Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > Macedonian History

Reply
 
Thread Tools
Old 06-02-2010, 06:29 AM   #1
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default Драган Богдановски - Dragan Bogdanovski

Како раководител на ДООМ во 1977г. Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија....осуден на 13 години затвор, од кои издржува 11 години во затворот Идризово.

--------------

Вторник, 16 Јуни 2009
Драган Богдановски



dragan-bogdanovski

За личноста и делувањето на Драган Богдановски многу малку се знае во нашата јавност, и покрај тоа што тој беше еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945год. Тоа е човек со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од Македонија. Богдановски 30 години се наоѓа во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Во биографијата на Драган Богдановски, меѓу останатото може да се прочита дека е роден во 1929 година во с.Клечовце, Кумановско и дека потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што 1948г. се запишува во Белград (Земун) на факултет за Земјоделство и Шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на Македонски студентски клуб, за која активност бива затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев Венац. По излегувањето од затвор бива исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950год., заедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950г. заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954г. Желбата за наука не го напушта, за што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја формира организацијата Македонски национален фронт и започнува со издавање на весникот Македонска искра. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви и по интервенцја на Југословенската и Грчката амбасада бива забранет.

Во 1958г. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина (Пер-Арне и Иван). Во осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор со неговата национално-политичка активност придонесува во борбата за обединување на Македонија. За Драгана 1958г. е многу значајна, бидејќи тогаш се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија и Македонското дело. Во Осло го издава списанието Македонска лоза, и Слободна Македонија, потоа го печати весникот Македонија списанието Македонска нација и сл.

Неговата активност најмногу беше изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство. Споменатите гласила наидуваат на голем одзив кај Македонската емиграција. Со тоа всушност започнува будење на Македонците и Македонството во светот.

Во 1963 г. доаѓа до формирање на прва македонска национална организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија), која организација во 1972г. се трансормира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган на чело на ова организација доаѓа уште во 1967г.

ДООМ развива широка активност насочена кон Македонците кои по 60-те години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини, поради што набргу се соочува со тогашната СДБ која ги следи и повремено ги попречува неговите активности. Се организира кражба на неговата печатница во Минхен (од Осло пренесена во Брисел па во Минхен) во која се печати списанието Македонска нација.

За воља на вистината СДБ не превзема акции за целосна елиминација на дејноста на Драган Богдановски, бидејќи тој со својата борба беше брана за спречување на дејствувањето на разни странски пропаганди, политички или црковни институции кои Македонците на печалба или тогаш популарно нарекувана Привремена работа во странство, ги поплавува со прогрчка, пробугарска и друга пропагандна активност, каква што спроведуваа Панмакедоники, МПО на Ванчо Михајлов, Славјански комитет на НБР и други институции на соседните земји на Македонија. Драган Богдановски беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на Македонската нација и Македонскиот етнички идентитет. Во тој период (1958-1977) најголема битка водеше против МПО на Ванчо Михајлов.

Всушност Драган Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија, по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Нова КПЈ, формирана со подршка од тогашниот СССР, кој на таков начин сакаше да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор.

Во акцијата за расчистување со опасните емигрантски кругови, донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977г. Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на тогашната СДБ во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило бива пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него бива организиран зад затворени врати, на кој процес бива осуден на 13 години затвор, од кои издржува 11 години во затворот Идризово. По излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија (која политичка програма бива отпечатена во весникот Млад Борец). Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика Демократска партија на македонско национално единство ДПМНЕ. Интелектуалец по образование и визионер за иднината на политичката акција во Македонија, Драган Богдановски во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Владо Транталовски од Ресен, Борис Змејковски и Љупчо Георгиевски. партијата се формира и регистрира во Македонија.

На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991г., Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.

Мошне бргу (меѓу првите) ја согледува својата заблуда околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на партијата чиј директен основач и идеолог е самиот Драган Богдановски. На крајот на 1993г. доаѓа до конечно разделување со партијата што самиот ја основа и и го внесе македонскиот дух, по што прави обид за формирање на нова партија Македонски национален фронт со седиште во Прилеп, која партија во одсуство на Богдановски не успева да заживее. Драган се враќа во Шведска и продолжува да работи на идејата на која и го жртвувал целиот свој живот.

