Текстот може да се смени, химната не

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • lavce pelagonski
    Senior Member
    • Nov 2009
    • 1993

    Текстот може да се смени, химната не

    Текстуално адаптирање на стара химна за овој државен симбол повеќе да одговара на социолошките и на политичките состојби во државата е светска тенденција. Тоа се прави бидејќи химната како еден од трите основни државни симболи (заедно со грбот и со знамето) е темел на државотворноста на секоја земја и треба да трае што подолго




    Соодветни измени на актуелната државна химна „Денес над Македонија“ ќе бидат доволни за да се задоволат барањата на Албанците за мултиетнички карактер во државните симболи, велат историчари, музичари и поранешни министри за култура. Нема потреба од нова државна химна или од создавање композиција без текст како компромисно решение меѓу различните етнички заедници, велат тие. Препорачуваат само да се осовремени текстот на „Денес над Македонија“, кој и онака во неколку наврати во текот на изминатиот век претрпел промени.

    Можноста за нова државна химна ја скокотка јавноста откако Министерството за култура во забрзана процедура, која не траеше ни цел месец, распиша конкурс за пригодна композиција за одбележување на 20-годишнината од независноста на државата. Свечената пригодна песна има потенцијал по извесно време да стане нова химна, имајќи ги предвид критериумите на конкурсот за композицијата, кои бараат свечена песна со македонска мелоритмика и со пригоден текст што ќе се однесува на државотворноста. Тоа се одлики на химна, велат познавачите.

    - Химните најчесто се во форма на марш, иако нема строги правила околу музичката форма што треба да ја поседуваат. Несомнено мора да имаат свечен тон што ќе одговара на државотворниот карактер - вели Ганка Цветанова, поранешна министерка за култура, музичарка и експерт по меѓуетнички односи.
    Дека пригодната песна, нарачана за 8 Септември, може да биде нова, па макар и неформална химна, дополнително говорат и најавите на надлежните дека таа ќе се интонира во повеќе државни пригоди, особено на секој 8 Септември, што е многу слично на постапката со која за државен симбол била воспоставена актуелната химна „Денес над Македонија“.

    Историските факти, опишани во сведоштвата на композиторот Тодор Скаловски во „Вечер“ во 1989 година, говорат дека актуелната химна станала тоа дури по пет децении, кога од пригодна партизанска песна во 1941 година во Струга била официјализирана како химна во 1989 година.

    Всушност, химната станала химна со институционална поддршка на тогашната власт, постојано изведувајќи ја на државните настани и прослави и истиснувајќи ја така првичната замисла за химна „Изгреј сонце на слободата“, која спонтано како популарна композиција во форма на марш со државотворни елементи била испеана од учесниците на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година.

    Осовременување и традиција

    Македонија во 1992 година, една година по осамостојувањето, ја прифати со одредени текстуални модификации старата химна „Денес над Македонија“. Сепак нема владина гарнитура во која не се отвора прашањето колку овој државен симбол одговара на условите. Двата владини партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ велат дека, иако двете партии посебно во одреден историски момент помислиле на промена на овој државен симбол, прашањето не било отворено на преговорите за составување на новата влада. Од ДУИ потврдуваат дека партијата на Али Ахмети останува на ставот од 2006 година дека актуелната химна не го изразува мултиетничкиот карактер на државата, воспоставен по 2001 година. Нејзиниот предлог е да се направи мелодија без текст.

    - Ова е држава на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност и тие треба да се идентификуваат со химната и нејзиниот текст, па би била прифатлива некаква текстуална измена за сите да ја почувствуваат химната како своја. Но создавање нова химна не е потребно. Актуелната химна е сосема во ред и, како и секоја друга химна, е симбол на опстојувањето на државата. Рамковниот договор од 2001 година не е создавање нова држава, па да бара и нови државни симболи, туку само континуитет на претходната македонска држава од 8 септември 1991 година, преку АСНОМ, традицијата од илинденскиот период итн. - вели Цветанова.

    Сличен став за некакво текстуално освежување на химната соопшти и Марјан Димитријевски, историчар од Институтот за национална историја.

    - Нацијата во одреден момент има потреба од осовременување, што подразбира и осовременување на симболите, со тоа што во нив традицијата ќе биде втемелена за да се задоволат потребите и идентификувањето на граѓаните. Сепак, актуелната химна сé уште функционира. Ако се тргне од нејзиното повикување на Крушевската Република, таа дури има и мултиетнички карактер. Се знае дека во Манифестот се споменати сите граѓани со различна етничка припадност - вели Димитријевски, кој работел на историските факти за „Денес над Македонија“.

    Текстот се менувал 10 пати

    Евентуалното текстуално приспособување на „Денес над Македонија“ не би било прво приспособување на политичките околности во државата. Химната, според одредени историски показатели, текстуално била адаптирана повеќе од десет пати. Првите промени се направени уште во 1940-тите години, наводно од самиот Владо Малески, кој фигурира како автор на химната (текст и музика). Постојат сведоштва на стружани дека Малевски, всушност, адаптирал народна песна.

