PDA

View Full Version : Македонски јазик на Турската телевизија


Dimko-piperkata
11-20-2008, 04:57 PM
Државната Турска радио-телевизија (ТРТ) наскоро ќе почне да емитува програми преку интернет на 30 јазици, меѓу кои и на македонски.Програмите што ќе ги емитува ТРТ се наменти за 50 држави од целиот свет. Тие ќе содржат аудио и видеоматеријали и се очекува во исто време да бидат следени од над 10 илјади луѓе.

Со ваквиот план ТРТ има амбиција да стане еден од петте најголеми медиумски центри во светот што емитуваат програми на повеќе јазици заедно со Гласот на Америка, Гласот на Русија, Кинеското радио и Би-би-си. Неодамна тускиот премиер Реџеп Тајип Ердоган најави дека од почетокот на 2009 година ТРТ ќе почне да емитување програма и на курдски јазик.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=76A4881D168E684597E7067B92503E0B

THX TÜRKYE