Умира на 31.05.1998г. во воз (во местото Федериција Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските и до крај верни пријатели и соработници во Куманово на 01.08.1998г.

http://www.mn.mk/istorija/155-dragan-bogranovski
indigen is offline   Reply With Quote
Old 06-10-2010, 04:42 AM   #2
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default

Dragan Bogdanovski borba za politicka nezavisnost na Makedonija part1+

YouTube - Dragan Bogdanovski borba za politicka nezavisnost na Makedonija part1+



Dragan Bogdanovski borba za politicka nezavisnost na Makedonija part2+
YouTube - Dragan Bogdanovski borba za politicka nezavisnost na Makedonija part2+

Quote:
makedonskanacija — June 20, 2009 — За личноста и делувањето на Драган Богдановски многу малку се знае во нашата јавност, и покрај тоа што тој беше еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945год. Тоа е човек со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од Македонија. Богдановски 30 години се наоѓа во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција. http://www.youtube.com/user/makedonskanacija

Vanco Tarabunov - Dragan Bogdanovski (Ванчо Тарабунов - Драган Богдановски)

YouTube - Dragan Bogdanovski - Vanco Tarabunov

Last edited by indigen; 06-18-2010 at 09:01 PM.
indigen is offline   Reply With Quote
Old 06-16-2010, 02:51 AM   #3
Prolet
Senior Member
 
Prolet's Avatar
 
Join Date: Sep 2009
Posts: 5,241
Prolet is on a distinguished road
Default

Indigen, On the video footage i posted earlier about the 20th VMRO birthday, Ljubco Georgievski on A2 stated that Dragi Bogdanovski was heavily influenced by UDBA, he also labeled him a Bugarofil because according to Ljubco he has very close ties to MPO.
Prolet is offline   Reply With Quote
Old 06-16-2010, 03:44 AM   #4
Rogi
Senior Member
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 2,343
Rogi is on a distinguished road
Default

Ne tuku drapaj sega i ti... agent proleteur (provocateur)

Last edited by Rogi; 06-16-2010 at 03:46 AM.
Rogi is offline   Reply With Quote
Old 06-17-2010, 07:10 AM   #5
aleksandrov
Member
 
aleksandrov's Avatar
 
Join Date: Feb 2010
Posts: 558
aleksandrov is on a distinguished road
Default

Quote:
Originally Posted by Prolet View Post
Indigen, On the video footage i posted earlier about the 20th VMRO birthday, Ljubco Georgievski on A2 stated that Dragi Bogdanovski was heavily influenced by UDBA, he also labeled him a Bugarofil because according to Ljubco he has very close ties to MPO.
Even Bogdanovski's supporters admit that at some stages during his pre-imprisonment activism he was to some degree supported by the Yugoslav secret service, which considered his movement to be a strong counterbalance to Bulgarian indoctrination in the Macedonian Diaspora. That obviously changed by the time they decided to kidnap, prosecute and imprison him. It is harder to say what connections he had with the remnants of the Yugoslav secret service in Macedonia after his release from prison. If my memory serves me correctly, in around 1993 he published an article in which he not only declared that the VMRO-DPMNE leadership had been usurped by 'bugaromani' (and I am not quite convinced that Georgievski was a 'bugaroman' at that stage), but he also praised Gligorov as the greatest hope for the Macedonian nation. It is the praise for Gligorov, who was a key member of the Yugoslav establishment that persecuted patriotic Macedonians like Cento and later Bogdanovski, and who returned from Serbia to become President with the hope of preventing the Macedonian breakaway from Yugoslavia, that makes me wonder whether the UDBa remnants did manage to influence Bogdanovski's politics in the last stage of his life, when his intellect and his morale would not have been at their best.

I also know that there was a period in Dragan Bogdanovski's activism in the Diaspora, when he was editor of Makedonska Nacija, in which he rigorously promulgated the "Slav Macedonian" myth and was "at war" with activists who suggested that the Macedonian people have ancient roots in Macedonia, which pre-date the so-called "Slavic invasions". However, I am told by some of his contemporaries that he changed his view on this point at some stage before he was imprisoned.

