919-1924", 2005 година

"Господине претседателе на Советот,

Македонија ги има следниве природни граници: на исток реката Места и планината Родопи; на север масивите на Рила планините Осогово, Скопска Црна Гора и Шар; на запад албанските планини и реката Црн Дрим, на југ река Бистрица и Егејско Море. Таа има население од 2.301.767 души, распределени вака: Бугари - 1.096.376 или 48% од целото население; Турци - 541.615 - 23%; Албанци - 184.315 - 8%; Власи - 77.365 -3.4%; Цигани - 43.370 -1,6%; Евреи и други етнички групи 106.360 - 5%.

Македонија е разделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Но таа поделба е сосема случајна и вештачка. Долните теченија на реките Места, Струма и Вардар, кои ги следат главните патишта што водат од континентот до морето, се наоѓаат во границите на Грција; нивните горни и средни теченија се во Бугарија и Србија. Оттука доаѓа и економското назадување на градовите во крајбрежните и во внатрешните области, кога ќе се додаде и немањето сигурност кое се должи на омразата што ги дели управувачите и управуваните, може да се разбере зошто мизеријата на населението се зголемува. Деведесет проценти од населението на Македонија, кое ги вклучува Бугарите, Турците, Албанците, Власите и Евреите, е против таа поделба од причини што ги изложивме погоре. Тоа се придружува енергично кон својот стар идеал, да се формира една независна Македонија, ставена под заштита на Друштвото на народите или на некоја сила ополномоштена од него. Во случај некој да се сомнева во желбата на македонското население, може да се пристапи кон плебисцит."


3)





Translations?
__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Old 07-17-2018, 11:19 PM   #22
Liberator of Makedonija
Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 691
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

The grave of Aleksandrov, don't see any Bulgarian flags or references to Bulgaria.

__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump