Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > General Discussions

Reply
 
Thread Tools
Old 08-20-2019, 06:54 PM   #21
VMRO
Senior Member
 
VMRO's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 1,288
VMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud of
Default

Quote:
Originally Posted by Liberator of Makedonija View Post
Does anyone have details or evidence on Miki's actions?
http://www.globusmagazin.com.mk/?Ite...08D34D500240AB





До кога Мики Додевски ќе бидеш во политички сон?

Кога бев мал го гледав филмот „Солунски патрдии“ и до денес не сум го заборавил..

Како што минуваше времето, во последно време, повторно, сега и буден, го сонувам истиот и се чудам, зошто сега главната главна улога ја има пратеникот од Австралија - Милорад (Мики) Додевски, кој заборави на своите гласачи како во онаа народната „Бегот кога ги заборавикл сираците“.


Помина долго време отакако Мики Додевски беше на насловни страници по весници и на портали во Австралија но, сега Мики Додевски е толку анонимна личност што голем дел од тие што гласаа за него сакаат да знаат каде е и што се случува со него, особено откако многу ветуваше, а сега го нема. Наше е да му одговориме.

Доколку му беше забрането да соработува со медиуми, зошто се огласи во „Фокус“ и одговорите кои ги даде таму не се точни?

Помина и Денот на Републиката, 8-ми септември, а повторно Мики Додевски ги заборави своите гласачи, да им го честита државниот празник зарем не можеше тоа да го стори на Фејсбук?

Желбата на неговиот татко кој ден после изборите и на свадбата на Мики и Џема Додевски изјави дека сака неговиот син да биде славен како Јосип Броз Тито, некако тешко се остварува.

Писмата за говорите, што без разлика дали некој друг му ги пишува или тој самиот - кога излегува на собраниска говорница тешко се снајдува во делот кога го чита текстот, но како и да е се уште има време да се поправи, бидејќи живее во држава во која се изучува и зборува македонскиот јазик.

Неговите посети во Австралија ретко кој некој ги забележува од медиумите, а посебно малку од народот, затоа што до сега не се појавил на ниедно народно собрание или не свикал ниту една прес-коференција за медиумите.

Кога престојуваше во Окланд (Нов Зеланд) со поранешниот прв секрететар од македонската Амбасада, Костадин Тасевски, секако дека имаа балкон со најдобар поглед од еден од најлуксузните хотели во Нов Зеланд.

Состаноците со поединци ги остваруваше кај кафичот сопственост на неговиот брат во Норкот, колку биле високи сметките и кој ги покривал, се уште немаме добиено одговор.

Секое доаѓање го посетува менаџерот на Македонската добротворна организација, Дијана Стериовска Тасевска, која доби награда од Претседателот Ѓорѓе Иванов, иако ретко се појавува на македонските манифестации и задолжително кај неговиот пријател Костадин Тасевски кој сега повторно ќе го посетува, но само како личен пријател, а не како дипломат затоа што се знае до каде ја дотера работата.

На повеќе иселеници од дијаспората не им беше дозволено правото за да ги запишат новородените деца во Република Македонија, и покрај тоа што ги имаат сите потребни документи (истите и ние ги поседуваме за доказ), а исто така имале проблеми при вадењето на лични документи од страна на немакедонска националност, а кога истите сакаа и бараа помош, пратеникот не беше достапен и незаинтересиран за проблемите за Македонската дијаспора во Македонија за време на летниот период, штета што и да ги знае проблемите е недостапен, ако има нешто ќе ги дознае овие проблеми преку „Фаланга“, а единствен контакт кој го има за него е службениот и-меил, а тоа е [email protected] и никаде го нема неговиот службен телефон.

Ако се базираме на дела, Мики Додевски има едно дело кое иселениците никогаш нема да му го простат, а тоа е гласањето за АМНЕСТИЈАТА.

Е затоа треба да одиме со реалноста, кој им врти грб на своите може да добие и клоца.