I don't know anything about MPO links, but he was an advocate of the "nacionalno pomiruvanje" concept, which envisaged conciliation between Macedonians whose work towards a Macedonian state was compromised by Bulgarian indoctrination on one side, and Serbian/Yugoslav indoctrination on the other. I wouldn't be surprised if he communicated with MPO to that end. That doesn't make him a 'bugaroman', but only someone with a hope of freeing Macedonians from Bulgarian and Serbian indoctrinations through a conciliatory, forgiving and empathetic approach.

There is no doubt that Bogdanovski has been a major figure in the development of the Macedonian patriotic movement in the diaspora, but there are aspects of his past that require serious critical assessment, which won't be blurred by the now fashionable tendency to glorify him only because he was an early opponent of Georgievski in DPMNE. It is worth mentioning that most of the DPMNE people who now glorify him were strongly behind Georgievski and Zmejkovski while they were leading DPMNE and labelled Bogdanovski and UDBash. The people I have in mind stood right behind Georgievski all the way until he lost power in the party to Gruevski, in 2003, even though he very clearly revealed his treachery as far back at the DPMNE Congress in 1995, when he declared that the party could not come to power with patriotic policies, successfully promoted a constitutional redefinition of the party from a 'national' party to a 'democratic christian' party, and proceeded to remove the Macedonian Sun symbol from the party's flag and coat of arms. They stood behind him even after he pushed out the 'makedonisti' (led by Boris Zmejkovski) from the party, in favor of hardcore 'bugaromani' like Dosta Dimovska, Dimitar Dimitrov, Mladen Srbinoski ..., and when he openly stated his view that our roots are Bulgarian and that all of our revolutionaries prior to WWII considered themselves Bulgarian.
__________________
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident. Arthur Schopenhauer

https://www.facebook.com/igor.a.aleksandrov?ref=tn_tnmn
aleksandrov is offline   Reply With Quote
Old 06-17-2010, 09:21 AM   #6
Prolet
Senior Member
 
Prolet's Avatar
 
Join Date: Sep 2009
Posts: 5,241
Prolet is on a distinguished road
Default

Rogi, Why are you like this? Ljubco Georgievski may be a Traitor and a Bugarofil but its more then clear that he was involved in the most critical periods after the break up of Yugoslavia. In other words he knows alot, and when he says that back then 2/3 of the VMRO party where Bugarofili i find it hard to disagree with him, he is basically saying why are you calling me a Bugarofil when alot of the others were too.

The key figure here is Zmejkovski, i want him to do an interview and give his side of the story especially about the 1997 bust up between him and Ljubco. I also want to hear his side of the story about Dragi Bogdanovski, i think there is alot more to it.

Aleksandrov, Spolaj Ti for the feedback im curious to know a bit more about the MAAK organization as Ljubco stated that it was not serious enough for him to be involved in and he said the group wanted to save the break up of Yugoslavia and that it was no interested in seeing an independent Macedonia.
Prolet is offline   Reply With Quote
Old 08-01-2010, 05:28 AM   #7
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default

Среда, 21 Јули 2010
Комунистичко едноумие и безумие (Dragan Bogdanovski - Pismo do Nova Makedonija od 18 fevruari 1991 godina kako odgovor na napadite protiv nego od novinar na rezhimot.)
http://www.mn.mk/istorija/2224-Komun...umie-i-bezumie
indigen is offline   Reply With Quote
Old 11-25-2010, 04:04 AM   #8
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default

Предавства, пресметки, УДБА и убиства
Фељтон – 20 години ВМРО –ДПМНЕ

По совет на Гоце Македонски, организацијата го менува името од Ослободителен комитет на Македонија во Движење за обединување на Македонија-ДОМ.

Веднаш потоа во Минхен се формира Заедничко раководно тело под името Централен комитет на ДОМ со организација и во Австралија, Канада и во Америка во следниов состав:претседател: Драган Богдановски, Париз, Франција;потпретседател: Благој Шамбевски, Минхен, Германија;

политички секретар: Панко Стамковски, Мелбурн, Австралија;
организационен секретар: инж. Јован Гарвански, Бремен,
Германија. Седиштето на Централниот комитет е во Минхен.

На 3-ти ноември 1973 година во Минхен организацијата ДОМ е преименувана во Движење за ослободување и обединување на Македонија–ДООМ одржа Проширена конференција на раководните луѓе на организацијата.

За политичката активност говори претседателот Драган Богдановски, а за организационата дејност на ДООМ подетално известува потпретседателот Благој Шамбевски.

