Манчевски ќе снима нов спот
Македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе работи нов спот за туристичка промоција на Македонија, по контроверзниот „Македонија вечна“, но овојпат акцентот е ставен на црквите и манастирите во земјава. Станува збор за еден од петте спота кои премиерот Никола Груевски ги најави како поширока владина иницијатива, која има цел да ја претстави земјава како туристичка дестинација на странските телевизиски канали, но и да ја брендира. - Врз основа на Оглас бр. 19/2008 склучени се договори за осмислување и изработка телевизиски спотови. Видеоспотот за промоција на македонските цркви и манастири ќе го работи продукцијата „Сенки“ и режисерот Милчо Манчевски - вели Шефик Дураки, портпарол на Владата. Познатиот режисер на „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“ неодамна негираше дека ќе работи уште еден рекламен проект за Македонија велејќи дека не ги работи петте спота за Македонија, ниту го работи тој за Охрид. Дураки додава дека спотот „Македонија вечна“, пак, е основен спот за промоција на Македонија и не е дел од серијалот од пет спота што треба да бидат изработени како поддршка на основниот спот, кој веќе се емитува на странските телевизии. Владата склучила уште два договори за снимање спотови со истата намена. Станува збор за спотови за промоција на Македонија како туристичка дестинација која ќе ја работи „Пристоп МК“ и за промоција на Охрид кој ќе го реализира „Њу момент њу идеас компани“. - Овие спотови се очекува да бидат готови до крај на мај оваа година - додава Дураки. Од Владата информираат дека на шести април во медиумите е објавен оглас за набавка на услуги за осмислување и изработка на уште два телевизиски спота: за промоција на македонското вино и за промоција на Македонија како археолошки рај.

Comment