Државата ќе го враќа чувството на патриот

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Државата ќе го враќа чувството на патриот

    Кога настанале старата македонска држава, Самоиловата држава, Внатрешната македонска револуционерна организација, Крушевската Република. Ова е само дел од лекциите што од оваа година почнаа да ги изучуваат шестоодделенците по новиот изборен предмет Нашата татковина. Од понудените девет изборни предмети што се воведени во шесто, седмо и осмо одделение, во 40 отсто од основните училишта во земјава децата го избрале токму овој предмет. Предметот Нашата татковина е воведен зашто надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО) оцениле дека граѓаните малку знаат за историјата на сопствената држава.

    - Главната идеја е да се поттикне чувството на патриотизам кај децата, како и чувството на лојалност и припадност кон татковината. Во учебниците нема доволно материјал за македонската историја, па затоа се појави потребата да се издвои предмет во кој ќе се содржи сè што е значајно за државата - вели Митко Чешларов, раководител на секторот за наставни планови и програми во Бирото.

    Според него, преку новиот предмет ќе се зајакне чувството на припадност и кај учениците-Албанци, кај Турците, Власите, Ромите.

    - Ова е и нивна татковина. Во проектите што учениците ќе ги прават заедно со нивните наставници, тие ќе впишуваат имиња на личности што придонеле за Македонија - додава Чешларов.

    Нашата татковина е само еден од седумте нови изборни предмети што ги имаат шестоодделенците од оваа година. Тие избираа меѓу предметите Класичната култура во европската цивилизација, Проекти од информатиката, Проекти од ликовната и музичката уметност, Танци и народни ора, Истражување за родниот крај, Унапредување со здравјето, Вештини за живеење.

    Историчарите велат дека е одлично што конечно клучните податоци за историјата на Македонија се систематизирале во еден предмет.

    - Во период кога нè негираат од сите страни, добро е да се натераат децата да учат повеќе за сопствената земја. Кога доаѓаат во средно образование, тие не знаат клучни податоци за Македонија, на пример, што е АСНОМ и кога се одржало. Она што најмногу загрижува е тоа што 90 отсто од нив имале петки по историја во основно - вели Радослав Димовски, професор по историја во средното економско училиште „Гостивар“ во овој град.

    Во средното стручно образование, учениците во прва година учат општа историја, а во втора година изучуваат национална историја и историја на Македонија. Гимназијалците, историја учат сите четири години, но според професорите, малку е она што го има за Македонија во учебниците.

    Новиот предмет, освен теми за историјата на Македонија, содржи и теми за тоа како е организирана државата, за културно-историските знаменитости во земјата, за националните и природните богатства, а има посебна тема и за главниот град. Учебници за изборните предмети нема да има, а наставниците ќе користат прирачници.

    После секоја тема, учениците треба да изработуваат проекти, посетуваат музеи во градот во кој живеат, треба да прават историски албуми и хронолошки ленти во кои ќе ги впишуваат важните историски настани за земјата.


    but this is only the first step in right direction...I really hope that the pupils will be also taught in ancient history and I dont mean this communism garbage !
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X