На 13 април 1974 година во Минхен во салата за конференции на ресторанот „Винервалд“ е одржан Општиот конгрес на ДООМ. На конгресот на ДООМ Драган Богдановски е избран за претседател.

Во ноември 1975 година во Шведска, Трајче Ивановски, соработник на списанието „Македонска нација”, води разговор со Драган Богдановски. Интервјуто е објавено во списанието број 31 јануари-февруари 1976 година, насловено „Разговор со претседателот на ДООМ Драган Богдановски“.

Пресметките во Западна Германија

На барањето на новинарот да даде објаснение за перфидните махинации и хохштаплерските методи со кои се служат непријателите на ДООМ за да му нанесат смртен удар Драган Богдановски дава еден мошне опширен и интригантен одговор во кој се спомнуваат многу интересни настани и се споменуваат многу личности.

Во текот на 1974 година во редовите на ДООМ во Западна Германија влезе една четворка, дојдена од СРМ како печалбари или туристи со југословенски пасоши – ја раскажува приказната Богдановски. Еден од оваа четворка го скри својот југословенски пасош и пријави кај германската власт дека избегал од Југославија без пасош бидејќи му претела опасност да биде затворен како македонски националист.

Германските власти го запишаа како молител за политички азил, но оттогаш изминаа веќе две години, а азил уште нема добиено. Овој човек е Иван (Ване) Петровски. Неколку месеци по неговото доаѓање во Германија, таму дојде и брат му Миле, исто така со југословенски пасош. Во Аузбург браќата се здружија со пасошарите-печалбари Митре Шестојанов и Гоце Атанасовски. Така беше формирана таа фамозна четворка. Ова се случуваше кога организационен секретар на Централниот комитет на ДООМ беше покојниот Благој Шамбевски, којшто покрај сите свои одлуки како бестрашен револуционер, ја имаше таа човечка слабост да верува дека сите Македонци се чесни како него. А припадниците на таа четворка се за да се покажат како добри патриоти, само за да можат да влезат во раководството на ДООМ. На Минхенскиот конгрес во април 1974 година, Митре Шестојанов и Гоце Атанасовски се избрани за членови на Централниот комитет, а Иван Петровски за член на Контролната комисија. По убиството на секретарот Шамбевски, на 1 август 1974 година, европскиот дел на членовите на ЦК и на Контролната комисија, оддржа конференција во октомври 1974 година во Стразбург-Франција и на таа конференција европскиот дел од ЦК беше дополнет со три нови членови: Иван Петровски, Миле Петровски и Властимир Станковски. Само неколку дни по оваа конференција, Митре Шестојанов падна во Аузбург, Германија, во затвор за кражба и за тој криминал одлежа девет месеци.

Кој крадеше од коцкарски автомати

Централниот комитет на ДООМ тогаш поведе своја истрага околу случајот Митре Шестојанов и на негово изненадување утврди дека од кражба во самопослуги и од разбивање апарати за хазардни игри во Аузбург и неговата околина, живеат и останатите тројца од таа четворка: Иван Петровски, брат му Миле и Гоце Атанасовски. Никој од нив тогаш не работеше. Централниот комитет на ДООМ тогаш им постави задача веднаш да престанат со таа криминална дејност и им кажа дека ако не престанат, ќе бидат исклучени од ДООМ. Тие ветија дека ќе се поправат. Но оттогаш почнаа да коваат планови како да земат превласт во раководството на ДООМ по пат на измама. Нивните планови бргу беа откриени, и јас, како претседател на Централниот комитет на ДООМ, редовно и подробно ги известував сите други членови на Централниот комитет и на Контролната комисија за тоа каков неморален живот водат овие луѓе и дека спремаат еден вид „преврат“ во ДООМ.

Сево ова ми ги отвори очите и ме поттикна да научам нешто повеќе од животот на овие луѓе, кои во ДООМ беа нови. Иследувањето покажа дека Иван Петровски до 1973 година бил во Канада, каде што бил соработник на тамошните југословенски конзули. Ова не е никаква тајна за Македонците во Канада, особено за оние во Торонто. Во 1973 година канадската полиција го бара Ивана Петровски за да го затвори за криминал, но југословенскиот конзул во Торонто му помага илегално да ја напушти Канада, за да не падне во рацете на полицијата. Се враќа во Југославија. Според неговото кажување, таму бил шест месеци војник на Тито, но бил демобилизиран како неспособен заради неговите слаби нерви. Лоши јазици зборуваат дека бил и во лудница, меѓутоа, ако се суди по неговата деструктивна дејност во редовите на ДООМ, изгледа дека неговото шестмесечно војникување било школување за удбашка дејност.