Наскоро ќе пристигне и новиот македонски Амбасадор г-дин Веле Трпевски кој како и пратеникот Илија Димовски што беше советуван ќе биде и сега и тој советуван од страна на Мики Додевски, со кои личности да соработува, но кога ќе пристигне работата ќе го научи и новиот Амбасадор да ја извршува функцијата како што ја извршуваше до сега во Албанија беспрекорно, и да биде амбасадор за сите и само со пофалби дека е чесен човек, а не да биде послушен на некој кој погрешно го советува или погрешно го информира.

Со сигурност тврдам дека услови и место за втор пратенички мандат за Мики Додевски во Македонскиот Парламент нема, дека јас како човек кој му ја водеше кампањата за изборите немам лице и авторитет да ги убедам истите гласачи дека со ваков однос кон истите нема повеќе доверба.

Затоа, апелирам до Мики Додевски, ако се уште си со таа идеја да добиеш повторно пратенички мандат помири се со судбината дека ќе можеш само да градиш згради, било тоа да се во Аеродром или Сопиште, можеш да поседуваш не само две, него и 100 патнички агенции во Битола и Скопје, но дека ќе бидеш избран од нас во Австралија се лажеш и илузијата те победила.

Пишува Никола Ставрески - Мелбурн

Till when will Mickey Dodevski be in a political dream ?

When I was little I watched the movie " Salonika expedition " to this day I have not forgotten ..

As time went on , lately , again , now awake , dream it and wonder why now the main main role is MP from Australia - Milorad ( Mickey ) Dodevski who forget their constituents as the old folk " Bey when zaboravikl orphans . "


Been a long time FBiH Mickey Dodevski was headlines in newspapers and portals in Australia but now Mickey Dodevski as anonymous person that many of those who voted for him want to know where and what happens to it , especially since many promised , and now is gone. It is our duty to respond .

If he was forbidden to cooperate with the media , why are listings in the " Focus " and give answers that are not correct there ?

Passed and the Republic Day , 8th September , and again Mickey Dodevski forget their constituents , to congratulate the public holiday would not able to do it on Facebook ?

The desire of his father that day after the election and the marriage of Mickey and Gemma Dodevski said he wanted his son to be a celebrity as Josip Broz Tito , somewhat difficult to realize .

Letters to the speeches that whether someone else writes or he himself - when out of Parliament Boot hard snajduva regarding when reading the text , however, it is still time to fix, because living in the country which are studied and speaks the Macedonian language .

His visit to Australia a few notes from the media , especially some of the people , because they have not appeared at any National Assembly convened or any news conference for the media .

When staying in Auckland ( New Zealand ) with former first sekretetar the Macedonian Embassy Kostadin tasevski, certainly had a balcony with the best view of one of the most luxurious hotels in New Zealand .

Meetings with individuals performed the café owned by his brother in mink , as were high and accounts that covered , we still have not received a response .

Any manager coming to visit the Macedonian charity , Diana Steriovska Tasevska , which received an award from President George Ivanov , although rarely appears manifestations of Macedonian at compulsory and his friend Kostadin tasevski now re- visited , but only as a personal friend and not as a diplomat because he knows where he pushes to work .

For more emigrants were not allowed the right to enroll newborns in the country , even though they have all the necessary documents ( the same and we own them for proof) , and also had problems obtaining personal documents by non-Macedonian nationality, and when they wanted and asked for help , the MP was not available and interested in the problems of the Macedonian diaspora in Macedonia during the summer , damage and known issues is available , if there's something you know these problems through the " Phalanx " , and the only contact that is it 's official e-mail , and it is m.dodevski @ sobranie.mk and nowhere to his office phone .

If you thrive on work , Mickey Dodevski has a work immigrants will never forgive him , and that is a vote for amnesty .

That is why we have to go with reality , which turns its back on you and kick you get .