    Следните измени се однесуваат на редоследот на строфите и на стиховите во нив. Многу пологичен е редоследот на стиховите и строфите во првичната верзија на химната од раните 1950-ти, ако се има предвид дека песната е напишана во 1941 година, кога војната сé уште почнувала. Така, во првата верзија, првата строфа говори за почеток на борбата, со тоа што кажува дека сите, без разлика на возраста и на родот, се кренале на борба, во втората строфа дека војната е во тек (соодветни стихови се „Македонците се борат“), третата строфа е стремежот за слободна Македонија, повикувајќи се на илинденските идеали (набројувањето на илнденците) и на крајот следува чинот на ослободувањето. Подоцна ваквиот редослед на стиховите е изменет и такви приспособувања се правени до 1992 година, кога текстот на химната е окончан со закон.

    Најинтересна измена е примената на стихот „Од гроб станаа славните ѕидари“, кој е заменет со стих со поинакво значење „Одново сега знамето се вее“. Терминот „ѕидари“ е синоним за „масони“. Поради политичките контроверзии околу Димитар Влахов, разбирливо е што е избришано неговото име. Останува нејасно, пак, зошто е избришано името на Никола Карев, кој бил претседател на Крушевската Република, спомената во текстот, а на негово место е вметнат револуционерот Даме Груев.

    Има измени и во самиот наслов на химната. Таа некаде се заведува како „Денес над Македонија се раѓа“, а некаде како „Денес над Македонија“.

    Како го прават тоа другите?
    Македонија не е осамена во измените и во адаптирањето на текстот на државната химна. Текстуални измени имаат направено сите бившојугословенски републики при преземањето на старите химни во СФРЈ, а потоа и кога стануваат независни држави, бришејќи или додавајќи зборови соодветно на политичката состојба.

    Србија

    Во српската химна „Боже правде“, на пример, напишана во 1872 година, првично постоел стихот „Господ да го чува принцот Милан“, кој подоцна соодветно на промената на титулата на државникот бил сменет во „Господ да го чува кралот Милан“. Подоцна се додадени и другите два српски владетели Петар и Александар. За време на СФРЈ бил користен само дел од текстот што немал кралски обележја, а по осамостојувањето зборовите „српските кралеви“ се заменети со зборовите „српската држава“.

    Чешка

    Текстуални адаптирања има и во химната на Чешка, по распадот на Чехословачка. „Каде е мојот дом“ е дел од театарската претстава „Фидловачка“, чија премиера била одржана во 1834 година во Прага. Текстот се состои од две строфи, од кои како химна се изведува само првата строфа, и тоа во изменет облик („чешка земја“ наместо „меѓу Чесите“). Во периодот 1918-1938 г. во употреба била и германската верзија на оваа химна, поради значителното германско малцинство во државата.

    Австрија

    Најнови измени во текстот има австриската химна, која е променета летово по барање на жените од сите политички партии во Австрија. Адаптација е направена во стихот „ти си земја на своите синови“ со тоа што се додава „и ќерки“ поради родова рамноправност. По оваа логика Македонија треба да ги врати назад стиховите „Старо, младо, машко и женско на нозе се кренало!“.

    БиХ

    Босанската химна е една од ретките државни химни во светот што имаат само мелодија, без текст. Таа е типичен пример за постконфликтно решавање на државните симболи со меѓуетнички компромиси. Всушност, композицијата што како државен симбол сложената федерација ја прифати во 1999 година, по Дејтонскиот мировен договор, има и текстуална форма, но таа никако не се прифаќа. Проблемот во текстот е што не се набројуваат државотворните народи на Босна и Херцеговина, туку текстот е напишан во прво лице множина (ние, наша, нам...), за на крајот да констатира „твоите поколенија кажуваат едно: во иднина продолжуваме заедно“, што на политичките лидери на Босанците, Хрватите и Србите не им изгледа доволно за да се истакне фактот дека во државата живеат различни народи.

    Шпанија

    Бестекстуално решение поради етнички проблеми има и Шпанија.