Сомнителен излезе и Гоце Атанасовски, кој исто така имаше брат печалбар во Аузбург, Стојан. Овој, Стојан, често патуваше во Скопје, и бидејќи тој и брат му, Гоце Атанасовски, се сега слободни во Скопје, не е погрешно да се заклучи дека тој бил курирот или врската меѓу УДБ-а и четворката во Аузбург.

Во јануари 1975 година Иван Петровски и Гоце Атанасовски испраќаат писмо до членовите на Централниот комитет на ДООМ во прекуокеанските земји, во кои велат дека европскиот дел на ЦК одржал состанок и донесол решение претседателот на Централниот комитет на ДООМ Драган Богдановски да биде исклучен од Движењето. Писмата беа потпишани не само од Иван Петровски и од Гоце Атанасовски ами и од Миле Петровски и Митре Шестојанов, кои тогаш лежеа во затвор за кражба, па ниту можеле да присуствуваат на тој, божем, состанок ниту пак да ги потпишат тие писма. На тој божемен состанок не беа поканети другите четворица членови на ЦК од Европа. Исто така, од ниеден од седумте членови на ЦК од прекуокеанските земји не беше барана некаква нивна согласност за исклучување на претседателот. Всушност, никаков состанок на ЦК не беше одржан, а овој смешен шарлатански состанок беше измислен од Иван Петровси и Гоце Атанасовски. Бидејќи останатите членови на ЦК во Европа и во прекуокеанските земји ја знаеја целата вистина за оваа измама, а тоа беа 11 души спрема 2, тие еднодушно ја осудија шарлатанската и противуставната постапка на Иван Петровски и на Гоце Атанасовски и донесоа решение веднаш да бидат исклучни од ДООМ. Ова решение на огромното мнозинство од членовите на ЦК беше објавено во „Македонска нација” број 25 за јануари-февруари 1975 година.

Меѓутоа работата не остана на ова. Набргу се покажа дека зад овој обид за „преврат“ стојат послушни орудија на некој друг. Кој е тој „некој друг” ќе каже утре мајката –историја зашто од неа ништо не може да се сокрие.

Гусарско издание на македонскиот весник

Исклучените одметници и „преврати“ беа финансирани од тој „некој друг“ за да издадат два броја лажно, т.е гусарко издание, „Македонска нација” со кое сакаат да го измамат членството на ДООМ и македонската општествена јавност дека сега ДООМ е во нивни раце, дека тие го претставуваат ДООМ. Меѓутоа, оваа сметка на нивните господари-велам на нивни господари-бидејќи тие се само кукли во рацете на југословенската УДБ-а, се покажа јалова. Огромното мнозинство на членовите на ЦК на ДООМ се сплоти околу својот претседател, а исто така и сите поткомитети на ДООМ. Вистинската „Македонска нација” продолжи редовно да излегува и таа ја разобличи до „гола кожа” целата оваа перфидна махинација, која беше монтирана од удбашите во Скопје или Белград. Махинацијата имаше цел да ги отстрани од раководството на ДООМ, вистинските македонски патриоти и на тој начин ДООМ да биде претворен во врховистичка пројугословенска организација или, пак, да биде наполно уништен.

Ќе го кажам и тоа дека оној Гоце Атанасовски кој по наредба на неговите удбашки господари ме исклучуваше мене од ДООМ сега си отиде при неговите удбашки работодавци во Скопје. Јас нема ни најмалку да се чудам ако еден ден слушнам дека и Иван Петровски си отишол во Скопје кај својот ортак Гоце Атанасовски. Овој, Гоце Атанасовски, кој сега во Југославија живее слободно, во „превратот” беше назначен привремено да ја исполнува претседателската должност во ЦК на ДООМ. Значи УДБ-а, со своите хохштаплерски методи, сакаше да стави свој-удбашки претседател на ДООМ. Смешно, но вистинито!

