Open Letter from the Macedonian People in Australia

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    Open Letter from the Macedonian People in Australia

    ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АВСТРАЛИЈА



    ДО Претседателот на Македонија, Господин Ѓорѓе Иванов ,Владата на Македонија, Премиерот на Македонија, Господин, Никола Груевски ,Министерство за Надворешни Работи на Македонија ,Опозицијата и сите политички партии во Македонија ,Сите македонски медиуми и јавноста во Македонија

    25.11.2009Македонскиот народ во Австралија,кој потекнува од сите делови на Македонија уште еднаш Ве потсетува и Ви се обраќа со краен, дефинитивен став во врска со моментната ситуација за така нареченото ‘изнаоѓање на решение за името‘

    Ве потсетуваме Дека ,Името на нашата држава е Македонија, името на нашиот јазик етнички, културен и национален идентитет е македонски и НИКОЈ нема право да преговара за нивно менување а уште помалку да ги менува!!! Со името Македонија се гордеат и идентификуваат како народ, милиони Македонци во и надвор од Македонија. Да го сочуваме заветот од нашите претци и ние денес и да го оставиме на наредните поколенија за вечно да постои Македонија како држава со посебен идентитет, јазик, обичаи , и култура.

    Бара од Македонија итно и крајно прекинување на апсурдните "преговори за промена на името, со јужниот геноциден сосед!

    Бара од Македонија итно да побара од Меѓународниот Суд на Правдата советодавно мислење за правичноста на Резолуција 47/225 (1993) на Генералното Собрание на Обединетите Нации и Резолуција 817(1993) на советот за безбедност на обединетите нации, кое ќе му овозможи понатамошно членство на Македонија во Обединетите Нации под името Република Македонија. без суфикси и префикси со што би дошло до губење на националниот идентитет на многувековниот македонски народ. Да заземе конечно цврст став во одбрана на уставното име, одбрана на нашите национални белези, одбрана на територијалниот суверенитет,заштита на се што е македонско, без натамошни дискриминации, и геноцидна тортура од страна на јужниот сосед над македонскиот народ.

    Да се изготви стратегија за излез од оваа ситуација на барање ‘итно решение за промена на името‘ во спротивно тоа би било финален удар на Македонската држава и крај на постоењето на еден библиски народ – македонскиот.

    Да бара зачленување во Европската унија и ООН без условувања, без уцени, туку како земја под името

    Македонија Ја поттикнува Владата на Македонија да иницира ревизија на Букурешкиот Договор од 1912-13 година и да ги мобилизира сите расположливи средства во оваа насока и во пожестока офанзивна одбрана на името, територијалниот интегритет и достоинството на Македонија и името на нашиот јазик, етнички, културен и национален идентитет човековите права на Македонците во соседните држави!

    Ја предупредуваме Опозицијата во Македонија итно да прекине со притисоците врз Владата на Македонија за да се дојде до "компромис‘ со јужниот геноциден сосед и туркање на Македонија во ситуација да конечно се обезличи т.е изгуби својот идентитет во замена за членство во ЕУ и НАТО. Ги повикува да го задржат барем малку своето достоинство и да се однесуваат прво барем како горди Македонци а не како политичка опозиција жедна за власта во Македонија по секоја цена!

    Ја предупредува Македонија дека доколку се дојде до било каков договор за промена на името на Македонија или нашиот јазик, етнички, културен или национален идентитет, Македонците во Австралија ќе се соочат со тешки последици при што ќе резулитра до -а. Прекин на секаква соработка, контакти со сите македонски државни институции, вклучувајќи ги Амбасадата и конзуларните претставништва во Австралија кои не би ја претставувале земјата од каде ние доаѓаме, Македонија.

    б..Ќе ја бојкотираат Македонија во сите сфери (бизнис, економија, култура, меѓусебна соработка, посети, итн)! И ќе се престане со понатамошно лобирање за и во име на Македонија насекаде во светот каде живеат и работаат Македонци.

    в. Ќе ја тужат Македонија, јужниот геноциден сосед и сите други страни кои сметаме за потребно, за прекршување на сите релевантни домашни и меѓународни закони!

    г. Ќе има масовни немири и протести од страна на македонската дијаспора како последица од разочараноста доколку дојде до било какво менување на нашето библиско име.

    Овие пораки од македонскиот народ во Австралија се испратени преку Координативното тело за организирање на протестот "

    Македонија! Македонци! Засекогаш!„ (одржан на 24ти мај 2008 година) на кој присуствуваа над 40,000 Македонци.

    Македонското име – посвето од се!

    Со почит

    Координативно тело на ‘Македонија ,Македонци Засекогаш‘
    Секретар

    Гордана Димовска


    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Working...
X