You will soon arrive and the new Macedonian Ambassador Mr. Welle Trpevski who like MP Ilija Dimovski was advised to be now and he advised by Mickey Dodevski in which people cooperate , but when you arrive to work and learn new Ambassador to perform the function as he held so far in Albania seamlessly , and to be an ambassador for all and only the praise that is an honest man , and not to be obedient to someone who wrongly advised or wrongly informed .

Certainly argue that the conditions for a second seats for Mickey Dodevski the Macedonian Parliament will , I like a man who campaigned for election and no party authority to convince these voters that this attitude towards them has more confidence .

Therefore , I appeal to Mickey Dodevski , if you still have the idea to get seats again reconciled with fate that you can only build buildings , whether it be in the airport or Sopiste can own not just two , and it 100 travel agencies in Bitola and Skopje , but that would be chosen by us in Australia lie and illusion you win.
__________________
Verata vo Mislite, VMRO vo dushata, Makedonia vo Srceto.

Vnatreshna Makedonska Revolucionerna Organizacija.
VMRO is offline   Reply With Quote
Old 08-20-2019, 06:57 PM   #22
VMRO
Senior Member
 
VMRO's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 1,288
VMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud of
Default

The voting list is on the internet somewhere where it shows clearly he was "ZA" the amnesty of the Hague cases.
__________________
Verata vo Mislite, VMRO vo dushata, Makedonia vo Srceto.

Vnatreshna Makedonska Revolucionerna Organizacija.
VMRO is offline   Reply With Quote
Old 08-20-2019, 07:00 PM   #23
VMRO
Senior Member
 
VMRO's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 1,288
VMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud of
Default

Од секогаш Мелбурн бил познат како најпатриотски град, покрај сите делби и поделби што им ги прават разни структури и продадени души, сепак на овие иселеници никој не успеа да им го одземе она што им е свето – вистинската љубов и борба за Татковината.

Вистинскиот патриотизам секогаш останал во овие иселеници во Австралија, никој не успеал да ги скрши во срцето. Можеби организациски се скршени, но секогаш во себе останале чисти, вистински патриоти, знаат што е вистинско, чесно и знаат што е нечисто, нечесно и предавнички. И знаат секогаш да го осудат и никогаш нема да дозволат сето тоа да се фалсификува. Тоа се нашите иселеници од Мелбурн и цела Австралија.

Пратеникот Милорад Додевски игнориран од иселениците

Иселениците во Австралија го казнија пратеникот Милорад Додевски, го изолираа а со тоа му докажаа дека никогаш нема да заборават на кој начин беше избран, ниту пак ќе му го заборават тоа што крена два прсти и ги амнестира злосторниците, ги амнестира тие што не се покајаа, ги амнестира тие кои и ден денес сакаат да го променат Уставот, кои ги менуваат училишните табли и кои ни убиваат сеуште невини деца и луѓе.

Отворената трибина што ја организираше задграничниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ изминатиот петок, на која пратеникот Додевски за прв пат одлучи да излезе пред своите сопартијци и пред народот може да се опише како скандалозна и катастрофална. Катастрофална бидејќи само 30 до 40 луѓе биле присутни, а сите тие присутни го изрешетале пратеникот со неочекувани прашања. Пратеникот изгледа заборавил да се подготви и заборавил дека доаѓа како преставник на македонскиот парламент и секако треба да очекува да добие разни прашања за сето она што ги мачи иселениците.

На состанокот избил резил, едно прашање се поставува, сосема друго се одговара, не се знаело ни кој јаде ни кој пие.

На прашањето упатено до пратеникот зошто кренал два прсти за амнестирање, едноставно го потврди она истото, дека кренал два прста поради големиот национален интерес на Македонија, оти ќе ни се сменело името ако дошле СДСМ на власт.

Изгледа заборавил Милорад Додевски да додаде она што се шпекулира во јавноста од негови блиски роднини, на кои им се правдал за гласањето, па им велел дека наредбата дошла од Груевски, демек ќе се сменело името ако не гласал така.