Утре: Разните агентури мешаат прсти

Адресата на „Македонска нација” е и адреса на Централниот комитет на Движењето за обединување на Македонија. Сите заинтересирани лица се обраќаат на адресата:
„Македонска нација”-ДОМ Пост фах 7013238 Минхен 70 – Западна Германија

Тоа раководство понатаму ја претставува организацијата ДОМ. Драган Бодановски и Благоја Шамбевски одат во Брисел каде што живее Радински Драги, ги земаат матриците со македонска азбука и ги пренесуваат во Минхен кај Мате Андрас, унгарски емигрант.
На страниците на „Македонска нација“ од бројот 16 јули- август 1973 година почна да се објавува како додаток „Македонска трагедија“.

Лажното, гусарско издание „Македонска нација” виде бел ден само два пати, бидејќи оние што го финансираат тоа издание согледаа дека џабе си фрлаат пари во ветар. Читателската публика на „Македонска нација” виде која е вистинска, а која лажна „Македонска нација” и таа ја помогна вистинската. Читателската публика не дозволи да биде измамена од гусарското издание, не го прифати и не му пружи никаква поддршка. Едновремено читателската публика и македонските патриоти покажаа голема солидарност со вистинското издание „Македонска нација” и му пружија уште поголема поддршка. Материјалната ситуација на вистинската „Македонска нација” во текот на 1975 година дури и се подобри, нејзините читатели ја помагаа поштедро бидејќи не сакаа оваа борбена национална трибина да биде задушена.

Ставре Џиков
Александар Џиков

http://biznis24.com.mk/node/7139


УДБаш убиец - сега “патриот“
А што ќе правите со УДБашите како познатиот УДБаш Иван Петрески-Џо, убиецот на секретарот на ДООМ, Метотија Шамбевски во ‘70-те во Минхен, Германија? Самиот Петрески ова убиство го имал потврдено во вид на закана против редакторот на весникот “Македонија“ од Мелбурн, Австралија, покојниот Панко Стамковски. Тогаш (‘80-те) удбашот Петрески беше испратен од неговата УДБа за да направи уште едно “добро“ за нивната им Југо/Србославија, односно да го попречи излегувањето од печат на именуваниот весник. Но овој пат намерата на УДБАшите не им успеа, а тогаш, од страна на локални поединци имало и безуспешен обид за негова ликвидација. Сега Петрески пркоси со “Матицата“. Незамисливо апсурдна иронија. За жал вакви “македонски“ случаи ги имаме во недоброј.
28.09.2010 | You liked this. (14)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?...64F996E6A43F7D

For fair use only.

Last edited by indigen; 11-25-2010 at 04:10 AM.
indigen is offline   Reply With Quote
Old 02-10-2011, 02:13 AM   #9
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default

Quote:
Originally Posted by Prolet View Post
Indigen, On the video footage i posted earlier about the 20th VMRO birthday, Ljubco Georgievski on A2 stated that Dragi Bogdanovski was heavily influenced by UDBA, he also labeled him a Bugarofil because according to Ljubco he has very close ties to MPO.
Зошто беше сменет Драган Богдановски?

Ицо Најдоски, Мелбурн

Точно дваесет години се крие вистината за елиминирањето на Драган Богдановски од претседател на Македонскиот задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, познато е дека Драган Богдановски е основоположникот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а за таа цел платил со својот живот. Лежеше в затвор единаесет години, а беше осуден поради неговите слободарски идеали за обединета Македонија.

Повод за да ја започнеме истрагата за вистина за Драган Богдановски не е дека не сме знаеле, туку изјавите на Мане Јаковлевски за Утрински весник во фељтонот Дали Удба е нашата судба, каде што изјавува дека со години бил следен од УДБА поради неговите патриотски активности во Германија, а притоа никогаш не бил притворен или малтретиран!? Потоа боде очи на секој чесен Македонец записникот на Македонскиот задграничен комитет (МЗК) одржан на 5 и 6 јануари 1992 година на кој состанок Драган Богдановски е сменет од претседател на Комитетот. Во точка 3. пишува дека Богдановски се менува поради навреди на лидерот Љубчо Георгиевски за соработка со бугарските власти и со пробугарската МПО од САД и од Канада.

