Македонците во Грција се непобитен факт

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Македонците во Грција се непобитен факт



    интервЈу: ВИКТОР ГАБЕР, АВТОР НА КНИГАТА "ПРИЗНАВАЊЕ И НЕГИРАЊЕ“

    И во изданија на грчки автори (Каракасиду, Контроѓорѓи) можеме да сретнеме податоци за егзистирањето на Македонците во Грција, вели амбасадорот Габер


    Книгата „Признавање и негирање“ на амбасадорот Виктор Габер, отпечатена лани на англиски јазик во Сиднеј, Австралија, каде што до неодамна ја извршуваше амбасадорската функција, се занимава со статусот на Македонците во Грција по Версајскиот мировен договор. Габер со компаративна анализа на документите и на веќе познатите историски факти, се фрла нова светлина за легалниот внатреполитички и социјалноекономски статус на Македонците во Грција.

    Врз основа на кои историски факти тврдите дека грчката држава некогаш имала поинаков став во врска со постоење етнички негрчко население на нејзината територија?

    оа пред се' произлегува од обврските што таа ги презела со потпишувањето на серијата меѓународни договори во Версај, но и од самата дневнополитичка практика и функционирањето на официјалните органи на Грција во новоприпоените територии по Првата светска војна. Познати се во нашата, но и во историографијата на балканските народи, и серијата мултилатерални и билатерални договори, од овој период, кои предвидувале заштита на религиозните, образовните, културните права и на традициите на населението кое со версајските договори се нашло во рамките на државната територија, во која мнозинскиот народ бил од друга етничка, религиозна и јазична припадност. Во Версај за тоа население се користел терминот малцинства.

    Грчката држава официјално презела обврски за обезбедување на правата на тоа население кое било од друга вероисповед. Тука не станува збор само за Македонците, кои доминирале во руралните и во планинските предели на територијата од Македонија што ја завладеала Грција, туку и за другите негрчки етнички елементи, независно како тие официјално биле нарекувани од новата власт (Муамедини, Арванитес, Куцовлахи...).

    Дали тоа значи дека во постверсајскиот период грчката држава, која завладеала со македонскиот етнички елемент, била и единствената тогашна балканска држава која Македонците ги разликувала од другите соседни народи?


    Делумно, да. Книгата ја нареков „Признавање и негирање“ во смисла на третманот што формално правел разлика во именувањето на Македонците во Грција во однос на другите соседни народи. Но, основниот приод ми беше да извршам анализа на условите во кои се нашле Македонците, пред се', нивниот легален статус и правата што грчката држава им ги најавила, па дури и делумно остварила, преку дневната практика со именување на нивната етничка припадност, именување на нивниот јазик, како македонски, како и меѓународните односи во кои влегла грчката држава, по оваа тема, во тој период. Сето тоа се гледа и од потпишаните меѓународни договори, од официјалните пописи, од нотарските записи, заверени од страна на официјалните органи, од прифаќањето на одредена (иако реципрочна) заштита на нивните права, дури и во односите со соседните држави. Негирањето, кое, според мене, има дневнополитички карактер, во насловот е споменато само како контрапункт на изнесените факти.

    Има ли и други документи што сведочат за тој однос што не ви беа достапни?

    Во една истражувачка, научномотивирана активност никогаш нема дефинитивен крај на „копањето“. Во правно-политичката анализа на одреден историски период, проблемот се поставува во приодот - дали „копачот“ има професионална доблест објективно да пристапи кон поставената задача, да биде подготвен за „жртва“ - да се дистанцира од дневнополитичките интереси. Така, пошироко, готовност на една држава да ги отвора своите архиви, во согласност со општоприфатените меѓународни стандарди и рокови, ја покажува и нејзината готовност за продуктивен, безбеден развој на своите односи внатре во државата и во меѓународните односи, особено со соседите. Готовноста да се надминуваат и избегнуваат грешките (со и без наводници) на претходните генерации. Меѓутоа, кај балканските држави, тој процес, таа готовност се' уште е на почеток кај нивните политички и делумно интелектуални елити.

    За темата Македонците во Грција, за овој период, денес испливуваат сознанија и документи, на кои и јас се осврнувам во оваа книга, кои до вчера пошироко или воопшто не беа познати. На пример, денес, во изданија на грчки автори (Каракасиду, Контроѓорѓи) можеме да сретнеме податоци што говорат не само за егзистирањето на Македонците во Грција туку и за нивната, социјална, економска и продуктивна активност, нивниот однос кон доселениците, кон државните органи...
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Selim
    Junior Member
    • Feb 2009
    • 14

    #2
    Дали имат или не некое малцинство во одредена држава, одлучвит самата држава. грција одлучила да немат таму, значи-немат. Зш не се буниме дека во Франција немат Македонци признаени? И таму имат, и то е факт. Зш ѓупците од Сенегал не ее бунет дека немат сенегалсна заедница во Франција, иако се забележителен дел од народот? Едноставно, системот е таков, што велит ако икаш грчко државјанство, ти си грк. Е сега, ние имаме подруг систем, и кој ни е крив. Не мојме заради наши грешки да обвинвиме други. Инаку, чисто информативно, сосема погрешно е македонската влада да се мешат во то дали ќе се признајт македонско малцинство во грција или не, дека то е мешање во внатрешни работи. То требит да им се остајт на други организации, надлежни за то. МАкедонската влада можит да се занимават со таја тема ако грчките државјани што самите е нареквет македонци се и македонски државјани.

    Comment

    • Rogi
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 2343

      #3
      Selim, megjunarodnoto pravo i megunarodnite priznati covekovi prava celosno se sprotistavuvaat so tvoite misli.

      Comment

      • Selim
        Junior Member
        • Feb 2009
        • 14

        #4
        Знам. Ама такви се одредени држави изградени. Не само Грција, еве, го дадов примерот со Франција. Дали ти во Франција можиш како француски државјанин да се запишиш како македонец?
        Све зависит од државното уредување. Имат држави во кои припадност кон народ се изразвит со пасош.

        Comment

        • Soldier of Macedon
          Senior Member
          • Sep 2008
          • 13670

          #5
          Славчо, ај доста драпаи и ти, поике од полоина цленои од форумов имаа роднини таму. Изгледа твоја посета ќе биди кратка ако продолжиш по овои пат, Македонците постоа како народ, и наидобро ќе биди за тебе ако прекиниш да се копилчуваш тука, шо побрзо.
          In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

          Comment

          • Soldier of Macedon
            Senior Member
            • Sep 2008
            • 13670

            #6
            И шоима врска Франција со Грција за ова тема? Македонците се природни граѓани во Грчката држава, од каде до каде и ти, сеа ќе брбориш за некоје место во пичкаси мајчин.....
            In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

            Comment

            Working...
            X