На едно друго прашање од еден млад студент упатено до Додевски и неговото раководство – зошто овде вечерва гледам само неколку стари луѓе, а не млади? Каде се младите? Одговорено му било дека сега се нов Комитет и дека понатака ќе бидат вклучени, заборавајќи дека Комитетот постои многу одамна. Исто така заборавајќи дека ако е нов Комитетот, тогаш што водел пратеникот Милорад Додевски? Кој Комитет го водел и се преставувал дека е претседател на истиот во овие изминати 2-3 години? По кои заслуги беше избран од раководството од Македонија за кандидат за пратеник? Од ова одговорот е многу јасен, нема потреба од коментар...

Исто така очигледно било вечерта на состанокот дека пратеникот Милорад бил многу блед и преплашен, а најголемо изненадување било што без да забележи никој и без да се поздрави пред време го напуштил состанокот.

Малку фалело и оваа трибина да не се одржи. Од наши ивори дознавме дека на пратеникот Милорад најтешка недела во животот му била изминатата недела и одлучил да не оди на оваа трибина за да се појави пред јвноста, па затоа сакал преку негов близок да издејствува во Социјалниот клуб Престон Македонија да не отворат за да неможе да се одржи трибината. Од она што дознавме тие прифатиле и му се јавиле на сегашниот претседател на Комитетот и му рекле дека нема клучеви за да отворат и оти состанокот не ќе може да се одржи, на што тој нервозно им возвратил: Јас веќе народот го имам покането и состанокот мора да се одржи. Ако не можете да отворите бидете сигурни дека јас ќе влезам внатре, на што тие се исплашиле и се согласиле да отворат.

Очигледно е дека Додевски употребува комунистички интриги со што пишува извештаи со многу агенди, а на дело не покажува ништо. Нему ни најмалку не му е важно дали има народ или не, важно е да напише во извештајот дека имал средби, трибини. До кога се ќе постои само на хартија, а не на дело? До кога ќе се глуми лидерство само на хартија без народ? Ако некои порано се рекламираа само по радијата за некои национални совети, а на дело ништо, трагично е и ден денес да се прави истото, но уште пожалосно е и тоа што сега тоа го прават луѓе од патриотската владејачка партија која е обожувана од иселениците. Ова мора да се запре и мора за доброто на патриотизмот и на Македонија, лидерот без разлика на која партија припаѓа, е да го слуша гласот на народот и да се спречи сето ова лицемерие и задкулисни игри.

Иселениците во Австралија отсекогаш го спасувале, го спасуваат и ќе го спасуваат вистинскиот патриотизам, а ова нека им служи за пример. Да се известат водачите во Македонија и да престанат со вакви игри и експерименти бдејќи тоа веќе нема да помине кај иселениците.

На крај, порака до Советот на македонската заедница во Мелбурн, треба да извлечат поука иако имаа одлична организација, но не ве почести народот со големо присуство, а зошто? Причината е една и единствена, внимавајте другиот пат кого рекламирате дека ќе држи говор. Тоа е исто да повикувате народ, а да му велите дека говор ќе држи Бранко Црвенковски.
__________________
Verata vo Mislite, VMRO vo dushata, Makedonia vo Srceto.

Vnatreshna Makedonska Revolucionerna Organizacija.
VMRO is offline   Reply With Quote
Old 08-20-2019, 07:03 PM   #24
VMRO
Senior Member
 
VMRO's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 1,288
VMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud of
Default

Законот за амнестија





__________________
Verata vo Mislite, VMRO vo dushata, Makedonia vo Srceto.

Vnatreshna Makedonska Revolucionerna Organizacija.
VMRO is offline   Reply With Quote
Old 08-21-2019, 01:32 AM   #25
Liberator of Makedonija
Senior Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 1,127
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

Thanks for all that VMRO
__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump