Скопје, 1 септември (МИА) -
Македонските државјани на привремена работа или престој во странство, согласно членот 99 од Изборниот законик, од денеска стекнуваат право за избор на претседател на Република Македонија и за избор на тројца пратеници во Парламентот.
Со тоа, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, се остварува демократското право на македонските иселеници да избираат претседател на државата и свои претставници во Собранието и непосредно да ги пренесуваат своите ставови и предлози, со цел да јакне исконската врска со матичната земја и нејзината грижа за нив, како и нивниот придонес за нејзиниот развој.

Comment