Macedonian Truth Forum

Macedonian Truth Forum (http://www.macedoniantruth.org/forum/index.php)
-   На Македонски (http://www.macedoniantruth.org/forum/forumdisplay.php?f=8)
-   -   Cто години од раѓањето на Кочо Рацин (http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?t=427)

Sv. Nikola 12-02-2008 09:53 PM

Cто години од раѓањето на Кочо Рацин
 
НУБ Св. Климент Охридски одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин

Скопје, 2 декември (МИА) - Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски денеска отвори изложба Кочо Рацин во фондовите на НУБ и промовираше Библиографија за Рацин по повод сто години од раѓањето на Коста Солев Рацин (1908 - 1943), основоположник на современата македонска литература и најмаркантен македонски поет меѓу двете светски војни, најпознат по антологиската стихозбирка Бели мугри (Самобор, 1939).

Во холот на Библиотеката е изложено првото издание на Бели мугри, ракописи на поетот, негови песни, писма и фотографии, сите негови дела, песни во превод на други јазици, годишни зборници од книжевната манифестација Рацинови средби, нотни записи и литературни творби инспирирани од неговата поезија, критики и есеи за неговото творештво, сеќавања за Рацин и фељтон за мистеријата на неговото загинување, песни на македонски автори посветени нему... Изложбата ја конципираа и естетски ја обликуваа Санде Стојчевски, Елена Никодиновска и Владимир Јанков.

Директорот на НУБ Миле Бошески рече дека Библиотеката покрај првата стихозбирка Бели мугри како раритетно издание, чува и преводи на неговиот опус на 16 јазици. Специјално за оваа пригода НУБ ја подготви и Библиографијата за Рацин со цел на јавноста да и се приближи вкупната проучувачка продукција за делото и личноста на поетот. Неа ја подготви Библиографската служба на НУБ и таа содржи 946 библиографски единици на разни публикации, стручни и научни статии и прилози од симпозиуми и зборници за Рацин, а кои се наоѓаат во Библиотеката.

- Наланите на Ленка од велешката калдрма подеднакво одекнуваат и денес, рече Бошески, во присуство на голем број почитувачи на делото на Рацин, меѓу кои беа академици од МАНУ, претставници од Министерството за култура и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

За делото на Рацин говореше писателот Веле Смилевски, секретар на Друштвото на писателите на Македонија. - Кочо Рацин е поет со чувство за традицијата и со поглед кон иднината.... Со неговата поезија македонската книжевност ја доби неопходно потребната поврзувачка нишка меѓу традицијата и современоста, рече тој.

Амбасадорот на УНЕСКО Јордан Плевнеш откри дека на 18 декември од Скопје до Велес ќе патува воз со почитувачи на делото на Рацин кои во неговиот роден град ќе го посетат домот Бели мугри, а по тој повод ќе има и пригодна програма. Идејата ја добил во 2002 година додека бил амбасадор во Франција, кога по повод 200 години од раѓањето на Виктор Иго бил организиран воз од Париз до Безансон. Плевнеш го вброи Рацин меѓу великаните на вечната книжевна република, заедно со Иго, Бихнер и Пушкин, споредувајќи го неговиот роден Велес со Јасна Полјана на Толстој и Шекспировиот Стратфорд...

Коста Солев е роден во Велес 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата во 1918 година бил принуден да го напушти редовното школување и да стане грнчар, но продолжил да се самообразува. Пристапил и набргу се истакнал меѓу најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во ноември 1928, како единствен делегат од Македонија, учествувал во работата на Четвртиот конгрес на партијата во Дрезден. Во пролетта 1943 година Рацин заминал во партизани, во одредот Кораб.

Првите книжевни почетоци на Рацин се во 1928 година. Најголема инспирација му била Рахилка Фирфова за која ги напишал своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката Антологија на болката останата во ракопис. Први социјални песни му се Синови на градот и Резултат објавени во загрепското списание Критика. Следните песни ги објавил во 1930 година во сараевското списание Снага (Од фабриката, Во предвечерието, Да се биде човек и На челичната машина). Тогаш го започнал и својот роман Афион од кој се сочувани само фрагменти, а во 1932 година во загрепската Литература го објавил есејот Хегел. Песната До еден работник, прва на македонски јазик, ја објавил во загрепското списание Књижевник, а во 1939 година во Самобор блиску до Загреб ја отпечатил стихозбирката Бели мугри во 4.000 примероци. Рацин е и прозаист и теоретичар. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот критиката ги оценува како ремек-дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена

Soldier of Macedon 02-18-2009 04:29 AM

Does anybody have any detailed information about Koco Racin? He is an interesting figure that does not get much (enough) mention these days.

Liberator of Makedonija 08-05-2019 11:22 PM

I believe he was expelled from the Communist Party of Yugoslavia for his Macedonian nationalism in the 1930s.


All times are GMT -5. The time now is 01:05 AM.

Powered by vBulletin®
Copyright ©2000 - 2019, Jelsoft Enterprises Ltd.
Macedonian Truth Organisation