Историчарот Никола Жежов тврди дека Балканските војни и Кумановската битка значат тројна окупација" додека неговиот српски колега Александар Растовиќ од Белград смета дека Со кумановската битка од 1912 и со победата што ја извојувала српската војска отворен е патот за ослободување на Вардарска Македонија од турската власт".
Со ова не се согласува професорот Владо Поповски кој вели дека
Балканските војни и Кумановската битка се војни кои ја распарчиле Македонија и вовеле туѓинска власт во трите делови за да ја уништат Македонија односно идејата за нејзина автономија".
Во нашите учебници по историја нема ни збор за Кумановската битка, оти не донела слобода. Во воениот музеј во Србија, Кумановската битка е овековечена како симбол на голема победа. Македонија во годините пред Балканските војни била окупирана од Турција, но врз себе го чувствувала и српското, бугарското и грчкото влијание. Македонските револуционери биле поделени меѓу себе, но според историчарите, и Сандански и групата на Чуповски и приврзаниците на Тодор Александров имале иста цел -- автономија на Македонија.
Професорот Владо Поповски вели дека македонските четнички единици биле во раскол но мислеле дека ќе се војува за македонската автономија. Неговиот колега историчарот Никола Жежов пак смета дека македонските револуционери биле поделени на две групации, едните биле следбеници на идеите на Чуповски другите на Александров.
Сепак автономија на Македонија била пуста желба, бидејќи само за изговарање на зборот Македонија, некои луѓе плаќале со живот.
По Балканските војни почнале тешки денови за Македонија, кои траат и до ден денес. Име, јазик, националност. И 100 години подоцна, Македонија е заглавена во минатото.
КОД ги открива контроверзите на минатото кои се рефлектираат во сегашноста. Што значеше прославата на Зебрњак за македонскиот народ? Дали е возможно да се поместат од мртвата точка Нишкиот договор" разговорите меѓу МПЦ и СПЦ
Балканските војни и окупацијата на Македонија - YouTube

Comment