Ar-Macedon (Earth Macedonian)

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • The LION will ROAR
    Senior Member
    • Jan 2009
    • 3231

    Ar-Macedon (Earth Macedonian)

    Ar-Macedon (Earth Macedonian)

    Ар-Македон (Земјата Македонска) Останати вести

    Албанците - грчки џокер за името на Македонија
    Скопје изгледа драматично лошо

    Печати | Прати ја страницата | Врати се назад

    А мојата возбуда се чини ќе трае додека се вратам од Македонија. И една од главните изреки што ќе ја повторувам ќе биде: „Бев во Катена Мунди, срцето на светот, таму каде што се среќаваат сите светови и место од каде што води излезот од универзалната осаменост“ - Лу Јуан - Кина
    Денес, во оваа земја, можеш да си безгрижен старец, еднаш Бугарин, еднаш Југословен, ама секогаш комунист, можеш да газиш врз неископани антички градови и коски, да велиш „туѓи се, не се наши, ние сме отаде Карпати“, можеш слободно да ги помагаш оние што сакаат да те снема, можеш со чиста совест да го исмеваш своето, да се правиш историчар, а тоа да не си, можеш и пред смртта да бидеш дел од оние што сакаат да те укинат за навек... Да, можеш, ама никако не смееш да му веруваш на Хеленот од Атина, Демостен филозофот, кој кажал дека Македонците не се и не можат да бидат Грци. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

    Денес, во оваа земја, можеш да си угостен странец, среде Охрид куќа да имаш, можеш ако сакаш и по крстот на Водици да скокаш, дур еден фрлаат за сите, а друг само за тебе, можеш слободно, без да те чуваат луѓе, да се гостиш со демиркапијско вино и беровско сирење среде вевчанскиот мир, можеш ако сакаш, навиен со бриселски клуч, без грижа на совест, да им одбројуваш на оние што те гостат, да плукаш врз нивната љубов кон својата земја, да ги тераш да се откажат од себе оние што ги отвориле портите на својата душа за тебе... Да, можеш, ама никако не смееш, како странецот што смее, да имаш право на избор, право на глас. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

    Денес, во оваа земја, можеш да си Власт, да те изберат тука, за да се тресеш пред оние надвор, можеш да им забраниш на пушачите да пушат, онаму кајшто логично се пуши, да им забраниш на пијачите да пијат после седум, она што по традиција го прават, можеш своите околу себе, на сила да ги правиш она што не се, да удриш по логиката и традицијата, да ги осиромашиш кафеанџиите и дуќанџиите, можеш ако сакаш да удриш по мртвите и сакатите што ја бранеле својата земја, за да им дадеш на оние што пукале по твојата земја... Да, можеш, ама никако не смееш, во Австралија на своите да им кажеш дека тука живеат обединети, зашто ќе вреснат соседите, ќе онанираат медиумите и би те ликвидирале физички, би те убиле политички. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

    Денес, во оваа земја, може да си бил Власт, да си го довел својот народ до питачки стап, понижувајќи го, исмејувајќи го, за сметка на сопственото богатење и живеење сред баханалии во посткомунистичка медиокритетска декаденција, може да си продал сé, име, држава, знаме, за 30 сребреници на оние што му спремаат погреб на твојот народ, може да си бил Власт, за сега да бидеш поразен, ама можеш да продолжиш да работиш за „туѓи бели дворови“, да продолжиш да носиш ароганција на своето лице кога другите работат подобро од тебе, да глумиш авангарда, а немаш ни култура, да ги исмеваш успесите, да се радуваш на поразите на твојата земја, можеш да плачеш по петокраката од Јајце, дур прифаќаш да ти ја обезличат татковината... Да, можеш, ама не смееш да застанеш на страната на своите, зашто си прифатил да им слугуваш на другите. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

    Денес, во оваа земја, можеш да бидеш горд Албанец што учи мајчин јазик, да го гледаш знамето со кое се поистоветуваш закачено покрај државното, на секој празник, можеш ако сакаш и да бараш од мнозинството да се обезличи за сметка на твојата удобност, можеш да бидеш и Ром по Устав, да те признаваат за човек со култура и душа за разлика од светот каде тоа го немаш, можеш да бидеш Турчин, Бошњак, Србин, Марсовец или Еским, да бидеш она што чувствуваш дека си... Да, можеш, ама никако не смееш, да застанеш, рамо до рамо со сограѓаните, етнички различни од тебе и како што тие ти признале нација и јазик и ти да им помогнеш пред светот, да го одбранат она што се. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

    Денес, во оваа земја, можеш да бидеш гласен, да врескаш против сите вековни вредности, за сметка на туѓите хонорари, да патиш по она што го немаш, зашто не знаеш како да се радуваш на она што го имаш, можеш да бидеш новинар, да ја извртуваш суштината, за да им ја згадиш на луѓето вистината, да лажеш дека живееш сред диктатура во која ете, сосем случајно, ти дозволуваат да пишуваш за таа диктатура, можеш да бидеш експерт за сé и сешто, „невладин“ фактор финансиран од тајни служби на туѓи влади, можеш да плукаш по знамето на својата земја, да вршиш нужда врз идентитетот на својот народ, да му го мразиш јазикот и писмото, да му го поганиш минатото, да ги убиеш сеќавањата за мртвите херои од историјата, можеш да убедуваш дека на оваа земја не и треба култура, споменици и театри, можеш да креваш паника за да ги исплашиш неодлучните, за да ги натераш да прифатат ликвидација, откако ќе бидат ликвидирани одлучните... Да, можеш, ама никако не смееш да мислиш поинаку, да се спротивставиш на тираните, за да си ги зачуваш корените. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

    Денес, на оваа планета, колонистите што ги истребија Индијанците можат да имаат своја Америка, крстоносците што тргнаа да ги уништат муслиманите можат да имаат своја Британија, оние што некогаш ги масакрираа Алжирците можат да имаат своја Франција, тие што живееја во времето на нацистите, добија шанса за своја Германија, а на оние што направија геноцид врз Македонците им измислија Грција... Денес, сите можат да имаат сé, само ние, Македонија, НЕ.

    Авторот е уметник

    Автор: Александар Русјаков
    ________________________________
    Google translator
    The Macedonians originates it, the Bulgarians imitate it and the Greeks exploit it!
Working...
X