View Single Post
Old 11-06-2009, 08:59 AM   #27
Gj. Puleski
Member
 
Join Date: Oct 2009
Posts: 61
Gj. Puleski is on a distinguished road
Default

До Министерството за култура

Сектор за управен и инспекциски надзор

Скопје


ПРЕДМЕТ : ПРЕТСТАВКА

ВРСКА : Ваше известување бр.53-5172/7 од 28.07.2009



Почитувани,


Со мојата пријава која кај вас е заведена под бр.53-5172/1 од 21.04.2009 г. ви пријавив дека во центарот на Скопје, од левата страна на Вардар, се наоѓа споменик на Ѓорѓија Кастриот - Скендер Бег, на кој името на личноста што е претставена со споменикот е напишано само на албански јазик и со албанска латиница, што е спротивно на Законот за употребата на македонскиот јазик.

Со вашиот допис бр.53-5172/7 од 28.07.2009 г. ме известувате дека, реагирајќи по мојата пријава од 21.04.2009 и ургенцијата од 08.06.2009, на 01.07.2009 г. сте извршиле инспекциски надзор, после што е издадено Решение за наредба до Општина Чаир со кое од Општината се бара во определен рок текстот поставен на предметното спомен-обележје да биде лекториран и објавен и на македонски јазик и на неговото кирилско писмо.

Сега ве известувам дека кај споменикот и натаму НЕМА НИКАКВА ПРОМЕНА, т.е. името на Ѓорѓија Кастриот - Скендер Бег е напишано само на албански јазик и со албанска латиница, па од таа причина ве молам за преземање на соодветни законски мерки против прекршителот и за едно известување до мене за преземеното. Напомнувам дека ова мое барање за повратна информација е базирано на член 18 став 2 од Законот за општата управна постапка и на член 9 од Законот за постапување по претставки и предлози.

Однапред благодарен за одговорот,

ХХХХХХ УУУУУ

Во Скопје, 05.11.2009 г

Last edited by Gj. Puleski; 11-06-2009 at 09:03 AM.
Gj. Puleski is offline   Reply With Quote