Во отсуство на Драган Богдановски, присутните делегати едногласно го менуваат идеологот на македонското движење во дијаспората, а на неговиот место седнува неговиот долгогодишен соработник и војвода Мане Јаковлевски. Тоа го прави без да има ни малку грижа на совеста и продолжува до ден денешен да го држи во тајност слободарското и промакедонско движење на Драган Богдановски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2...4D46E78EC578C2
indigen is offline   Reply With Quote
Old 02-10-2011, 02:23 AM   #10
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default

Мане Јаковлевски го отстрани Драган Богдановски од ВМРО-ДПМНЕ!

Ицо Најдовски

Вистината секогаш била победник, иако доаѓа на виделина многу подоцна. Откако Мане Јаковлевски се претстави самиот како „жртва на УДБА“ во фељтонот „Дали УДБА е нашата судба“, во јавноста се појавија искрени реакции дека за такво нешто не може да стане збор затоа што Мане Јаковлевски додека живеел во Германија, редовно уредно влегувал и излегувал од Југославија. Реакциите се поради Драган Богдановски, идеолог на Македонското национално движење на дијаспората и основоположник на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кој намерно беше заобиколен од страна на Мане Јаковлевски за да не се прикаже неговата заслуга и работа што ја наплати со казна затвор од 13 години, од кои одлежа 11 во Идризово.

Драган Богдановски како идеолог и основоположник на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година, кога без негово знаење беше елиминиран на вториот состанок на Македонскиот задграничен комитет одржан во Хамбург на 4 и на 5 јануари, до денес не се спомнува неговиот труд и придонес кон формирањето на партијата. Напротив, Драган е сместен во категоријата на лица, како што беше ликот на Методија Андонов-Ченто.

Македонската радиопрограма „Трипл зет“ направи серија интервјуа со лица што беа присутни на состанокот во Хамбург, меѓу кои и Драги Богоевски од Хановер, кои потврдија дека смената на Богдановски дошла без да знаат присутните на состанокот. Записникот од 4 и од 5 јануари бил фалсификат. Во тој оригинален записник се вели дека Драган Богдановски се елиминира од Македонскиот задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ поради неговите неосновани јавни обвинувања на сметка на Љубчо Георгиевски во весникот „Нова Македонија“. Во нив се тврди дека Георгиевски соработувал со Бугарија и со пробугарското МПО од САД и од Канада. За овие навреди упатени кон Љубчо Георгиевски, казната го стигна Богдановски и без да знае, бил заменет од функцијата претседател, а на негово место седнува неговиот „долгогодишен“ соработник Мане Јаковлевски.

Овој чин е предавство од страна на Мане Јаковлевски, тврдат искрените соработници на Драган, како што се Богоја Ѓоревски од Шведска, Борис Папучковски од САД, Драги Богоевски од Хановер и други.

Според нив, Мане успешно кокетирал и соработувал со УДБА, го пребродил Драган и се залепил до Љубчо Георгиевски. Со Георгиевски соработува цели десет години и се стекнува со големи материјални и политички привилегии, како што е Олимписко село во Скопје. По исцрпената работа со Љубчо, Мане Јаковлевски стана претседател на друштвото „Брат Љубе Бошковски“ цели пет години, користејќи ги сите привилегии додека Бошковски е во хашкиот затвор. Откако Бошковски излезе од затвор и се поведе политичка хајка против него, за Мане, Брат Љубе стана Сестра Љубе, кодош и предавник.

Да не ја должиме многу, сепак, целта на овој текст е да се сврти вниманието на Македонците за успешното кокетирање и соработување со УДБА, Драган Богдановски, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Јохан Тарчуловски и сега со премиерот Никола Груевски. Толку ли е способен Мане Јаковлевски да биде победник над сите гореспоменати лица и само тој да остане „патриот“, а сите тие да станат предавници? Нели тој истиот Мане Јаковлевски соработувал со предавници, а останал чесен Македонец?

Поранешните членови на ВМРО-ДПМНЕ имаат иницијатива да формираат Унија на ветераните на партијата и тврдат дека Мане Јаковлевски им стои на патот и не дозволува таа да се формира. Зошто? Потоа соработниците на Драган Богдановски од дијаспората и од Македонија преку брановите на Македонската радиопрограма бараат итна рехабилитација на Драган Богдановски и да му се додели заслужното место во историјата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4...91084235356CCD

For fair use only.
indigen is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump