Мијачки улишча, ројеви и колонији

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Soldier of Macedon
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 13670

    Мијачки улишча, ројеви и колонији

    Мијаци не живувајет само во својата прва постојбина, по Радика и во страните на Бистра. Тује им је нивна матица и тује им је најубаво и најмило, али по разни причини одовде, во помали или поголеми тајфи, се имајет раселувано на многу страни.

    Мијаци не живувајет само во својата прва постојбина, по Радика и во страните на Бистра. Тује им је нивна матица и тује им је најубаво и најмило, али по разни причини одовде, во помали или поголеми тајфи, се имајет раселувано на многу страни.

    Прва причина требе да било размножувањето нивно и теснотијата. И вистина овеја племе, имаеќи здрав и телесен и духовен живот, имат покажано и ушче покажувајет голема плодност. Верува да некоја породица просечно и денеска бројит по пет до шест лица. Тодор Томоски имал четири брата и неколку сестри, а сам тој пак остави по себе седом синови седом ќерки. Во теја исто време Исо Брезоски имал девет синови и две ќерки. Во наше време пак Томо Огненов Дурузоски имал девет синови и две ќерки, а Јован Ѓорѓев Филипоски имал осом ќерки и четири сина. Овакви примери се безброј. Со овакво расплодување брзо се јавуват теснотија и се испушчајет нови улишча (ројеви). Тесно стануват во селото, а после и во крајот. Зар не је пренаселен крај, и теја планински крај, кога во една површина од 300 километри квадратни имајет околу 20.000 жители, што чинит 60 души на еден километар. Селана по Радика се на по два три километри, а горе во Бистра на по три до пет километри. Од овеја башка и зулуми арнаутски, а понекогаш од нив сосе несносен живот, го имајет принудувано народов да се уклонит и да се заклонит во посигурен крај. Али задниве годиње главна причина на раселување је трчање по работа, по трговија, по богатење и по градско живување.

    Сиве овије причини заједно или секоја посебно имајет доведено и сторено Мијаци да имајет толку јаки ројеви и теја во Смилево, во Крушово и во Папрадишча и Ореше под планината Бабуна во Велешкиот крај. Во овја крај се имајет преселено исламизирани Мијаци и имајет отворено две-три големи и напредни села како Мелница и Врановци, села од по 500 домови. Овеја преселување се имат извршено приближно пред 250 години. И неколку села јужно од Скопје во областа Маркова Река и Патишка Река се имат преселено и рисјани и исламизирани Мијаци познати под името Торбеши. Исламизирани Мијаци јужно од Скопје се селата: Цветово (80), Умово (150) Држилово (80) и Елово (70 домови). Сите жители се исламизирани. Патишкалијиве се преселени од Горна Река и говорот им је албански.

    Смилево, Папрадишча и Ореше се паднати во стред Брсјаци и, за големо чудо и до ден-денеска си имајет дочувано ама баш сите обележја мијачки: и начин на живот и збор, и обичаји и руво. За да си дочувајет својето тује никако не се ородувајет со Брсјаци, иако се со нив најблизу и една вера. Многу поти од Папрадишча одит по девојка дури во Смилево, далеку околу 60 километри, преку ридови и долови, полиња и планиње. Зар овеја не покажуват најјасно колку је голема сила нагонов за самоодржување? Та мије сите си живуваме ушче во п’лн племенски и средновековен живот!

    Кого би интересувало да разберет какви биле Мијаци пред триста години и какво руво носеле, ене му го Смилево и Папрадишча. Во мијачка постојбина се мењават и многу се изменило, а во Смилево и Папардишча се је скаменатао.

    Во Крушово Мијациве имајет паднато меѓу Цинцари и покрај сето опирање не могле да си ја дочувајет токмо чистотата племснака и се измелезиле. Зар дека је во Крушово градска живот?!

    И смилењвчани и папрадишчани се мнгу јаки и напредни. Економски и просветно стојит многу повисоко од Брсјаци. И од едните и од другите имајет прочујени претприемачи и занаетлији, а имајет и многу синови изучено и влезено во државни служби и во слободни професији, како лекари, инженери и авукати.

    Али и Смилево и Папрадишча и Ореше паѓајет како и горе. Во Бистра многу прилики за зарада и богатејење шо се јавије во новиве држави и привлечувајет да напушчајет своји огнишча.

    Ја мисла да повеќе имајет растурени отколи останати. Највише се населени во Бугарија, а имајет прилично и во Белград!

    Башка од овије големи ројеви имајет и многу мали колонији мијачки, овде-онде. Такви колонији се: во Гостивар, околу 30 фамилии, во Скопје до стотина, во Белград исто толку, во Софија белки и до три стотини, во Пловдив и во други градишча из цела Бугарија. Имајет сосе мрва во Букурешт, во Солун и овде-онде по сијов век.

    Гарчани сиромаси се израстурени по Галиција, Русија (Украјина) и Полска. Светската војна (се мисли на Првата светска војна 1914-1918) нив многу ’и отуѓи од својата постојбина и тије се осудени на однародување, како и оније Мијаци шо се во Романија и во Грција.

    Подигање жени и деца во разни градишча коде шо им работале можите и имале убав изглед за обогатување не било лесна работа.

    Први фамилији шо се доселиле во Папрадишча биле: Рензовци, Анѓелковски, Китановци, Дуковци, Новевци, Убевци, Василковци, Марковци и Галевци. Со многу маневри и марифети, со многу молби и веќавања, со многу постредувања на родниње и пријатели се решаваше галичка и мијачка жена да кинисат со можот во Софија или коде да је, и одењето беше секогаш привремено и како со проба на година-две за да му се не скршит работата на можот. Ниедн аод таке дигната жена не идеје гласови за некакво задоволство и душевно боледување. Тије наоделе тамо многу поубав живот и секакви згоди и разоноди, али не наоделе главното: не ја наоделе душевната храна без која душата им венејет и срцето копнит. Многу од нив се враќаје назад и не се покренуваје ушче еднуш. Али мрва по мрва фатије некоја и да останувајет и таке се заправије групи и им улеснуваје живувањето и на новородените. Денеска Галичанка неќет баш многу канење за да заминет преку Пеш (таке се викат местото на излегување од Галичник).

    Секој милувајет своје родно место али не верува некој да го милуват повеќе од нас Мијаци. Али се шчо је имат граница, пак и оваја љубов. Кога ќа се наберет многу противни сили ќа ја победит и таја силна природна љубов за своје огнишче.

    Таке је секоде и со секоји таке је и у нас и со нас. За Ерцеговина и Црна Гора се велит али али цел свет го населила, али себеси не раселила. Исто је и со нас Мијаци зашчо исти ни је животот.

    Планињено се како некоји резервоари, не саде со снегови и со реки шо и оплодувајет низијите, не саде со ладни и свежи струји шо ’и разблажувајет жегите полски, токо се и магази со живи човечки сили, со телесно и душевно здравје со које се внесувајет обнова на поабени и раслабнати градски жители.

    Али да жалиме? Не! Сево овеја си је порироден закон. Наши луѓе се утопувајет во други племиња, губит своето обележје, али и ним им давајет многу од својето. Нишчо во веков и не остануват без накнада.

    Сепак за жалење се сите шо одит во туѓи народни стредини, како во Грција и Романија, во Русија, Полска и во Америка.
    In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
Working...
X