    Химната мора да ја продолжува традицијата
    Текстуално адаптирање на стара химна за овој државен симбол повеќе да одговара на социолошките и политичките сосотојби во државата е светска тенденција. Тоа се прави бидејќи химната како еден од трите основни државни симболи (заедно со грбот и со знамето) е темел на државотворноста на секоја земја и треба да трае што подолго. Текстот во една композиција полесно се заборава, за разлика од мелодиската линија, која останува врежана во меморијата на граѓаните, велат музичките експерти.
    Според нив, секое интонирање на химната, дури и без текст, кај граѓаните веднаш буди асоцијации за државност и предизвикува идентификување со државата.
    „Денес над Македонија“ е релативно нова химна, создадена пред седумдесет години. Дури и во рамките на поранешна Југославија, Македонија најдолго останала без своја химна. Историчарите сведочат дека на сојузно ниво на СФРЈ во врска со државните симболи бил даден налог само во однос на републичките грбови, додека во однос на химните било оставено да решаваат самите федерални единки. Наредбата била републичките грбови да бидат речиси истоветни со оној на СФРЈ, па затоа сите републики овој државен симбол го дефинирале уште во 1945 и 1946 година.
    Најголем дел од федералните единици за химната ги прифатиле старите решенија уште од времето на 19 век како свои интерни химни, а подоцна по распадот на Југославија тие станаа и нивни државни химни.
    Македонија последна донесе своја химна. „Денес над Македонија“ е напишана во 1941 година, а прифатена како химна дури во 1989 година.
    Сличен пример има и Словенија, но таа не создала нова химна, туку едноставно до 1989 година не носела химна, бидејќи старата композиција што ја користела пред СФРЈ не била политички соодветна (се работи за текст напишан од Франц Прешерн, кој неколку пати поради политичките услови бил цензуриран во делови или целосно). По осамостојувањето, Словенците си ја вратија старата химна како државна.
    Од југословенските републики, понова химна од македонската има единствено Босна и Херцеговина, која актуелната химна ја создаде и ја прифати за симбол по војната во 1999 година.

    1. Прва пронајдена верзија

    Денес над Македонија се раѓа,
    ново сонце на слободата!
    Старо младо машко и женско,
    на нозе се кренало!
    Старо младо машко и женско,
    на нозе се кренало!
    Горите македонски шумно пеат,
    нови песни, нови весници!
    Македонците се борат,
    за своите правдини!
    Македонците се борат,
    за своите правдини!
    Од гроб станаа славните ѕидари
    (во 1950-тите години сменето во:
    Одново сега знамето се вее)
    на Крушевската Република!
    Гоце Делчев, Питу Гули,
    Карев, Влахов, Сандански
    Гоце Делчев, Питу Гули,
    Карев, Влахов, Сандански
    Не плачи Македонијо мајко мила,
    Крени глава гордо високо,
    Македонија слободна,
    слободна ќе живее!
    Македонија слободна,
    слободна ќе живее!

    2. Меѓу првите изведби на химната од Васка Илиева

    Денес над Македонија се раѓа
    ново сонце на слободата
    старо младо машко и женско
    на нозе се кренало.
    (последните два стиха ќе бидат избришани)

    Горите македонски шумно пеат
    (во денешната верзија неформално ќе биде додадена како последна трета строфа)
    нови песни. нови весници
    Македонците се борат
    за својте правдини.

    Одново сега знамето се вее
    над Крушовската Република
    На Гоце Делчев, Питу Гули
    Карев, Влахов, Сандански.
    (подоцна Карев и Влахов мистериозно ќе исчезнат, а на нивно место ќе биде додаден Даме Груев)

    Не плачи Македонијо мајко мила
    крени глава гордо високо
    (овие два стиха подоцна сосема ќе бидат
    избришани)
    Македонија слободна
    слободна ќе живее.
    (подоцна последните два стиха ќе станат дел од втората строфа)

    3. 1989 г. текст со аранжман на Тодор Скаловски

    Денес над Македонија се раѓа
    ново сонце на слободата,
    Македонците се борат
    за својте правдини.

    Не тажи Македонијо мајко мила
    крени глава гордо високо
    Македонија слободна
    слободна ќе живее.

    Одново сега знамето се вее
    над Крушевската Република
    на Гоце Делчев, Питу Гули
    Даме Груев, Сандански.

    Горите македонски шумно пеат
    бојни песни, нови весници
    Македонија слободна
    слободно живее.

    4. Химна на Република Македонија од 1992 година впишана во законот

    Денес над Македонија се раѓа
    ново сонце на слободата
    Македонците се борат
    за својте правдини

    Одново сега знамето се вее
    над Крушевската Република
    на Гоце Делчев, Питу Гули
    Даме Груев, Сандански

    Горите македонски шумно пеат
    нови песни, нови весници
    Македонија слободна
    слободно живее!

    Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

    „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов
  • lavce pelagonski
    Senior Member
    • Nov 2009
    • 1993

    #2
    I would like your thoughts on this as this can be potentially harmful to us. I am sure the Albanians would like to add a verse about them (2001).

    I personally think it should be left alone, if anything Nikola Karev's name should be added.
    Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

    „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов

    Comment

    • George S.
      Senior Member
      • Aug 2009
      • 10116

      #3
      all we need is an objection to our anthem.The albanians will have a verse on how they beat us.Don't cry for me macedonia i got you all carved up.
      "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
      GOTSE DELCEV

      Comment

      Working...
      X